Знаеш како, прост народ силна држава. Ете на што сме кога сите се паметни и образовани. Нема кој да работи. 4 години е доволно за да се писмени. Потоа кој како. А и многу фајде што ќе видат од училиште... дотерани учителки како да се дами за придружба... само материјалистички ставови се програмираат.
Не е работата дека нема кој да работи. Дај услови какви што треба и ќе видиш дека и те како има кој да работи. Сигурно нема вложувајки толку труд,време и пари да се нафатам да работа за минималец и уште одозгора некој со 4 години средно што не знае 2 и 2 колку де ама дедо е не знам лој да дозволам да ме заебава.
Пари има, ама не за обичниот народ. Зошто не предлагаш кратење на трошоци за министри, пратеници, амбасадори и нивни влечки, непродуктивни тендери, неефикасни сектори преполнети со администрација? Да не си случајно еден или една од нив? Лесно е да викаш нека одат овци нека пасат. Ти ќе им скратиш на сопствените деца образование после 4то за да бидат фармери и зошто не? Срамота е да пропагираш кратење на образование во 21 век, освен ако не си некој поп или оџа па во интерес ти е населението да ти е што поглупо. Законски нема начин да наплатиш данок на некој кој заминал од земјава. Резиденти се луѓе кои живеат и се физички присутни во земјава, тука спаѓаат и државјани на други земји кои живеат и заработуваат од овде па државата има основ за наплата, како што имаат и други земји за резиденти на нивна територија. Исто така, не можеш ниту ти, ниту државата физички да држиш некој тука освен ако нема налог за апсење. Најверојатно си трол, ама барем научи нешто денес. Се прашувам дали тука исто така би тресел глупости доколку услов за да пишеш на форумов беше да си со вистинско име и презиме.
Во 4то одделение децата имаат 9-10 години. Како ќе одлучиш кое дете треба да продолжи да учи а кое треба да паси овци?
Иако стварно не е тема, не можам да се воздржам. Двојното оданочување е легално крадење, да, супер, да ѝ дадеме на државата уште еден механизам како да ни ги празни џебовите кои не ги полнела. За тоа што е заработено надвор, ќе мисли државата каде што е заработено, односно нема да мисли бидејќи на секој систем му одговара работник на црно, размисли зошто. На темава, покачување плата се бара кога ќе приложиш резултати. Со кои резултати ќе се фали образованието кај нас? Државно школување, приватни часови, и пак полуписмени. Не е дека може да се сокрие неработењето, сите сме дел од системот.
Леле жено ти ако знаеш шо збориш. Мозокот ми чури од цел пост ама реченицава. У Северна Кореја го нема ова. Едит. Туку мене ми е жал деца ако имаш и вака сметаш дека не мора у школо да идат или да не ни помислува да биде утре лекар, правник, хемичар, инженер, програмер уатевр. Овци ќе пасеш сине, доволно е.
И ова го имало како став ова се вика јавно мислење и репер...тешко на младите, колку сме имале мн било за нас како држава.
Па да ти кажам, може и пристапот е погрешен, во оваа држава и овчарите подобро поминуваат од инженерите https://akademik.mk/sudenje/bachilo/
И кој ќе дипломира во такви услови? Само децата на богатите. А кои се богати? Тие шо краделе. Многу паметна бе ти?
Затоа во Америка цел живот се со долгови и мака мачат да ги исплатат, и тоа ако си од средна класа, да не зборам ако си сиромашен, нема ни да се запишеш. Тебе ако ти е тоа добар пример, да можеш да си дозволиш студирање само ако одиш по линија на непотизам и милиони на сметка, малку запрашај се колку ти е забегано мислењето. Патем, баш се прашувам какви ќе бидат тие работници со четврто одделение, цела земја овчари ќе бидеме? Нормално и занает да работиш треба да си писмен, значи како што кажав, само овчари може да бидеме со твоите идеи.
Нашата ( која има 28 год) ни напиша во групата " утре по ликовно ни требаат кРомпири за печати" .Води второ одделение. И таа е просветен работник и штрајкува за повисока плата.
Срамота е да зборуваш за кратење на образование во 21-ви век. Знаеш ли што се случувало на овие простори кога писменоста била минимална? Според твоиве мислења изгледа дека не знаеш. Сети на нашиот стандард.Не ни е ко на големите држави.
Можр втората смена што ја кажува дека ја работеле неговите клеги биле на каса во маркет. Па од таму се заразиле. Не знам друфо објаснување , он лајн работеа.
Не беа сите само онлајн, во сите училишта имаше достапна настава за деца кои немаа можност да следат настава онлајн дома, и за помалите од прво кои имаа продолжен престој
Не значи тоа така како што си мислиш ти. Погрешно си разбрала. Ама без гајле, се уште имаш шанси за овчарство. Иначе што е со мислењава ко поема некоја да пишуваш?