Ама нашите барања и се насочени кон Владата, не знам кон кого мислите дека се насочуваат. Бараме Владата, како во сите други сектори, и кај нас да ја покачи платата. Процентот што го бараме нас ни е најмалку битен, ние бараме да не си играат со нас и да го почитуваат законот и колективниот договор што го потпишале. Јас го разбирам и гневот на родителите, ама не разбирам зошто е насочен кон нас. Ние прекинавме со работа, секоја сериозна Влада ќе го решеше ова за 2 дена. Еве ги, трета недела, 2 средби имаа. Ако немаат пари можат барем за другите прашања да разговараат. Ама не сакаат.
Јас не знам човек што рекол не требало да им се качи платата, јас за никого во животот не сум рекла такво нешто, и овде во х наврати имам пишано дека народот за стандарот треба да се бори, а не да кажуваат со две минимални плати ќе се живеело. Ајде де, а што ако нема две? Мизерно е ова во нашава земја, мизерно, а злобата го зголемува тоа. Што се однесува до децата, штрајкот е за тоа таков за да се врши притисок врз владата, а владата одолговлекува и игра со суми кои знае не се прифатливи за да го навлече бесот кон наставниците. Ништо не е случајно.
Каде смеат да речат немаат пари, веднаш ќе се крене се, каде се парите. И гледаш набрзо некоја афера да се тргне вниманието, а и ова одолговлекување не знаеме од што не дефокусира и кога ќе дознаеш, тие свршиле работа, касно ти е.
Ти кажав и погоре зошто гневот на родителите е насочен кон вас, до денес и градинките не работеа и не примаа деца, ај да се повторам пак, трета недела ќе фати родителите кај што губат пари изостанувајќи од работа, значи земаат предвремен одмор и боледувања. Бесот е бидејќи, наутро со децата во прегратка се враќаа од градинка и мораа да им одговораат на децата зошто тетка Вале не ги прима во градинка неколку утра по ред. Во време на војна, пандемија, сериозна светска криза, кај што и моќни држави кубурат, а не пак ние, не се бараат права, заеби демократија, колективни договори и слично, можевте да ги прифатите тие 12% и мирна ви глава, па натаму ќе баравте повеќе, ама старите велат, ах око лакомо, ненаситно.
Не е чуден туку ти не го разбираш. Не го полниш ти.Ти немаш фирма, не остваруваш приход кој се даночи во оваа држава. Го полни тој човек што регистрирал фирма во оваа држава,па плаќа данок,ддв,плата и придонеси на вработени и триста глупости на државава што ги знаат сите сопственици на фирми во оваа држава. Го полнат луѓе кои сами си нашле работа па и плаќаат плус на државата. А бидејки уценувате и ги оштетувате децата со вашето неработење следно е да ве тужиме. Друго чаре нема.
Минатата недела читавме: што ќе изгубат децата од две недели отсуство од настава, сега читам тоа месец дена да ти било. Каде е крајот, просветители? Од колку време неучење почнуваат да губат учениците?
Ти може не знаеш човек кој рекол така, ама јас знам, и овде исто пишуваа. Се согласувам со тебе што се однесува на тоа дека и две минимални се малку и дека треба да се зголеми стандардот. Ама разберете и вие дека не треба да притискате преку децата, губат и тие и нивните родители, можевте барем скратена настава да одржувате, не се виновни децата за ништо, знам вложивте труд, нерви и пари за да се образовате, голем дел имате и свои фамилии, ама не беше прашање на живот и смрт дека мора баш сега и на ваков начин да си ги барате правата.
Да беа свесни и паметни ќе си прифатеа 10%, па отом питом 15 итн. Пример велам. Е сега. болката е ЗОШТО ДА ЧЕКААТ РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ. Е, сега. Како што знам платата ваша е од државниот буџет кој се полни од парите на народот, се надевам не се лажам. Да не изразат некои желба да им отвори државава сметка со име ОБРАЗОВЕН ШТРАЈК, па да им ја полниме и таму
Ако беше така, ќе го прифатевте првиот предлог на Владата. Презадолжена држава која пред некој ден пак рече дека ќе се задолжи, стандард помал од на други држави, разни кризи.... Се фаќате за договорот, а не помислувате на овие. Гневот на родителите е насочен кон вас оти го повредувате правото на образование на децата. Колку пати треба да ви се повтори ова за да ви влезе во глава? Владата вака, Владата така... Не постои влада која го исполнила секое ветување.И нема да постои. Оваа Влада не е сериозна. Сериозна влада би ги сменила законите и потоа би ви рекла да се задоволите со постојната плата или ќе го изгубите работното место.
Мислиш еден МЕСЕЦ? И година ипол online ,,настава"? И продолжен распуст и скратена програма и што уште не.
Епа види ако сакаат повисоки плати, нема да ги боли дали е живот или смрт. Ќе си штрајкуваат и готово, кој како знае и умее ќе се снаоѓа Или они мора да работат за каква и да е плата зашто е живот или смрт, а вие ќе си штрајкувате ако треба со години зашто вашето не е неопходно?
Очигледно не разбираш дека буџетот не се полни само од тие што имаат фирми. Веројатно знаеш дека плаќаме ДДВ на секој производ што ќе го купиме. Јас плаќам персонален данок за пари што ги заработувам во странство, да не зборуваме што внесувам странски пари во земјава. Значи, буџетот го полнат сите што живеат тука, не само тие во приватен сектор. Пишав веднаш под тоа, бараме да го почитуваат законот и колективниот договор што го потпишале. Не веруваме на збор, сакаме конкретни рокови и потпишана спогодба, со вметнување на член дека ќе платат со камата секакво отстапување од таа спогодба. Доста ни беше лажење од сите влади. Иако ова си го напишала со иронија, конечно се согласуваме. Родителите гневот треба да го насочат кон Владата, тие се несериозни и не сакаат да преговараат. Наоѓајте изговори колку сакате, човек што сака да реши проблем, седнува да разговара. Две средби за три недели е несериозност.
Зошто мене ме прашуваш за ова, ако овој метод не функционира во државата и владата не реагира, мислиш нешто друго ќе функционира? Нема. За децата ќе се средат работите, сега само се притиска.
Јас сум секогаш за протест. И платите да можат да дозволат барем единец да си дозволи да живеј сам. Нелуксузно ама достоинствено. Ама ( ) образование страда најмногу последни три години шо со корона, па шо реновирање на училишта да се искористи бран на неодење. Три години деца салам немат одено на училиште. Три години немат дете видено. И пошто дома ми е, ни професор немат салам видено ради онлајн. И истите тие шо ги немаше на онлајн, сега протестират. Бич. Се зема право на образование на децата. Осакати образование и готово, пиши пропало на државата. И за шо? За политички поени? Пошто јавна тајна е кои протестираат и кои не. Јас се согласувам дека најголем ефект за протест во образование е за време на учебна година. Ама не поќе од недела дена. Оти после веќе кратиш право на образование на деца. И не можам да имам почит кон некој шо бара одредени права, или во случајов привилегии. Велам привилегии зошто во процесот кршат туѓо право. А то е на образование на деца. Моментот ко ќе треба да прегазиш нешто, во случајов право на ДЕТЕ, за да добиеш нешто друго ... Honey. Не продолжвам реченицата. И не. Не се дожни за ваши каприци да си продолжат учебна година вон училишна година. Особено од ко отфрливте предлози и сакавте поќе "ко веќе тргнало". Во најмала рака знајме чим Јуни чукни колку сме учеле, прво по себе, или пак во Сабота. Така да - да не се лажиме. И да продолжам. Јас пошто најчесто имам мали деца околу мене, како и нетипични, најголеми жртви се малите деца и нетипичните. Пошто лесно е да речиш родител ќе се снајди за чување. Ама заборавате дека не секој родител има баба сервис, а многу немаат ни партнер на кој ќе можат да се ослонат. Можи летото си го испланирале за чување, ама сред година немаат ништо за бес на просве-- чување деца за време на училишни сати. Така да еден месец со штрајк е многу. Премногу. Недела ќе се снајдиш. Месец не. Подели една учебна година во месеци и училишни сати на дете во еден месец. Па скрати го. Премногу е. Никакво надополнување во Сабота, дупли часови или продолжена година нема да го надохнади то. Сите знајме тие надохнадвања колку се ефективни. Има професори кои го заслужуваат светот. И професори кои не се ни уклучуваа онлајн, а не па друго. Покачување барајте си го по учинок кога веќе протестирате толку и уште поќе се крева револтот. Не по казна, ами по награда. Пошто револтот шо сега го има за просветата е основан и те како. Пошто најгласни ви се тие шо не чинат. И да сте во право некогаш, никој нема да слуша ради "квалитетот" во просвета и се доживува како да се дава награда на некој шо не заслужва иако има индивидуи кои го заслужуваат светот. Ах и да. Ако не ви беше до процент и ви беше гајле за децата - одамна ќе преќинеа преговорите. Доста е лажење за еден месец. Одамна читам темава. Редно беше да пишам. Тудлс.
Зошто СОНК да го прашаме за протестот? Вие кога протестиравте пред СОНК тоа они ви го организираа или вие самоиницијативно отидовте таму?
Мајка ми е одделенски наставник, уште некоја година пред пензија. Не е од новиве, со врски и неписмени. Одеше цела година на работа, бар помаливе деца одеа нашколо, со маски и со сите тракатанци. Не го поддржува тоа што децата не учат моментално, ама ко и секогаш, некој друг од погоре им диригира што и како ќе се случува. Ни јас не го поддржувам ова со седење дома на децата. Тие губат настава, наставнициве дремат, родителите којзнае како се снаоѓаат. Дека мајка ми зема мизерна плата за толку години работа, која сега буквално им се дава на почетници од факс излезени, на било кое работно место во мкд, зема. И не сметам дека е доволно, за тие саати што ги поминува нашколо, и уште толку дома во пишување на дневници, наставни листови и други рандом работи. Не ми се допаѓа и многу односов на родителите. Кога почна короната и ги седнаа сите дома, мајка ми мораше да отвори нејзин фејсбук профил допрва, зашто родителиве нејќеа да пополнат листа со нивни мејлови за да може фино лепо и профи да комуницираат, да им испраќа задачи и домашни, туку они сакале на фб. Ок, ваљда дека по цел само таму седат, еве не знам. Но бар да не се збори колку се наставнициве неписмени, некогаш мора да се спуштат на нечие ниво.