Немој вака, сите знаеме дека вие не плаќате за државен сектор. Не стигнуваат вашите/нашите пари од даноци за толку вработени. Евентуално пред овие заеми што ни даваат ако даваме отчет.
Мхм... Ај, кажи ми, зошто чекавте до сега да штрајкувате? Нели викаш од 2009 е колективниот договор? Од тогаш ви ги кршат правата? Па, што чекавте до сега?!!! Иако.... знам, а и врапчињата на гранка веќе знаат. Не знам само со кое лице се обидувате тука да ни продавате магла? За време вемеро не смеевте да писнете, оти сте купени на најразлични начини. Кога се смени влада, исто не можевте да штрајкувате, оти локална власт беше од есдеес. Сега таман ви дојде есдеес на власт, локална на вемеро, сменети сите директори, ќе праат што ќе им каже свети Гвујо и компанија Мислам... не верувам дека веруваш во ова што го проповедаш тука, а и никого не убеди да ти кажам право. Врати се во штаб и кажи им да го сменат наративот, оти ти е досаден веќе. А колешката твоја неписмена што се расправа од вчера ич не ја ни спомнувам. Ете зошто „ве сакаат„ родителите многу.
Супер. Нареди си ја. Тоа нема врска со темава. Ако ти се дискутира-бујрум, а ако ти се кара- најди си друг.
Не те ни читам, стигнав до име на партија и толку. Јас партија никаде не спомнав, еве побарај назад. Вие ги спомнувате и ова ми дава за право да кажам дека застапувате партиска позиција. Поздрав!
А зш на 4 мај? Зошто не на 1? Всушност, глупава сум јас зарем ќе си го кратите продолжениот викенд за протест?
опсолитни=вишок Јас за мене лично не сметам дека сум вишок. Имам 300 ученици на кои им предавам. За другиве, па не сум јас на функција за да ги средувам. Јас моето го правам. Ако некогаш се решиме за протест поради обемната администрација, таму сум.
Врв на глупоЌа!!! А тие кредити ќе ги врати кој? Ние што плаќаме даноци или вие што земате плати за да дремете?
Ма немој? А оти во барањата, освен плата, немате барања за отпуштање на вишокот кадар, за вработување по квалитет, а не преку партија, за подобрување на условите во школите? м? Чим си спремен за протест, излези. Ама не си. Никој не сте. Партија ако не ви каже за што и кога да протестирате/штрајкувате, нема да ви текне сами.
Не де карав ниту имам намера да се карам, одговорив на твое прашање, се чита од постовите, сега ако тоа не ти се допаѓа, тоа е твоја работа.
Слушај, мислев зрел муабет ќе правиме, вие се префрлате на партии. Барањата не ги формулирам јас, ги формулира синдикатот.
Сите, и децатс и внуците ни се задолжени уште неродени ама за тоа не сме виновни ние, туку тие што земаат кредити. Ако до сега не ви е јасно тоа, браво
Ај не ме смеј жити сВе!!! Зрел муабет!!! За што? За политички режиран штрајк? Поддржан од политички пиони?
Тие кредити ќе ги враќам јас и тие што ќе останат овде. Зарем сакате наставниците што ви ги учат децата да се до толку глупави, па да дозволат некој друг да троши, а тие да враќаат. Упорно не гледате каде е проблемот.
Добро, ако мислиш дека синдикатот е дел од опозицијата, зошто синоќа сакаше да го прекине штрајкот? Не му дозволи членството. Не може колку и да сакаш да го правиш партиски штрајкот, не може сите да се членови на опозициска партија. Реално сме незадоволни.