Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.795
    Допаѓања:
    323.775
    Искрено се надевам.
    Имав бурна дискусија со колега (на кој жена му е наставничка), ги обвини родителите дека сакале децата да ги пратат во училиште за да биле некаде, демек наставничките ги пазеле во целодневна.
    Ги пазеле ?!
     
    На MeowMeow, jacqueline.s, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.877
    Па пошто не гледам како овој колектив од јавен сектор некогаш бил солидарен спрема некој друг колектив, не гледам зошто сега би се укажала таква солидарност кон нив.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    28.550
    Протест против покачувањата и протест, односно штрајк за покачување на (нечија) плата, е далеку поразлично.
    Што не протестирате вие против покачувањата на производите?
     
    На Idedemja, MeowMeow, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  4. kockakockica@

    kockakockica@ Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    249
    На први мај излагаме и ние.
     
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.681
    Допаѓања:
    17.611
    Ако не најдобро ќе биде цела држава да излезе на штрајк и државен и приватен сектор и квит.
     
    На kockakockica@ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    2.766
    Пол:
    Женски
    Вчера прочитав дека околу 10% од матурантите, заради овој штрајк ќе го испуштат првиот рок за упис на факултет. Е ова не можам да им го простам!!! Не знам како да го опишам. Не себичност, ова е играње со нечија иднина, со иднината на младите! Како ли се чувствуваат тие 10%...да не си им во кондури... Сите сочувства кои ги имав и кои ме држеа на средина, пропаднаа со оваа информација!
     
    На MeowMeow, Nausicaa, JoyJoy и 5 други им се допаѓа ова.
  7. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    28.550
    За или против што?
     
  8. kockakockica@

    kockakockica@ Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    249
    За скалесто зголемување на сите плати, на сите вработени во јавен и приватен сектор, за 13 плата...
     
    На Bebce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.877
    Кој го организира овој протест на 1ви Мај и кои се точно барањата и роковите?
    Јас сум во приватен сектор, немаме никакво известување или информација дека се протестира за нашите плати во целост или дека тоа некаде е барање на било кој протест, уште помалку за 13та плата.
    Впрочем како вработени во приватен сектор, скалесто зголемување на плати ни во јавен ни во приватен сектор не е воопшто од наш интерес.
     
    На zuto и GirlLove им се допаѓа ова.
  10. kockakockica@

    kockakockica@ Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    249
  11. kockakockica@

    kockakockica@ Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    249
    Шти не е во твој интерес, не те разбирам...или гајле ти е за шнајдерката што црнчи за 15000 ден.
    приватниците ги молзат работниците, мора и нив некој да ги заштити.
     
  12. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.877
    Партиски организации како ССМ ќе ги заштитат?
    Немој не ме смеј.
    Скалесто зголемување на плати во приватен сектор освен богатење на менаџери и директори у телеком, перење пари и слично никому ништо нема да му значи, зошто сите вработени ќе мора пари на рака да враќаат.
    Кога не знаете ништо од тоа како функционираат работите, не се силете со невозможни тези.
    Гледајте вие барајте вашиот сектор да се прочисти малце, малку да исплива квалитет на површина. Кај нас секој секако си се бори како знае и умее.
    Од јавен сектор и луѓе со задниците удобно сместени по училници, кабинети и канцеларии поддршка нема да добијат тие кои се маргините на општеството, тоа сигурно.
    Како прв пат се сетивте на приватен сектор да помислите и на работнилки права сега кога гледате дека сите се против вас.
     
    На Idedemja, jacqueline.s, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Исто и кај син ми. И тоа од 26 деца сега се 22. За да се формира уште еден клас. И што е најболното цитирам "еден клас ќе биде елитен од децата на пратениците, докторите и наставниците, одличните деца тука ќе биле". Моето дете е од работничко семејство а е одлично фала му на бога со свој труд. Веднаш реков во друг клас да е. И после зошто се плука ло по наставниците, по директорите итн. Па затоа што од мали ги учат децата на тоа дека е многу важно чиј си. И џабе моето дете и да знае задачи од средно во 6 одделение, ќерката на пратеникот ќе биде подобра од него а за волја на вистината лани онлајн слушнавме колку знаеја некои деца и како им се пишуваа незаслужени 5. Наставниците не се борат за промена на системот, можеа малку поинаку да го изведат ова, да речеа штрајк за тоа што немаме услови, штрајк за тоа што маркер не купува школото, штрајк за дискриминација и на крај штрајк за плата. Ќе ги поддржевме максимално, ама нивната ароганција секогаш надвладува или пак некоој им кажува што да прават. Кај нас веќе почнале пораки децата утре да одат на настава, со наставниците што не штрајкуваат, ако не ќе имале неоправдани. И сега?
     
    На Idedemja, JoyJoy, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    37.864
    Пол:
    Женски
    Кај вас барем може настава. Кај ќерка ми (Љубен Лапе) не е дозволена настава. Двете учителки и се заменски и на договор, не штрајкуваат, ама не смеат да држат часови :^) Поголем број од децата од одделението одат на училиште и си седат, цртаат, итн... Како во градинка. Денес и ќерка ми ја однесов.
     
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.052
    Допаѓања:
    42.519
    Пол:
    Женски
    Ај извини вака ама си трескаш глупости. Во државно никој не работел, добро има неспособни, а кој ја извршува целата работа, сама или роботи имаат? Појма немаш што пишуваш, па уште вакви генерализации за милион различни струки. |(

    Еве јас во моите дванаесет вкупно години во основно и средно ни еднаш не сум имала професор/ка што си пиел/а кафе наместо да работи. Сите доаѓале на час и ни држеле часови. Сигурно има школи особено кај што има помалку деца кај што се случува тоа, ама ете, не го делиме сите твоето искуство. :)
     
    Последна измена: 28 април 2022
    На Anie93, carly j и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  16. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.312
    Допаѓања:
    51.084
    Пол:
    Женски
    Тоа отсекогаш било, за жал нема никогаш да се искорне.
    Кога одев на училиште сите по ред не прашуваа кои ни се родители, каде работат.
    Тие што ги знае родителите лесно поминуваа, така им ги средуваа оценките.
    Од 2ка на 5ка а тие што се никој и ништо мора да мачат па и тогаш дали ќе им ги поправат оценките.
    Затоа не сакам децата да ми учат тука, од такви професори да патат.
    Во малите градови е многу лошо, сите се знаеме, а во поголемите градови не знам дали прават така.
     
    На Idedemja, MeowMeow, supergirlmb и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Каде прочита такво нешто? Веродостоен ли е изворот? Јас сум матурантка и досега ништо конкретно ни немаат кажано, впрочем не ни гледам да има проблеми при запишување кога ние си ги знаеме датумите за полагање, проекни скоро секаде се одбранија и сл.

    Во вакво време шпекулации вријат на сите страни не секоја вест шо ќе се прочита е верна
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kockakockica@

    kockakockica@ Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    249
    Наводно за тие матуранти што сакаат да одат у странство на факултет.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    2.766
    Пол:
    Женски
    10% од матурантите пропуштија упис на факултет во јуни, молк од СОНК и МОН | Сител Телевизија (sitel.com.mk)
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Епа баш јас сакам и најверојатно ќе одам странство на факс. Нишо не се менува бар конкретно за факс у Словенија. Процедурата е таа документите се тие најважен е резултатот од матура а датуми за матура се тие не се менуваат