Имаме такви лидери и политичари затоа што на школо уште во 4 одделение знаат дека нивниот наставник е партиски вработен и дека ако на пример јас сум родител од партијата на власт можам да си го уценувам, да му викам пиши 5 на моето дете оти ќе те кодошам во партија па ќе леташ од работа. А на пример можеби моето дете нема појма и заслужува 1. И утре тоа мое дете ќе стане каков таков лидера можеби појма си нема од животот. Проблемот е во страшната партизација на образованието и образовниот кадар. Кога ќе има оглас нормален како на пример на сајт некој или на страната на училиштето, па кога ќе има критериуми за директори и вработувања тек тогаш ќе почнеме да имаме квалитетни наставници. Има и сега некои ама се погазени. Не знам како успеаја да дозволат до олку да бидат манипулирани. Еве, ако сакате пример, знам директорка на која партијата и ја купи лиценцата колку 1800евра? За после баш таа партија да ја шутне од тоа место и да ја манипулира. Ама кога ставаш глава в торба треба да мислиш на последици. Ништо лично, муабетов е за какви такви, деца, наставници, лидери пратеници итн.
А, кој е задолжен за писменост на децата? Не секој родител е со високо образование и во тек со Кембриџи и такви работи.
Секогаш нив родителите им се криви. А не знаат дека има родители кои работат по две работи, мајки што рмбаат трета смена и не се способни утредента да решаваат децимали и дропки. Среќа син ми имаше учителка од старото време. Жена пред пензија, сама кажуваше дека родителите во ова време колку и да сакаат не можат да се посветат на децата, бараше од нас барем 30 мин да им прегледаме домашни, знаеше дека родители има што работат и за викенди и многу работи сама се трудеше со секое дете да сработи. Таа заслужува покачување. Има и други како неа. Се трудам да ја гледам реалната слика, ама има такви арогантни кои не сакаат ич да се потрудат а да земаат плати. Нека си држат приватни часови нека работат на лето втора работа, ама многумина од нив не знаат колку тешко се заработува леб искрено. Имале факултети. Па секој втор има. И да, има родители кои едноставно не знаат да им објаснат на децата, не се сите учени. Ама тие, сакаат само дотерај се, појди на час 15 мин задоцнет, препишете од учебник п нека ви се думаат дома за тест и испрашување.
Пак се фаќаш за нив.Ти реков, иди стани пратеник за да ја имаш таа плата. Веќе презадолжена држава повторно се задолжи, а они напнуваат за покачување на плати и тоа газејќи го уставното право на образование. Море, само една чистка на лоши наставници е потребна.
Се согласувам со најголем дел од искажаното. Не е партизирано само образованието, цело општество е поделено, вклучувајќи и дел од приватниот сектор. Јас се вклучив во темата затоа што ми пречат тие генерализации. Добив само напади од повеќето тука зашто се водат од веќе стекнати мислења. Им пречи сме барале 18%, еве ги сега најавуваат штрајкови со барање од 30%. Таков народ сме си, ќе ги критикуваме сите сектори, ама нема ништо да направиме во врска со тоа. Јас најодоговорно си ја вршам мојата работа и не ми е срам да си барам повисока плата. Ако некому му пречи, не е мој проблем. За начинот на штрајк, така се штрајкува во ЕУ, а ние нели таму се стремиме.
Професориве ептен еу настроени може треба да отидат малце у еу да работат ама па таму децата поише и од нив знаат
Лидерот на СОНК, Јаким Неделков, денеска ги оквалификува како шпекулации информациите дека е потпишан договор со Владата и дека било поткупено раководството на синдикатот. „Вчера бевме во Владата и во изјава за медиумите кажавме дека разговаравме и дека останува на членството да се произнесе по предлозите. Од таа причина, сè уште се држат состаноци и се сондира мислењето на членството. И Синдикатот со 50 плус еден глас ќе одлучи за прифаќање или одбивање на понудата“, изјави Неделков пред насобраните членови на синдикатот додавајќи оти без никаква манипулација одлуките на членството ќе бидат јавни и транспарентни. По барање на членовите на СОНК, Неделков се согласи седницата Советот на Синдикатот да биде отворена, а според најавите таа треба да се одржи попладне со почеток во 16 часот. https://360stepeni.mk/foto-poradi-i...k-protestiraat-pred-sedishteto-na-sindikatot/
Да не мислеше: Такви сме ние наставниците, ќе критикуваме секого за мали плати, ама нема ништо да направиме за да зслужиме повеќе. Не а?
Кога ќе се знае дефинитивно, на полноќ? Има деца што се низ други градови на чување и неизвесно е дали треба да се вратат дома или не. Утре истиве овие наставници може пак да им стават неоправдани ако не се појават на школо, оти така им било кажано.
Или во петок ќе дадат домашна која ЈАС да седнам неможам да ја напишам. Тоа со домашната ни го сторија два пати кога беа во изолација.Петок попладне, сабота со мали паузи и недела исто -пишувавме домашна. Тоа се деца и тоа мали !!
Од 16:00 седница ќе има СОНК, за прес нема најава. Охрид, Ресен, Битола, Демир Хисар, Штип, Пробиштип, Куманово се меѓу општоните за кои сретнав податоци дека се против (со над 90%) предлогот на Владата и следствено против прекин на штрајкот
Пред 20 години разбрав дека и за чистачка во образование морало дебели партиски врски. Па ко ќе ги видев какви ,,капацитети,, се министри за образование, она што е најбитното за градење на идното општество, (тукуречи со лепенки на чевлите, јер не знаат врвки да врзат)... Да речеме дека случајно е така, дека толку нема способни луѓе за битни работи, треба да сме наивни. Намерна е оваа континуирана деструкција, тури слепци да го водат народот во провалија. Па освен што историја не се учело во еу (нема врска, од 3то, 4 то е посебен предмет), и биологија е анахрон предмет-лепота, креираме табула раза, пиши бриши експеримент. Кој ги креира образовните политики и зошто?
Баш сега на вести кажаа за Битола, Ресен, Демир Хисар од вкупно 38, 32 единици биле против предлогот.