Многу добро мислење браво. Значи ти сакаш луѓето да немаат право на збор? Да не го искажуваат својот револт? Да ќутат ако нешто не им се допаѓа?
Кога ќе ја земете Америка за пример значи ми се плаче. Не треба ни како во Америка да биде. Туку ти што работиш? Овчарка сигурно не си. Едит А здравството треба да е приватно?
Да изгор да биде, и ако одиш странство да се лечиш за поевтино, да те гонат и казни да плаќаш. Ќе ми се образовате и лечите вие, безобразни едни, никакви. Само строго, со четврто, со овците, и лечење со свинска маст.
Во светата Америка што ја спомна дотичната дијабетичари им умираат зашто со просечна плата не можат да си купат инсулин за цел месец. Не е без пари животот па и ти. Тек тука со приватизирање сите ќе испоцркаме.
Spoiler: Навредлив пост :) Со почит на исклучоците, ама во мое време нај слабите ученици одеа да студираат на педагошки. Сега незнам како е и незнам каков кадар излегува од таму.
Не е проблем какви ученици се запишуваат, проблем е во квалитетот на наставата на тој факултет. Не може прашање на педагошки да биде да кажеш која е најголема река во Македонија и со тоа да добиеш 10ка. Мора да се учат методи како да им се пренесува знаењето на учениците. Пред се, материјалот кои го пренесуваат треба да го знаат. Се уште има луѓе кои мислат дека точно е сваќа или незнам, неможам и други грешки. Како завршиле овие основно, прашање е.
И наставниците во основно и професорите во средно училиште не знаат литературен македонски јазик. Жално.
@fana ај препрочитај го ова, очигледно не го разбра. Ако сакаш да се вработиш во образование ти реков веќе, послушај ме, аплицирај на оглас во декември. Ако вработат некој кој нема завршено соодветно образование, јас ќе ти ја напишам претставката до ДПИ и до трудова. Ти гарантирам дека ќе се поништи огласот. Одвај чекам да ни се придружиш и да се вратиш овде да кажеш поинакво, или можеби да најдеш потврда на твоето мислење.
До другиве што рекоа дека работевме онлајн за време на пандемијата и што дури ни најлошото што може да го снајде еден човек, не ги спречува да плукаат по просветните работници: Првата година работевме онлајн, со исклучок на колеги кои работеа од 1-3 одд. и колеги кои беа во училишта со помалку од 100 ученици. Втората учебна година, а тоа е сегашната, е со физичко присуство. Кои две години сме работеле онлајн!? Во оваа учебна година се уште имаме деца кои одбираат да учат онлајн, па колегите се принудени да работат уште една смена. Ги лажеа дека ќе им платат и не им платија. Не сме само ние должни да бидеме солидарни. Како ни прави општеството така ќе му враќаме. Инаку, свесен сум дека пак ќе си пишувате по ваше, ама мислам треба да покажете малку почит, барем пред оние што изгубиле живот.
Многу си безобразен. Премногу, а посебно со вакви манипулации на жртви каде главен аргумент ти се починатите колеги. Бедно. Затворени беа училиштата, факултетите и градинките уште кога немавме ни 50 заболени. И друг пат преиспитај се кој е поголем манипулатор, вие или мас медиумите.
Еве јас нема да коригирам никого, се случуваат грешки (не мора да значи дека е од незнаење). Ама јас секогаш кога критикувам некого, поаѓам од себе. Погледнете прво кај себе дали вие сте безгрешни, па критикувајте. Не зборувам за тебе, ама гледам дека таргетираш кај кого ќе ги ловиш грешките. На другиве, само индиректно им посочуваш. Ако не размислуваме исто, тоа не значи дека сме непријатели, па нон-стоп да се напаѓаме.
Не очекувај почит, почит се стекнува само кога ќе ти дојде родител на 15 јуни, а си го молел цела година и си го предупредувал, детето попушта (или едноставно не му оди) со знаењето, а тој е глув цела година ама знае да дојде во јуни, силен матен. Е, тогаш не поправај оцени под притисок, повели тест ако знае детето стави 5ки со обете раце, се до тогаш, нема поправање, па нека се жали и погоре и подоле. Нашата сервилност ја премина границата на професионалност благодарение на "ќе одам погоре и тој погоре, пиши те молам да не ми досаѓа" ако е културен така ќе се обрати ако немаш среќа, налет. Доста беше од тоа, белки коренито ќе се сменат работите.
Јас ви докажав со аргументи дека медиумите ве/не манипулираат. За починатите колеги ви укажав затоа што гледам дека немате обѕир спрема нивната жртва само затоа што се просветари. Не знам дали забележа, ама имам и други аргументи во цитираното.
@draconis14 ај само ова одговори ми. Ако не успеете да предадете сѐ до 10ти јуни, ќе ги терате децата да идат после тоа?
Може јас да ти одговорам? Ова прашање да си го поставиш до Владата, до министерот бидејќи тие влечат и игнорираат за да имаат време да прават притисок и да го угушат штрајкот. Така што на тема тој треба да ти одговори, а не ние. Ние не бараме што не ни следува.