Е Wild да е коренот на проблемот тоа, лесно ќе се реши. Проблемот е во зајадувањето меѓу луѓето, опстојување на раб од егзистенција, тоа е проблемот.А еве ти сама пишуваш ВМРО, да го поддржува штрајкот но, не го води ниту иницира.
Синдикатот е на оној кој ќе плати најдебело и оној кој ќе го намести претседателот. Се менуваат. Некогаш е ВМРО, некогаш е СДСМ. битно, не е граѓански активизам. Нема/ло протест и/или штрајк во државава, шо партија го нема узурпирано. Ни еден!
Каде што има директор од СДСМ се настојува да не се штрајкува, каде што е обратно се настојува да се штрајкува. Професорите што се на договори зависи како ќе им каже директорот, а тие со решение како сакаат. Тоа е. И по некој исклучок од секоја категорија
Еве ги почнаа партиски да се препукуваат. @Outlook, остави ги, не вреди повеќе да се разговара. Еве го тоа што го зборев, во отсуство на аргументи, стереотипи и навреди. Вие сте проблемот, на вас партиите ви се во глава, не на нас. Поздрав!
Во штрајкот на СОНК , Чепреганов гледа инает и суета како главни карактеристики на хипертрофирано его и на малигна нарцисоидност. https://telma.com.mk/2022/04/27/che...sposobni-generacii-a-vo-idnina-slaba-drzhava/ Прочитајте за последиците што ги нанесувате на децата (не)драги наставници.
Мене сите партии ми сметаат. А посебно луѓе, кои се дудлаат во некоја партија за се'. На мочање не одат без врска да фатат.
Тукууу.... досега на некој 1ви мај сте излегле на протест? Оти нели со години ве маткаат со договорот. Онака да измарширате низ цело Скопје, па и другите градови, да ве види народ. Или веза немате што значи денот?
Не знам за кого работи докторот,ама знам дека во моментов ти и твоите колеги работите против нашите деца. Не очекувајте симпатии,со ништо не сте ги заслужиле(чест на исклучоци).
Многу ми е гајле што мисли. Тој излезе со изјава дека наставниците требало да носат жолта лента во знак на штрајк додека предаваат, како во Јапонија. Јапонија, земја каде што и царот му се поклонува на учителот. Ете кој e "Out of touch". Ние овде може до пензија да носиме жолта лента и на никого око нема да му трепне. Може ќе почнат да критикуваат дека лош моден додаток сме избрале. Трета недела децата не одат на настава, не им трепнува око. Жолта лента да сме носеле. Па не сме сите неуки како голем дел од народецов. Ајде поздрав, мои драги заслепени сограѓани. Тепајте се меѓу себе, нека живеат „господариве“.
А зошто ги пушташ на училиште тогаш, запиши го детето во приватно училиште, овие ваму работат против вашите деца, не се борат тие за своите права, имаш избор, не се жали направи промена Во кој свет живеете не знам, се повеќе се селат и ќе се селат од овде, не за џабе.
Ме насмеа, пишал Чепреганов, удри туш, што пишал, има ли врска тоа, што е важно, те молам, важно е, пишал што некои сакаат да слушнат
Која си или кој си ти да ми кажуваш каде да ги школувам моите деца?Јас плаќам данок во оваа држава,со што го полнам буџетот и со тоа имам право на школување на моите деца.А ти си таму да ги образуваш.За тоа земаш плата.Од данокот кој јас го плаќам и сите останати во оваа земја.Во моментов штета правите на децата. А за промената во право си.Треба една чистка да се направи во вашиот сектор.И кога сте толку гласни,кажете зошто имаме најслаби резултати на тестирања,зошто не се побуните за програмата? Каде сте тогаш вака да се буните?
Видов јас која му е намерата уште во првата изјава со жолтите ленти. Инаку, јас им пуштив изјава од претседателката на Европската синдикална организација која застапува 11 милиони наши колеги ширум Европа, каде што објаснува дека на ист начин, со прекин на настава, се штрајкува секаде во ЕУ. Знаеш што ми одговорија, „сега Европјани ќе изиграваат“. Реков, празни зборови и замижување пред факти. Затоа и не вреди да дискутираме.
А не јас не сум никоја само ти дадов предлог та, нели овие работат на штета на децата или се предомисли, сакаш пак во државно училиште Ние ако се буниме за програмата испаѓа не сакаме да работиме, слабо трпиме промени и тн., за жал поради вакви испади, вашиот глас се слуша повеќе, сме пробале не вреди. За тоа најслаби резултати баш и не знам што зборуваш, не сум во вишите или во средно училиште така што не знам за какви резултати станува збор. Знам пред некое време нашите деца партсл направија надвор од МК први места освоија.Јас само можам едно да ви кажам, ако сакате деца кои ќе знаат ќе ги пуштите наставниците и да ги скараат и да ги наградат, ќе го поддржувате наставникот (освен не дај боже нешто др да е посреди), внесете навика кај децата да учат, ние со кофа во глава не можеме да ставиме никому ништо. Не фаќајте врски за 5, не уценувајте, не се заканувајте и ред др. работи и децатс ќе си ги биде. Има 7 видови на интелигенција, секоја ќе се развива, а најсилната страна ќе го оформи детето. Не бива сите со сите 5 без мака. А да се толку слаби и надвор би биле слаби резултатите, а не се.
Кога нема што да ти каже, ќе мора да се прави луд замина неговиот интегритет да се врати исто како и младостта.