Не бараат одеднаш, туку до 2024, а што требало да биде пред неколку години според колективниот договор кој владата не го испочитувала околу 10 години.
Точно во 19:00 заврши гласањето и излегоа резултатите. Вистински изборен (не)работен ден. Втор круг кога?
Ете штрајкот продолжува,браво за членството на СОНК што е единствено Но, таа единственост треба да се има и за други прашања,како на пример 1.катастрофалните матури и резултати од матура, 2.неписмените деца... 3 третманот на наставникот од некои деца и родители... Ама нејсе платата ќе реши сѐ децава може и дома да си седат. Укинете ги школите ич не ми требаат...дајте само плати за наставниците и тендери за директорите.
https://sitel.com.mk/protest-pred-s...Bo4eL-J51_kcUj91wBEfJkYSn3knE0-KaH8NmEPMdUb68 аздис!!!! Точка Идиоти
Јас сум искрено лута на Владата. Имаат начини како да го решат проблемов, ама не преземаат никаков реален чекор. Само зборат во празно. Тоа ми кажува, дека власта нема никаква контрола врз она што се случува во државава. Нема координиран систем на одговорности и права, нема соработка, власта е само про-форма. Тоа е вистинската слика за Македонија. Кој-како ќе му прдни, така можи да си прај. Резил сме.
Ќе биде, наредна недела пак ќе имаат средба. Зафатени се луѓето, еднаш неделно се среќаваат. Слушнавме сега 12,5% ќе била понудата. Шегата настрана, ама ако беа сериозни и се грижеа за децата, ќе преговараа секој ден од почетокот на штрајкот.
A da prestanete da strajkuvate, pa tie neka se dogovaraat proceduralno? Oti mozi uste 5 meseci ne ke mozat da se dogovorat. Ne planirate vaqda da cekame dotogas?
Каков начин? Јас, не би им дала ич покачување, ама... еве да сум во влада ќе им речам: Ние во моментов можеме да ви дадеме 10%, ако ви се малку, продолжете да штрајкувате. Ние ќе обезбедиме заменски наставници, а вам ќе ви се подмират само придонесите. Ова е ептен попустлив предлог, кој искрено не го заслужуваат, оти со уценувачи нема преговарање, туку треба да се уценат исто така. Сакаш да штрајкуваш, да кршиш правата на децата, отказ! Се кладам дека 90% ќе се вратат на работа
Не знам што да кажам. Синдикатот преговара веќе 12 години за истите прашања (без штрајк). Никој повеќе не верува на ветувања, не е проблем процентот за нас. Бараме писмена спогодба, не веруваме ниту на синдикатот, ниту на политичариве. Бараме потпишување на колективен договор и конкретни рокови за секое барање. Несериозни им се преговорите, се фатиле упорно за процентот. Целта им е да одолговлекуваат, да расте гневот на јавноста и притисокот врз нас, за на крај да го скршат штрајкот, а проблемите да останат.
Искрено после сѐ што прочитав на темава како став од просветните работници, мислам дека планот им е беспотребен, самите си го навлекувате гневот на јавноста.
Плус, гневот не е од сега. Одамна е, затоа и толку врева се крена меѓу народот. Ама... што знаеме ние, не манипулираат
Токму тоа ни го рекоа денеска, и од Влада и од синдикат. Чекаме заменски, а чекаме и да видиме од каде ќе најдат пари за плати и придонеси за заменските и плус за придонеси за штрајкувачите. Ако најдат пари, ќе се демантираат сами себе. А за отказот, седни читни си некој закон, нели сакаш во правна држава да живееш.
Па видовте денеска дека вчера ве изманипулираа медиумите. Се случи тоа што ви кажав дека ќе се случи. Вашиот гнев, а и нашиот, е кон системот како целина. Не е проблематична само нашава фела.