Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.240
    Допаѓања:
    27.870
    Дедо ми е еден од првите професори по македонски во земјава, од таа генерација на Блаже Конески. Буквално таа прва генерацоја учители оделе од село во село и го описменувале народот. Има основано и озградено од корен 3 основни училишта во Скопје. Има негови слики во сите од нив. Имал работен стаж од 40 години, а пензија земаше 17.500 мкд.
    Освен еден стан земен со тие кредитие од Југославија, не остави никакво наследство. Цел живот баба ми, многу паметна жена ама со завршено средно во Јосип Броз во Скопје земала х2 ос неговата плата како раководител на финансии во тогашно ЕСМ. Живееле од нејзината плата.

    Брат ми денес, е исто така професор, ама не по македонски. 12 години му стоеше дипломата на таван зошто не можеше да најде работа. По 12 години, откако се дообучи за програмер и работи freelance му се јавија од Завод со понуда за работа како професор во средно во Скопје. Дел од професорските места се дефицитарни, не е дека имаш математичари да бираш, или професори по латински, по информатика, по историја, по физика.
    Брат ми прифати и работи како професор. Мене ми е многу смешно, ама строг е. Во исто време го гласаат за најдобар професор во школо зошто неоптоварен за плата (си работи freelance) не попушта под закани и притисоци од родители, пишува реални оцени, ги вади од клупи децата да посетуваат места поврзани со предметот, им пушта видеа... веројатно дел од ова е резултат на растењето со дедо ми и неговата љубов кон просветата.

    На темата штрајк ми кажа дека не се меша. Не одговара пред никого за неговото вработување.
    Дека е политички, и тој ми потврди. Поранешни директори се сега организатори , а пред 10години не смееле да помислат на штрајк.

    Примерот со дедо ми е за да видите дека професорите секогаш земале мали плати, ама работеле многу посветено. Да, заслужуваат поголеми плати. Ама не штрајк по секоја цена, не на овој начин и не без прифаќање на 10% покажување.
     
    На theowndemon, Abel, Bebce1 и 26 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    @KuklickaSk
    Зборуваш за дедо ти во минато, претпоставувам сега е починат. Кога земаше 17 500 пензија? Кога минималните беа 8000? Или 4000? Пошто и такви пензии паметам.
     
    На Bebce1, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.765
    Допаѓања:
    41.731
    Пол:
    Машки
    Тие фаќања врски за оценки и насоката :*: "учи за да не работиш" :*:, се останати од претходниот систем на Југославија. Верувам дека доколку паметно сме го искористиле осамостојувањето тогаш и преку радикални реформи сме го оттргнеле тоа размислување, денес ќе бевме на едно сосема друго ниво.

    Чист пример е Естонија. Како што се осамостојуваат од СССР, по еден краток период на буквален мизерен живот во државата додека застанат на свои нозе, следи рапиден раст па скоро во секоја сфера од нивното општество. Денес, после 30 години од нивната самостојност, Естонија има еден од најдобрите образовни системи во Европа, па ако не и најдобар.

    Наставниците во Естонија имаат повисока плата од просечната, но сепак меѓу најмалите во Европа и светот. Тоа не е пречка истите да се посветени и да се грижат за развојот и образованието на децата на најразлични начини, иновативни, и да дошле до точка да направат образованието да биде ценето во целата земја!

    Сакам да кажам, (по)ниските плати не се оправдание за лошиот образовен систем.
     
    Последна измена: 17 април 2022
    На Abel, sweet-cherry, Idedemja и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Искрено не знам како е сега, во мое време уживаа баш голем статус во општеството, демек ако ти е професор не смееш да му писнеш, пошто знаеш дека ќе се изживљава на тебе. Башка за све нешто родители услуги им завршуваа што секако после наградено беше. И не е многу сменето, барем за школи знам, оди замери се нешто или буни и се кај наставник, со среќа на детето после. Тотално осакатени генерации, со погрешни вредности, затоа и сме на ова дереџе на кое сме. Трпи ќути менталитет.

    Од дедо ти што бил еден во 100те писмени луѓе во негово време, до учителки денес што не знаат предност на операции, дека множење пред собирање е (да, вистинска случка е), има голема разлика. Да се на ниво на задачата што ја имаат во општеството, да, треба да се платени. Но еве и на самава тема гледаме општо разочарување и на родителите, а и на тие кои некогаш биле ученици во кадарот. Сигурно не е случајно општото расположените на темата, и сигурно не е од љубомора ко што си мислат.
    Сите имаме во сеќавање добри учителки, наставнички или професори, ама зошто овие 90% да добијат автоматско покачување од 3000, кога овие 10% заслужуваат повеќе од тие 3000? Дури нема систем на казна/награда, никаков прогрес нема да има, не само во просвета, туку и било каде во државните фирми.
     
    На Harper, Bezimenka90, Idedemja и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.849
    Допаѓања:
    202.936
    Пол:
    Женски
    Факт е дека во образованието платите се ниски, особено во основни и средни училишта, а да не зборувам за градинките. И да, треба повисоки плати, ама не за сите.

    Чест на исклучоците што навистина се трудат и си ја работат работата со љубов и посветеност, ама сѐ друго треба или да се преквалификува или да замине, да го препушти местото на поспособните. Немаме квалитетно образование, факт, оти и ќоро и сакато се запишува на педагошки колку да заврши факултет. И партиски се вработуваат наместо тие што навистина вредат. За жал.
     
    На Harper, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.054
    Допаѓања:
    117.705
    Пол:
    Женски
    Нема шанси бе :|
     
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.737
    Пол:
    Женски
    По скратена програма ќе работат, кажа Јаким на прес денес.
     
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Буквално тестот го видов оценет :D
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.240
    Допаѓања:
    27.870
    Да, починат е. Во околината во која јас растев, неговите пријатели инжинери, ветеринари, архитекти и разно разни директори родени од 1925 до 1945 земаа х2 пензија од дедо ми. Во мои очи имале ист товар на создавање држава од 0. Ама исто како и сега, тие биле многу поплатени.
     
    На Annath, JuLleE и st-el им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    36.744
    Пол:
    Женски
    А Јаким што фактор е па да кажува? Нели министерство треба да реши тоа?
     
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.909
    Допаѓања:
    36.744
    Пол:
    Женски
    Не знам... свекор ми е електроинжинер, до пред 10тина години зимаше колку дедо ти. Сега му е над 20 илјади пензијата.
    Со полн стаж :!:
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Малку, да, за греота.
    Ти се молам. 17 500 земал кога зејтинот не бил ни 50 денари.
     
    На Harper, Bezimenka90, prashinka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.816
    Допаѓања:
    97.366
    Пол:
    Женски
    Уште е така.
    Ама ете ако им пречи да им фаќаат родители врски за наместо 3ка да пишат 5ка, нека се сетат само дали влегле со квалитет или со врски и нема да им пречи повеќе.
     
    На Bezimenka90, Annath и Celltica им се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.278
    Допаѓања:
    226.771
    Пол:
    Женски
    Јаким одамна го претера.
    Вемеро го диктира него, а за џебот колку му тежи не сакам ни да зборам.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.737
    Пол:
    Женски
    Не знам, веројатно поради притисокот и негодувањето наше за настава после 10 јуни изјави дека ќе се сработи програмата во збиена, скратена форма. Како ќе решат на крај, ќе видиме.
     
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.278
    Допаѓања:
    226.771
    Пол:
    Женски
    Од Владата велат и дека согласно законот за работни односи и Колективниот договор за основното, средното образование и за градинките , на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите.


    ај некој постручен од мене нека ми го преведе ова ..
     
    На KuklickaSk и Annath им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.156
    Допаѓања:
    258.120
    Не знаат.
    Професор по социологија пишува ОПШЕСТВО!!! На табла напишано.
    Да не вадам уште бисери, колку има.
     
    На Harper, sweet-cherry, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Нема плата на сметка
     
    На Annath, LiliBoz и JuLleE им се допаѓа ова.
  19. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.918
    Допаѓања:
    16.935
    Пол:
    Машки
    Ќе им се исплатат само придонесите, а плата нема да добијат.
     
    На Annath и LiliBoz им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.156
    Допаѓања:
    258.120
    Само придонеси, ќе минат само здравствено и пензиско, плата на сметка нема.
     
    На Harper, Annath, LiliBoz и 3 други им се допаѓа ова.