Штрајк на просветните работници

Discussion in 'Политика и настани' started by fbaby, Apr 17, 2022.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Joined:
    Jan 15, 2018
    Messages:
    3,894
    Likes Received:
    14,706
    Gender:
    Female
    Немам ништо против, нека простестираат слободно, да спиеме уште.

    За шо да протестираат?
    Пола и повише ми доаѓаат на час неписмени. Доаѓаат седнуваат муабети ко за на пазар ни прават. Дали 3-ца саглам професори имам од цело школо.
    Доаѓаат седнуваат тепаат време со муабети без врска дали од 40минути 15 минути работиме а знаат да врескаат "оставете ги телефоните". Па уште се собираат по 3-4 професорки гага гугу трачарење трачарење "само ќути Жане не кажуј на никој" работава. Па која што правела дома ручек, свекрвата што ја изнервирала, децата што работеле странство како се нашле.
    За шо да протестираат не ми е јасно.
    Се потепаа од работа, па да протестираат.

    Само тепање време им е протестов.
    Жити протестот никаков ко лопата грд. Седнале у канцеларија место да одат по улици да мрзнат, да ги мава ветар, сонце.
     
    tanjita, Annath, Lost angel and 5 others like this.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    7,278
    Likes Received:
    27,968
    Бриџит, не реков дека земал малку пензија никаде погоре, не извртувајте. Реков дека земал помалку од на пример баба ми која имала помалку школо и помал стаж. Земал помалку од дедото на другарка ми кој сега е уште жив и зема 35.000 мкд а бил на времето хидроинжинер.
    Секоја планина своја тежина, секоја приказна е различна.

    Доброто образование е основа за успешна држава. Тоа што со години наназад образованието свесно се уништува за да се добие маса народ која лесно се манипулира е вина на цел народ. На родители кои молчат, на професори кои молчат, на студенти на кои се им е дозволено.

    Факт е дека образованието во земјава сега е мизерија. Исто така е факт дека платите во образование се мали. Дека штрајкот не е во ред во исто така се согласувам.

    Ти кажувам јас која за среќа не работам приватно за минималец и плаќам месечно придонеси колку за плата на 1 ипол профрсор. И би платилљ и повеќе само нека си ја работат работата како што треба. Нека бидат и они оценети како работат, систем 360, па кој не чини чао. А тие што чинат дај им плата барем колку просечната.
     
    Last edited: Apr 17, 2022
  3. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2020
    Messages:
    3,176
    Likes Received:
    43,104
    Gender:
    Female
    Се дава де крива слика, известила некоја наставничка што како на родителите или учениците, соработуваат тие како наставници или рекла само гледајте вести. Ама за пред камери и народ повеќето го вртат муабетот како се прекршувале од грижа и работа, ахам:mm:
    За какви родители сме или ќе бидеме ти не се секирај, сигурно нема на неспособни наставници да им се поклонуваме дека пази функција наставник имаат и децата да ги учиме да ги толерираат неспособењаковичиве:rofl:

    Треба штрајк пак ќе повторам, ама треба и да излезат и да бараат способните наставници покрај подобра валоризација на трудот преку покачување на плата врз база на покажани нивни резултати, треба да побараат и да се подобрат критериумите за влез во образование и да се борат и трудат за подигнување на квалитетот на образованието и да им се подобрат условите за работа. Не може зела цигарата и кафето, лежи дома или пишаа отишла кај родителите и она штрајкува, за што штрајкува, каде, што резултати има зад себе за пораст конкретно на нејзината плата?
     
    Celltica likes this.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,406
    Likes Received:
    143,091
    Не го поддржувам штрајкот во оваа форма. Прво, мислам дека требаше да продолжат да држат часови. Второ, не да бараат само плата, туку и квалитет на образованието.

    Да не се разбереме лошо, апсолутно сум за покачување на платите. Ама не еднакво на сите, туку според квалитетот на завршената работа. Има прекрасни наставници кои заслужуваат не само 18%, според мене добар наставник треба 1000 евра да зема, само така ќе имаме добро образование.

    Ама има и такви за кои и минималец е многу. За жал, веројатно овие се мнозинство и затоа образованието ни е дно. Да не заборавиме дека лошото образование, корупцијата, лошото здравство и загадениот воздух се клучните причини поради кои луѓето се селат од Македонија. Значи, лошото образование е една од причините поради кои ги губиме луѓето во Македонија.

    Искрено, во вакви услови, јас да сум наставник, срам би ми било да барам само покачување на платата, а да не спомнам ништо за подобрување на квалитетот на образованието.
     
  5. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Joined:
    Dec 23, 2012
    Messages:
    5,581
    Likes Received:
    151,999
    Gender:
    Female
    Учителка во трето, пишува на табла :сТрам,сТреда..вели слизга...

    Наставник по биологија во шесто им диктира дека ситните делови во белодробието се викаат алвеоРии..едвсј ја разубедив ќерка ми дека не се викаат така..
    Оти зборот на наставникот е закон..и така треба да биде ама основано.
     
  6. Цобра

    Цобра Истакнат член

    Joined:
    Aug 1, 2021
    Messages:
    145
    Likes Received:
    630
    Gender:
    Male
    Кога конкурираат за работното место ја знаат висината на платата, така? Плус скоро секое вработување во градинка или училиште е со врски и партиски, значи се тепаат за да се пикнат таму знаејќи ги условите. И не работат 8 саати како и другите а квалитетот на работата е дискутабилен .
    Епа штом има хиперпродукција на кадар пазарот на трудот треба да ја диктира висината на платата.
     
    Abel, WildMk, Annath and 4 others like this.
  7. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2020
    Messages:
    3,176
    Likes Received:
    43,104
    Gender:
    Female
    Ова се тие неспособните на кои ниту треба да им се премочлува, ниту децата да ги толерираат со вакви глупости на настава, ама одма да се извртат муабетите дека родителите иделе ургирале за оценка ги омаловажувале наставниците пред децата, абе баби жаби муабети и ќути и трпи рулс на темава.
    Инаку за сето ова и погоре примерите на @Celltica ли пиша за предност при операција множење не знаат, не ме чуди и на форум ги имаш незнам слеано го пишуваат, па после кога ќе кажат се во просвета коса ми се дига кој им дал дозвола на такви основни грешки во писменост да описменуваат деца, па зошто ни биле неедуцирани еве зошто.
    Јас и во првичните мислења пишав ниска плата не е оправдување за толерирање на неспособни наставници и нудење неквалитетна образовна услуга како што оправдуваа челенки погоре, тоа е недопустливо. Не те бива со деца дај си отказ, преквалификувај се, нема децата да ги трпат фрустрациите на неедуциран кадар или еве и неспособен кој не сака да се доедуцира па ги учат децава глупости.
    Убаво објаснија погоре примерот со Естонија иако се ниско платени сепак љубовта и предаденоста кон професијата ги води напред да вложуваат во квалитетна настава.
    Имав и јас во фамилија во просвета, беа многу поценети порано, ама даваа квалитетно образование и да никогаш не биле преплатени, ама предаденоста на професијата било нивното главно мото и стремежот да остават зад себе учени и описменети поколенија.
     
    Annath and st-el like this.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Joined:
    Aug 7, 2012
    Messages:
    17,241
    Likes Received:
    118,836
    Gender:
    Female
    Ако напишите уште некој пример сериозно ќе размислам и кривично да одговарам и да не оди ќерка ми на школо... Пошто според мене подобро е нешто да не знаеш отколку да мислиш дека знаеш.
    Еве глупо е да не знае дека се пишува срам, а не страм, а оди на школо побогу :|
     
    Annath, duffi, Ariel and 3 others like this.
  9. st-el

    st-el Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2010
    Messages:
    836
    Likes Received:
    5,686
    Gender:
    Female
    Само ќе се надоврзам за авторите на учебниците, се работеше за учебникот по математика во 4 или 5 одд. не ме земајте за збор, реагирав кај наставничката на моето дете, на родителската... Ми одговори дека тоа е грешка од авторите на учебникот, ама точно, правилно е предадена од нејзина страна.
     
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Joined:
    Aug 9, 2017
    Messages:
    5,943
    Likes Received:
    19,773
    Gender:
    Female
    Не ги подржувам!!
    90% се со партиски книшки таму вработени и се неписмени не пак да описменат деца, по цел ден се по канцеларии по кафиња ахахах ихихихи децата сами во училници урнебес прават, и лупнии им домашни задачи да вежбаат со саати со родителите, сега родителите им се наставници тие на школо ништо не прават, а да не зборувам за онлајн наставата кога 2 години си уживаа и се Туријаа од шетање
    Ние што работаме во приватен сектор после неодење 3 дена на работа што добиваме?? Отказно решение!!!
    Е така има мн што чекаат за работа не знам што ги толерира министерот
     
  11. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Joined:
    Jan 21, 2021
    Messages:
    547
    Likes Received:
    1,723
    Gender:
    Female
    Има професори џабе одат на работа кога не предаваат ништо, на час си разговараат со учениците, покажуваат слики од децата, каква торта имале за роденден, оговараат, а тоа што треба да го предадат на час напишано на лист и кој не го мрзи да го препише на табла или да го сликаме. Или ги мрзело да направат пак тест или да испрашуваат ги препишуваат предходните оценки, а ако прашаш да поправаш ќе ти кажат ,, тоа е нема што и да поправаш толку е". (facepalm)
     
    WildMk likes this.
  12. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Joined:
    Jun 17, 2017
    Messages:
    2,338
    Likes Received:
    26,477
    Бараат зголемување на платата, а последниве години, знаеме дека нема асално образование кај нас. Откако воведоа Кембриџ, децава повеќе се уназадија. Само колку подобро образовани луѓе, чекаат на нивно место. Ако не ти се свиѓа плата, напушти. Тражи работно место со поголема плата. Завземаш место на некој друг. А 90% од нив преку партии се имат вработено.

    Не работат в лето, в зима имаат околу 20 дена одмор. И бараат зголемена плата.|( Имале факс, и зато сакале. Океј, има луѓе по маркети со факс, и работат и сабота, за помала плата од нивната.

    Нека им кажат од владата, секој што нема да дојде на работа од Понеделник, ќе следи прекин на работен договор.

    На никој не му е грижа за децава. Ниту пак се должни, во лето на +40, да учат, заради нашиов несоодветен кадар.
     
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Joined:
    Jul 13, 2017
    Messages:
    18,279
    Likes Received:
    226,782
    Gender:
    Female
    Стварно чоек да се запраша..
    Ако до толку не им одговара, шо не фатат германиите!?
    А не врз децата да се рефлектира нивната огорченост...
     
  14. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Joined:
    Oct 10, 2017
    Messages:
    3,701
    Likes Received:
    14,001
    Gender:
    Male
    Штрајкот шо не е во ред не е, тоа веќе очигледно е.

    Револтиран сум шо ниту наставниците, ниту родителите до сега не организирале масовен штрајк околу потребата од реформи во образованието. Се шо е сервирано се проголтува, од кембриџ до екстерно и слични "реформи" и примамливи идеи.

    Јас не видов да има некое масовно незадоволство од овој циркуз со име образование. Овде на форум? Sure, 5,10,16...30 души? Каде се останатите? Ај наставниците (ако) се партиски поттрчковци, каде се родителите? Јас кога бев основно, средно, а и сега на факултет не видов ниту еден пример на организирано незадоволство од страна на РОДИТЕЛИТЕ! До толку ли владее анхедонија/апатија кај населениево? Страшно.
     
    Abel, WildMk, Stephen Amell and 12 others like this.
  15. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Joined:
    Aug 8, 2016
    Messages:
    1,283
    Likes Received:
    2,814
    Gender:
    Female
    За слични , петиција од страна на родителите и да се чистат неспособните,случај по случај.
    Што треба ученик да направи според тебе?Да му се насмее во фаца?
    Никаква поврзаност со штрајков не гледам,освен револт бидејќи моментално нема кој да ви ги чува децата.
    И тоа е трагично....бидејќи улогата на наставникот не треба да биде таа...изнајмете дадилки ако е тоа проблемот, во школо се оди од други причини.
     
  16. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2019
    Messages:
    1,166
    Likes Received:
    9,302
    Gender:
    Female
    Леле само што го прочитав зборов и одма неубо ми стана, кај ме потсети...
    Поголема глупост од ова нема, фала богу што го укинаа.
     
    Mikha4 and Waverly Raven like this.
  17. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2020
    Messages:
    3,176
    Likes Received:
    43,104
    Gender:
    Female
    Само продоложи си со баби и жаби муабетите може основани ќе ти станат на толку глупости напишани и споделени на тема штрајк, а ниедно не ти е конкретно поврзано со темава штрајк:D

    Tака треба штом одбиваат да прифатат 10% покачување и одбиваат да се вратат на работа, ама проблемот е друг воглавно. Ги толерираат зошто по одредени предмети немаат доволно заменски кадар, а и да има по некои предмети повеќе кандидати додека партија не даде дозвола и одбри министер за финансии нема вработувања. Во оваа наша држава со години уназад не функционира асално образованиево.
    Кадарот знае каде и кои се главните проблеми ама сега според нив најглавен проблем се малите плати. Каде се да протестираат за сите други причини кои ги наведов погоре дека треба да им се клучни при било кој штрајк. Ама точно не им е грижа за тоа и децата туку само за парите, а кои резултати ги имаат зад себе да им се основано покачени?
    На тие што имаат резултати да, треба покачување ама другиве како само онака без никакви резултати.
     
    st-el likes this.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,278
    Likes Received:
    259,118
    Не ми се верува дека со штрајкот уште толку се избрукаа, се доведоа во состојба да ги плукаат насекаде, да ги етикираат. Никој не им даде подршка, а кај родителите го зголемија гневот уште толку.
    На тапет им ја ставија целата работа, па и оние кои работат се стават во ист кош.
     
    Last edited: Apr 18, 2022
    WildMk likes this.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Joined:
    Jul 13, 2017
    Messages:
    18,279
    Likes Received:
    226,782
    Gender:
    Female
    Сеа да сум влада богами би ги уценила.
    Знаете ли зашто?
    Зашто од сигурни извори ќе ви кажам дека они очекуваа 8%.
    Ама овие рекоа 10 и се залетаа поише да бараат.
    Епа да ми извините на речников ама треба да го попушат ради ова.
    Не може да си играш со децата бе!

    НЕ МО ЖЕ!
     
  20. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Joined:
    Jul 8, 2016
    Messages:
    3,221
    Likes Received:
    15,380
    Gender:
    Female
    18%бараат, ќе се добие 12%