Вистина Јас пред штрајков баш имав убаво мислење за вашите колеги и за нивната стручност, посветеност, писменост, заложба итн... ама ова медиумиве и власта ми го свртеа паметот
https://www.fakulteti.mk/mobile/new...dnoto-obrazovanie-utre-se-otvoraat-gradinkite Е стварно ја претераа веќе, секогаш кога се прави договор се оди на двете страни да им одговара 50-50 да биде, не може секогаш двете страни да се задоволи кога бараш заеднички прифатлив компромис.. Ете им дадоа 12% покачување, а бараа 18%, требаше и со 9% да бидат задоволни и да искачаат на протести пред влада ако сакаат да протестираат, а не децата да трпат поради нив што не држат настава..
@draconis14 абе друже јас ти велам ич да не работите веќе... Што ќе му се замарате, седете си дома, вечен штрајк. Секако се е отидено, па уште за училиштата дали ќе работеле или не. Изнауживајте се, еднаш се живее, братче, еве со овие од кај изводите пивнете си кафенце в кафич!!!
Срамота и греота е ова што ни се случува. Од кај да ви ги најдат тие 18%??? Гледате ли колку пари планира да се задолжи Владата?Кој ќе ги враќа тие долгови? Ние,вие,народот. Абе приватниот сектор да рече дека не плаќа ништо во државава,кај ќе им биде крајот. Децата најмногу губат,свесни ли се? Сигурно повеќето наставници имаат свои деца,убаво ли им е да седат без образование?
Ц, нема да им тече додека штрајкуваат. Баш ме интересира колку ќе издржат откако ќе им стаса плата сега на први? А, ако им најдат заменски наставници и наставата продолжи, верувам никој од влада веќе нема да им преговара, па ќе бидат во вечен штрајк со плата 0 денари.
Демек во правна држава (држава во која важат закони), секој можен граѓанин знае право Во слободно време читаат закони таму, затоа им функционира државата.
Дап, системот од кој вие сте дел со кој најнепосреден контакт има целата јавност, секој еден човек. Што се чудите за гневот на народот, демек вие во целиот тој систем сте недолжни и светци? Демек само зошто сме гневни на политичарите на вас се истураме, или можеби, само можеби, стварно кон вас е гневот насочен за сите сваштарии за кои родителите досега молчеле, како неспособност на кадарот, изигравање богови, дискриминација на деца и не ретко малтретирање особено психичко над децата? Мора да сфатите, со оглед на тоа дека 90% од вашата фела не си ја врши работата, гневот е од таму. Да си ја вршевте работата, никому немаше да му е гајле дали сте дошле од партија, дали 3 саата работите и ќе добиевте и за плати поддршка.
Realno go tupat nastavnicive. Sega kade I'm dadoa 12 Posto Plata Sega baraat preku leb pogaca.Spored Mene e bezobrazluk. Vi vakva ekonomska kriza I vojni,lugje kade gledast od den za Denes. Gledast drzavata na sekoja strana e kade poprvo. AKO prodolzat da se glupiraat neka I'm skinat od plati. Treba malky solidarnost vo vakvi vreminja. Se utepaa kutrite od rabota.4 Casa efektivni drugoto kafinja.m
Озбилно? И јас бев за штрајков ама премногу е ова, што им е. Па професии што се позахтевни и со ризици не земаат толку.
Па нели секако преголеми беа платите, гледаш остануваат и од 26 000 плата да се тргне настрана. Ич не ми личи некој да се секира дека немало да пуштат плата
Факт е дека платите се мали, ама на повеќето во државава се. Значи општо стандрадот е низок, и за наставници, и за доктори, и за касиерки, и за се. Проблемот не е што се бара покачување, туку народот е бесен оти голем дел од наставниците буквално ништо не работат, упаѓаат со муабети, вие родители не си ги учите, шо има ние да ви ги учиме или чуваме децата итн. Убаво рекоа, барајте по учинок, ќе бидете поддржани.
Џабе дебатираме ние, некој ќе се пие кафе и не ги боли уво. Баш се слушнав со една другарка, наставничка и онака и е неа. Демек ок, сеедно.
Зато треба да запри. Дури капи, не ја поправат цефката, секни му ја скроз водата, да му пливат лајна в шоља, да видиш како одма ќе се договорат цела вертикала! Од искуство.
Ете гледаш, плата на први!? Ние плата на први не сме зеле никогаш, најрано 15ти ако имаме среќа. Да, и тоа е регулирано во Колективен договор, ама ниедна влада до сега не го почитува. Вие радувајте се дека нема да земеме плата, за тоа и не бидува најмногу како народ, за фаќање сеир. Баравте протест и еве закажавме за 4ти мај. Рековте ќе се придружите. Еве јас знам дека нема. Солидарни ние бевме досега, а вие никогаш не сте биле. Ми умреа 5 колеги за време на пандемијата во која ние нели не бевме изложени на ризик. Работеа во 2 смени колегите и никој денар не им плати. Владата на општината, општината на Владата и на крај, гратис работа цел ден. Ама, нашите животи не се битни, ние немаме деца. Само вашите се битни. Непријателот помеѓу народот не го барајте. Горд сум на моите колеги кои денеска положија тест за интелигенција, обид за изигрување од сите страни. Овде не коментираат, ама читаат. Не сакаат да губат време на дебатирање со вас. Јас па упорен ќе ви објаснувам. Поздрав колеги и продолжете со борбата!
Жално е ова вистина, ама онлајн работевте две години, ај бар за тоа будали не нѐ правете. Објасни ми како бевте најизложени, поизложени од другите кои редовно работеа цела пандемија? На работно место мислам. На трудот црн народ.