Реков јас кој е виновен веќе. Еве имаме протест на 4ти мај. Тогаш ќе пцуете кај им текнало на овие да протестираат баш денес. Знаеме ние со кого си имаме работа и дека нема да се убедиме. Ама знаеме и дека сме во право што си бараме да се почитува законот како сите други сектори што си бараат. Државата носи закони и самата не ги почитува. Еве и во матично не давале плата по закон.
А кај излегува оглас за во образование? Еве јас барав вработување и ми кажаа дека училиштето во септември си прави нешто како итна потреба демек, па со амин на партијата на власт во општината влегува на работа некој, оглас излегува во декември или март и изгледа само Господ може да го види. Баш ме интересира кај се тие огласи?
Огласите излегуваат во декември, во септември се вработува без оглас (3 месеци определено). Овде директорите ја користат таа можност за да вработат кандидат по своја желба. Во декември мора да распишат оглас во 2 дневни весници, еден на македонски, еден на албански јазик. Ако овој веќе вработениов нема соодветно образование, а се јави некој друг кој има завршено, не смее директоров да го вработи првиот.
Се учат. Се полагаат методики по сите предмети и тоа се едни од барем за мене најубавите предмети на факултетот. И мислам дека ги полагаат и веќе вработени наставници затоа што мора методики да знаеш. Е сега кој колку ги учи тоа е друго. Како викаат теорија без пракса е бескорисна, ама пракса без теорија е опасна. Жалното е што кај нас тие што се запишуваат завршуваат со врски и препишување тие се вработуваат и стануваат наставници. Моите колешки од факултет со 10просек работат во бутици а и многу се во странство веќе. Се согласувам дека треба да се сменат критериумите за запишување, во Финска најтешки биле Медицински и факултетот за наставници. Кај нас па и на медицина ако имаш врски и пари и ако немаш појма пак доктор ќе си. Тоа е.
Епа тука е цел проблем. Зошто да се вработува некој без оглас? За образование се работи, за работа со деца, јас и тестирања би вовела, значи уствари кај нас има еден куп наставници со несоодветно образование зашто на службен весник колку што знам ретко кој е претплатен, а на друго место кај го има не знам. Директорот е ставен од градоначалникот, а градоначалникот е ставен од партијата, ако немаш блиски луѓе до нив се е џабе. И доктор на науки да си. И затоа се случува ова што се случува!
Не е закон па во службен весник, обичен дневен весник е. Албанскиов е мислам Lajme, другите се менуваат. Обично го пуштаат за викенд, а во последно време гледам и по 3 дена трае за што помалку луѓе да го видат. Точно е тоа дека не е праведно, ама некој им го дал тоа право со закон. Вие мислите јас сакам неспособни колеги. Имам помогнато на многу со праќање на огласи и пишување претставки да се вработат, без врски, без партија. Лесно е кај оние што се дефицитарни, ако се бориш не можат да вработат несоодветен и да сакаат. Ако се откажеш и не пишеш претставка во случај на вработување на несоодветен (тоа сепак го прават некои директори), ќе си останеш без позицијата.
Аман!!! Директорот за место Одговорно лице во сектор маркетинг , огласот го распишува за 240 ЕКТС на факуктет за географија. Така да и да се пријави некој кој се образувал во Австрија на Универзитетот за маркетинг и менаџмемт ЏАБЕ му е.
Си имаш право на свое мислење. Дипломите во странство овде обично треба да се нострифицираат. Не ми кажувај за во образование, реков веќе дека ако соодветен се јавил на оглас нема шанси да остане несоодветниот на работа. Јас колку што знам за работа во училиште ретко се јавува некој што завршил во Австрија.
Огласите се објавуваат во петок,траат до недела. Кадарот е веќе пребиран во партијата,пронајден и веќе работи. Вработување на оглас само ако вработат тотално некој несоодветен физика да предава некој со физичко,инаку не се до толку глупи. Инаку штрајков е партиски. Вмро! Самите наставници и професори се плашат да не останат без плата месецов ама мора да штрајкуваат. Срамота за нивниот вработен просветен кадар. Еднаш да не се осмели некој да рече не. Само комплетен ресет,систематизација и тестирање на комплетен просветен кадар,па од септември да останат само оние кои вредат.
@supergirlmb ова што ти го кажувам е 100% веродостојно, не смее некој да распише оглас за наставник по географија, а да бара да има завршено економски. Немојте со вакви небулози.
Заборавиле на нас да ни кажат. Кај нас 100% (со исклучок на директорот) од вработените штрајкуваат. Да не мислите дека тука сите се од една партија.
Ова веќе смешно станува @draconis14 колку си исклучен од реалност. Т.е. не си ама нас не убедуваш не знам како од Јужна Африка да сме дојдени тука и да немаме врска што се дешава во државава. Па и дел од другиве, мислиш во други светови они се наставници, а ние не сме во ист свет. Јас разбирам секој да го брани своето, ама ова е смешно.
Не се небулози, сите кои сме отвориле дневни весници и онлајн страни за огласи, како и страната на АВРМ, сме сретнале такви огласи во кои наведениот услов за завршено образование нема врска со образованието потребно за работната позиција. Не е една област, мал милион се... и погоди што, сите се за јавен сектор, небитно здравство, образование, судство... you name it.
Јас зборувам за мојата област, еве отвори оглас и дај ми пример каде се бара наставник по одреден предмет, а не се бара соодветниот факултет. Не знам за другите сектори.
Со тебе нема што да дискутираме повеќе, не се сложивме во ништо. Ти си имаш свое мислење, јас мое. Секако, го почитувам твоето право на мислење.
Нема друг начин, тие сега не не есапат, а глумат "за децата за децата", а не па, да одиме со протести, ќе биде си искочиле да се прошетаат.
Извини малку лично ама дали предаваш физика, хемија и слично, пошто рече дефицитарен си? Инаку муабетот е не дека смее да распишат таков оглас, туку дека ги штимаат огласите како што им одговара за примен кандидат. А тоа значи дека ако јас аплицирам со магистратура, а тој некој примениот е со виша на пример ќе пишат во огласот потребно е две год образование, ова она итн. И секако тој ќе остане. Никој не вели дека така смеат, ама така прават. Вака по муабетиве што ги кажуваш ми личи дека си доста млад и уште немаш осетено некои работи...
Молам? Не. Секој има право да штрајкува, како што е пропишано со ЗАКОН и да НЕ ЗАГРОЗУВА туѓи интереси. Очилгдено, нешто не е во ред со правниот систем. Т. Е. Општо не е во ред со цела држава.