Додека ти си мислиш така во твојата глава ќе си бараш одговор и кога човек ќе ти даде факт пак си наоѓаш изговор. Типична гревка а сега или во иднина искомплексиран родител во најава
Постои разлика меѓу привилегија и авторитет. Наставник без авторитет не може да биде наставник. Нема привилегии во настава, сите деца се исти, а наставниците мора да ги видат низ материјалот. Така што, разграничете ги тие нешта.
Сметаш дека не си привилегирана? Ученик нема да ти намали плата ако не отидеш на работа, ама ако тој не отиде на час ти смееш да му намалиш оценка. Ако штрајкуваш, ученик не ти може ништо. Ако тие штрајкуваат, можеш да ги запишеш и после враќањето душа да им вадиш. Ти не зависиш од него. Тој е приморан да те почитува, ти него не си, за жал
Имаш ли деца дома, ако имаш едно и така ама ако имаш еве 3, и секое си прави што сака без да те слуша, какви деца ќе одгледаш? А споредбава со отсуството ама размислување, no comment. А што ако не го запише, еве средношколец на пр., ти знаеш на училиште е,а тоа не е, тоа во образование не смее да се дозволи, тие се деца, а вака со вакви мисли не знам што да кажам.
Има кој друг да ми води евиденција за присуство и плата, секој има некоја задача во училиште, обврски, задолженија и слично. Ако не дојде на час не можеш оценка да намалиш и не знам како привилгеираност споредуваш со присуство, како што јас имам задача да дојдам на работа, така и детето на училиште.
Ее колку пати сум сведочела кога ученик не бил на час, а наставникот/професорот испрашувал и му става ниска оценка без воопшто да го прашал, зашто не се појавил. И да, токму така. Твојата плата не зависи од него. Неговиот успех зависи не само од неговото знаење туку и на која нога си станала утрото. И затоа ти не мора да пазиш на речникот и односот пред него зашто не си должна да го почитуваш. Многу добро знам како трпев од една зашто може немаше у средно да се запишев ако кажев на некој.
А кој плаќа?! Вашите плати се буџетски. А буџетот го полниме ние,приватен сектор со даноци и давачки. Треба да штрајкувате пред приватен сектор не пред Влада. Не треба да ви зголемува плата ниту 1 %. Ова што им го направивте на вашите ученици е повеќе од безобразно,а уште повеќе што не сфаќате колкава штета им правите. Ненадоместлива е штетата. Ама нели не ви е проблем тоа. Нека ја скратат годината,велите па што,може. Ви е гајле вас за учениците. Да е Владава паметна сите до еден отказ треба да добиете. Децата ја губат и оваа година. Поработевте два месеци ова полугодие и толку. Ги оставивте децата на цедило. Денеска баш разговарав со професорки,уплашени дали ке земат плата, велат требаше на 5 јуни да го организираат штрајкот,не вака,ова не е во ред,а членови на сонк. Молчат и климаат со глава на партијата која ги вработила.
Сум за тоа секој да си ги бара своите права, јер нели демократија но, не на грбот на децата, децата две недели изгубија, родителите се во загуба, земаат предвреме одмор и боледувања, просветариве можеа да штрајкуваат во викенд, или да одржуваа барем скратена настава. Не е хумано ова што го прават, децата многу губат и заостануваат, ова е исто ко пожарникарите да штрајкуваат и да речат не гасеме пожар, снаоѓајте се сами, или докторите да не сакаат да оперираат хитно човек, додуша вториве во време на пандемија и си наоѓаа вакви некои рачки за операции, ама тоа е друга тема. И колку и да ни е крш образованието години наназад, постојат и такви наставници и професори кои си ја сакаат работата, се однесуваат добро кон децата, но за жал, се во помал број. И ми се гади кога читам споредби и коментари за платите на чистачките, и во живо го слушам истото, да, сте учеле факултет, сте трошеле пари за образование, сте имале непроспиени ноќи и стресни периоди пред испитни сесии, ама и чистачките заслужуваат повисоки плати, бидејќи секој факинг ден ви ги чистат гомната и ги потценувате постојано. Врв ми е кога слушам потценување од страна на личност која студира на факултет кој е приватен, каде им ги даваат предвреме прашањата за испит, и ќе ми прави споредби дека чистачките без образование земале 18 000, а овие со факултет 25 000, и утре истата кариерно важно ќе биде важен фактор во општеството, и ќе ги гледа од високо чистачките "Вината" за недоволната разлика во плати, насочете ја и барајте ја кај оние што ја водат државата, не кај овие другите кои до вчера ви чистеа гомна за 200 евра.
Многу ти е чудна репликава. Буџетот не го полните само вие, го полнам и јас. Плаќам даноци како и сите вие. Не го полнат само граѓаните што се во приватен сектор. А јас сум и во јавен и во приватен сектор. Веќе ви кажав неколку пати, не ми е грижа за поддршката на неколку небитни личности. Вие сте небитни, жал ми е, ама небитни сте. Знаете зошто? Зошто никој не ве прашува како да го троши буџетот. Никој не го прашува заспаниов народ како да ги троши неговите пари. Јас не сум задоволен од судството. Ме прашаа дали лани да им покачат 35% плата? Не. Ќе ме прашаат дали сега да им зголемат 15% пак. Епа не. Епа, небитни сме, безгласни букви.
Не е исто, од пожарникарите и докторите зависи живот или смрт. Отсуството од еден месец настава, нема да значи живот или смрт. А во исто време ќе научат дека сплотеноста и слогата може да помести планини. Никогаш не сум потценил ниедна професија, а тоа за чистењето измет и како тоа би требало да биде на исто рамниште со образование, на друг кажувај му го. Додека јас се одрекував од работи во мојата рана младост, нив мозокот на пасење им беше. И не ми кажувај дека има хигиеничари со високо, во мојот град сите до еден се со основно. Па ние винатата таму (во владите) и ја бараме. А вие ги браните кажувајќи дека не требало на овој начин. На кој начин? Тие на најрадикалнот начин не одговараат позитивно.
Чудна е за некој што има критичко размислување, а не е чудно за мал процент од нашиот народ. Е, што не си кажал порано и судството овде да се расчеречи владата и не би ги ни прашала ни коментирала, колега за судии се зборува, а не се твоите и моите парници по медиумите па, види зошто таму и сега ќе се покачи платата уште +15 посто како што прочитав. Да не беа судиите нас ЗЗ ни на виршли немаше да не остави. Не му доаѓа памет на овој народ, не и не. Ама се повеќе стануваат свесни.
Како и да кажеме, изгледа се спрема оваа влада да си оди и се прави овој циркус и грабни што може да се грабне и бегај, сево ова на тоа мириса.
Кои и да дојдат за нас пак исто ќе биде. Штета што претходната министерка не е сега прв човек во МОН, па на секој прес дека немаме право на штрајк, да и ја пуштаме онаа изјава од кога беше во опозиција.
И да е таа на истата позиција исто би било, сега државата е во криза ( не памтам кога не била ), економијата тоне и така сентиментално ќе се нареди се, па оф, леле децата, а од позади товарај бродот едно време беше магарето, сега е брод и прави зајадувања, разор меѓу луѓето.
Види, лесно е на тастатура да напишеш дека еден месец не значи ништо, дека родителите и децата ќе се снајдат, ама реалноста вели дека грото од родителите работат во маркети, текстилни фабрики и слично каде што да се земе боледување е комплициран процес, или пак имаат кратки одмори од една недела, и кажи ми ти мене кој ќе им ги чува децата нив, бидејќи не сите имаат баба и дедо сервис, или пак да платат жена да им ги чува дома. Да, докторите работат со живи суштества, пожарникарите се од суштинско значење, ама пази да не почнат и тие да размислуваат како просветниот кадар моментално и да не остават на цедило, ама и вие работите со деца кои ионака се уназадени последниве две години со пандемијата, па и онлајн учеа, знам колку учеа, ама ај... Па ова се трауми за нив сега, посебно за првачињата кои се чудат што се случува околу нив. Не велам дека постојат хигиеничари со високо образование, само велам дека не треба да ви бидат трн во око, кажав дека и овде читам, и во реален живот слушам дека не требало да им се зголеми нив минималецот, исто кажав барањата ваши и лутината да се насочат кон Владата, не нив да ги потценувате и да се лутите дека им ја поткренале нив платата.