Да, ние бараме пари од државата, еден час само чување на дете во игротека колку чини? И бараме од вас да, ама не бараме за луксузни возила за да одиме на работа, не бараме за кафиња и бадеми, не за советници, туку за достоен живот за работата што ја работиме. И сега ако кажете ама не се работело вака или така, можам да кажам дека ние вам не ви кажуваме како да работите на работа, не сме стручни за тоа, како што вие не сте стручни за нас да кажете. А вие ако сметате дека е подобро за патни трошоци, возила, гориво за истите и да не редам што се има тендерчиња кои се обелоденети, тогаш верувам дека немаме за што да разговараме.
Јас сама давам отпор, не ми треба поткрепа од никој друг. Не го пишав тоа за да се жалам, туку да ти кажам кога е контактибилен директорот. Фала на советот инаку.
Мене не ме интересира што барате. Кажав и претходно дека ми е сеедно дали барате 87,4% или 0,4%. Според мене повеќето не заслужуваат никакво покачување. И не треба да сме којзнае колку стручни, иако и такви нѐ има, за да дадеме оценка за вашата работа.
Не знам јас дали бараме од граѓаните. Државава одамна е банкрот. Нашите даноци изгледа само крадењето го покриваат, се друго е од заеми.
Да се објаснувам немам намера, ако се стручни повелете еве потребни се заменски наставници, ќе видите од прва рака се. А каде работите вие, па така стручни? Смееме да знаеме?
Бараме од државата, а државата буџетот го полни и од сите ама и мене и ид тебе, а тоа сите го забораваат се се заборава, за "ти да бидеш подобар аааа не може така тоа". Тоа е наша МК и не не бива, е, не не бива, никој не ни е виновен.
Не, значи не си задоволна со тоа каде си. А сакаш, одлично, дај боже да успееш, додека успееш ќе зборуваш вака, а ако на работа зборуваш се и сешто за колегите, како сега ооо одлична ќе бидеш парадокс, вакви тскви онакви ама сакам со вас, тогаш моли бога да се избориме и за тебе, ќе влезеш кога тогаш.
Ќе го прашам што била работата, јасно. Не се секирај не сум зајадлива со деца ако ме наведуваш на тоа. Имав баш еден конфликт со ученик се налути зошто само него го опоменувам кога сите зборат. И испадна дека и другите ги опоменувам ама не се лутат, знаат дека згрешиле. Дека ученикот прелично си сфаќал и си напушти час без дозвола. Поточно на блок час, заѕвони и веднаш излезе додека јас сеуште зборував. Пишав во забелешка напушта час без дозвола. Дојде класната, разговараше он на само, па со мене, па пред цел клас. Јас знам дека тоа се тинејџери и имам максимално разбирање. Многу е тенка границата од зборлесто дете до некултурно однесување на час. А за оценката? Како си напишал на тестот така, зошто не смееш ради воспитување да намалиш оценка. (Што мислам не е фер), ученик за добра оценка треба да е редовен, примерен, културен и да знае. На децата се им е на тацна дадено, те молам не се обидувај да ме наведеш дека ако дете се пожали од мене ќе го мразам, ќе го казнувам, ќе му ставам слаби оценки и слично зошто во мојот живот нема место за инат, омраза и нетолерантност према деца
Не е до мене прашањето, ама знам на што целиш. Ви реков имате стереотипи од порано. Нема да му се одмаздуваме на ученикот зашто тоа се деца, а дека ќе имаме друга перцепција сигурно. Зависи за што се жали. Ако сметам дека е оправдано, јас би се извинил. Ако сметам дека е неоправдана поплаката, би му укажал на ученикот зошто така сметам. Искреност, комуникација и договор досега ми се најефикасни средства во одржување на дисциплина на часот. Ова за тинејџери, ама веројатно и за помалите би било слично. Нормално дека има и наставници што можеби би се одмаздувале, ама тие, според мое искуство, се малцинство.
Хахахаха како оцени дали сум задоволна или не Оф, никој не треба да се бори за мене. И сега на работа знам кој колку работи. И во претходните фирми исто знаев. Тоа не е нешто што не се гледа. Секаде има џаболебари и секаде има работници и професионалци. Јас никогаш не би застанала зад оној кој не заслужува. Ама тоа сум јас!
Така де, исто ученикот ради горепишаното мислеше дека го мразам и баш најнормално го седнав му кажав нит него го мразам нит некој друг сакам, за мене се сите исти, сите се деца и не ги гледам нит како потенцијален човек за мразење, нит за сакање. Нормално е некое дете да ти е помило ама поомразено дете едноставно не постои
Е, тоа ама тоа "ти" во образование ќе те кошта мизернс плата и коментари како твоите па, ќе осетиш која си А да беше задоволна ќе кажеше едит: ти можеби не си од џаболебарите на работа, во секоја фирма има по некој што никогаш не греши на пр. и секогаш знае што др. направиле тоа е ид мн труд, мака, способност, и својата и туѓата работа да се тера и надгледува, а пред се пред шефови мн да се зборува за другите ако си од тие, топ
Сменете го тоа да добивате сите иста плата, не да браните џаболебари и да зависите од нив, т.е. вашата плата да зависи од нив. А тебе зошто те навредуваат моите коментари?
Разговаравме ние и претходно, не ме навредува, х работи не се вистина. Збеснувам на злобата ама после пуштам, кому каква глава таква капа, на крај и тој не добива ништо и бетер му е. А јас ќе си ја наредам.
Игротеката не ја плаќаме од даноци, школото го плаќаме. Тебе те плаќаме! Поќе од 1 милјарда евра годишно не кошта, само плати да ви исплатиме. И како тоа Бога ти, нормално ви е да се вработува преку партија/врски? Не е нормално. Корупција и непотизам е. Ако се поштоваја законите, ќе одговаравте сите. Цела држава затвор ќе требаше да ја напрајме.
Не го скокнав. Не кажав дека сите огласи се со несоодветно образование како услов, туку многу огласи од вкупниот број, ама сепак тие доминираат. Јас се бунам кај што треба, ама добивам игнорантен однос и бедни реакции "деца се". Навистина треба ние од приватен сектор да прекинеме со плаќање даноци, па да ве видиме тогаш, вака силни на тастатура, а во живо никаде ве нема. Не сте зуцнале што немате учебници, што многу материјали од свој џеб ги плаќате, што немате соодветни услови за работа со децата, не се замарате дали децата ќе научат нешто, секако таа задача на родителите дома им ја префрлате. И булингот го негирате со "деца се, нормално е". Да не правам муабет за дрско и надмено однесување и лечење на комплекси со децата. Ама за пари први сте. По секоја цена.