Лаги се, за жал лаги, во образование може да влезе и нестручен кадар како на пр. сега може заменски да примат и со 3год средно образование бидејќи ќе нема стручен кадар. По закон ако има стручен еден наставник,а не одбил да работи ќе се прими било кој, ама само под таков услов.
Постот не се однесуваше индиректно на некој. Ако сакав да посочам на нечии грешки, истото ќе го направев со цитирање на постот. Никој не е безгрешен. Но, во образование учител/ка не смеее да си дозволи грешки од наведениот тип. Всушност такви грешки не се оправдани за никого. Тоа е неписменост.
Читам со години партиски па, партиски. Ако некој знае како се примало уште во времето на Тито добро би било да пише, да не биде еве јас ве лажам, дали влегувале само со амин од партијата или како. Овде системот е таков, од оваа кожа во друга нема. Меѓутоа партија не ти работи, може да ти помогне ама да ти работи место тебе не. А уште полошо е примен на грбот на мама на тате, е, тогаш оди па, разбери се. Мене ме убедувале дека тоа било подобро, не ќе да е така.
Во Македонија важна е само партијата. Ако сакаш не се појавувај на работа и биди член во партија и нема да има никаков проблем.
Не е точно, тоа може да биде само по рамковен, никој друг, исклучок пратениците што не одеа 1.5год и земаа цела плата. Не знам од каде ви се идеиве ама не е така.
Работам повеќе од 10 години во просвета и имам видено доста работи. Со виша веќе никого не примаат, едноставно не постои таква можност. За магистратура според закон имаш предност, исто и за повисок просек. Нормално, за ова потешко ќе биде да се избориш, отколку кога е чиста работата, пр. некој педагошка го вработиле како наставник по физика. Јасно ми е дека се прават разни глупости при вработувањето, ама наше е да се бориме против ова. Еве пример, за секој предмет се бара соодветен факултет: https://www.najdirabota.com.mk/vacancy.aspx?vacancy=670683
Овде се пишува како од небо на друг се да му паѓа, како што ќе се намачиш во приватен сектор така и овде, нема разлика, приватен сектор сега е далеку подобар од под државна капа.
Како нема разлика меѓу приватно и државно? Во приватно нема кафе пиење и шетање до работа, недржење на часови и само да чекаш времето да помине за да си идеш. Пробај така во приватно да видиме колку време ќе бидеш на работа. Во државно е далеку полесно и помалку стресно. Затоа најголем дел сакаат државно. Да, и во државно ништо не се работи.
Не ми се верува колку ука бука кренавте зашто некој си бара покачување на плата?? Елементарно човеково право! Не знам зашто сте волку лично дирнати, како некој со трн во око да ви брцнал се понашате. Децата ќе останеле без учење, па децата не ви учат 30 години наназад, сега укапиравте!? Сами бираат да не учат, а наставник со инка знаење или со маѓично стапче не може да стави. До никого лично ова ама стварно сум разочарана какви се коментари испрочитав
Половина од тие тука што пишувате и нешто докажувате сте партиски вработени...иако не сте во образование..едноставно и за жал така функционира во нашава држава..освен приватниот сектор каде се бара знаење..а инаку голем дел од тие што штрајкуваат немаат само педагошка завршено..тука има луѓе што завршиле хемија, физика, англиски, македонски, биологија, дефектолози, педагози, психолози и разноразни кадри...и не се работи за тие 12 проценти за што го тупите цело време туку за достоинството на наставниот кадар што ве образувал вас, вашите деца или вашите внуци.
Знаеш што? Еве мене искрено не ме погаѓа толку у душа ако е партиски некој вработен или со врски. Има и партиски вработени ама солидно си ја вршат работата. Има и некои без овие ама за к не ги бива вака кажано. Тие што биле одлични во работата во мое образование ич не ми менувало како се вработиле, битно ми е каков впечаток оставиле при работата. За друго се работи. Неколку пати кажав и пак ќе повторам. Сум имала негативно искуство со неколку наставници. Сум видела према други како се однесуваат. И моето достоинство никој не го фермал зашто...која сум јас, обичен ученик нели? Прашање е колку од тие наставници сметаат дека ученик воопшто има достоинство. "Има да ќутиш" не е почит на достоинство.
Искрено, јас откако влегов во образование сфатив дека секој може да те врти како сака ако си незнајко. Ама ако си седнеш и си прочиташ закони, си ги научиш своите права и не се плашиш да се побуниш, сите ќе те заобиколуваат. Ако многу знаеш, многу и ќе работиш, а никој нема да те плати. Тоа е главна разлика од државно и приватно. Работам и приватно и знам, таму за се плус сработено си добивам соодветен надомест.
Те разбирам за тоа што сакаш да го кажеш ама такви личности со такво однесување секаде ги има..сигурно имаш и ти колеги што така се однесуваат...секакви не има..то не значи дека не треба да си го бараме правото наше...еве и тука се гледа колку се почитува наставникот и то е многу жално. Затоа што има прекрасни наставници кои заслужуваат многу повеќе. Штета што како СОНК немаме добар ПР за да на јавноста и се објасни за што се бориме и што сакаме да постигнеме. На никој мој колега не му е дојдено до тие 2 проценти по ни ги фрлија во лице..демек еве ви уште петстотки и радувајте се...
Така е. Нажалост нема кој на учениците да им каже кои им се правата, нема кој да им чува грб ако се пожалат од вас па затоа можете комотно да ги вртите на мал прст и никој да не ви зуцне.
Не си во право за мене, не вртам деца околу мал прст. Вртам партиски поставени директорчиња кои поима немаат од менаџирање на училиште.
Никој, ама никој не треба да биде почитуван само зашто е "некој". Наставник, доктор или пак родител, свекрва итн. И доктор кој учел 10 години ако ми погреши дијагноза и сјебе здравје, нема да добие почит. Не почитувам наставник зашто е наставник. Почитувам колку што заслужил.