Таман си е. За тие кои не одбраниле проекна. Чудни ми се бројкиве ама ае добра е шо ја сум во тие 1000 иако за останатите жал ми е. Затоа во моето училиште се инсистираше до 10ти април најкасно да ги одбраниме сите проекните, супер е тоа. Иако сметам дека ќе најдат некое решение најверојатно ќе ги поместат датумите или шознам
@draconis14 онлајн бевте три полугодие. И тука не можеш да лажеш и манипулираш и да ги вртиш работите како тебе ти одговара. Како бели мечки сте заштитени да не се лажеме тие што сте во државни школи. Односно вие штрајкувачите зашто има ваши колеги што работат. И на таквите треба и вашите плати да им ги дадат. Вие другите стварно треба да се замислите дали навистина заслужувате нечија иднина да држите во раце. Искрено јас навистина не би сакала некој олку арогантен како тебе да го учи моето дете. Па Макар последен наставникот на светов бил. И еве да ве прашам сите што штрајкувале колку сте горди на себе што сте нечии пиони и марионети. Како се чувствувате што една политичка партија би диктира како треба да се однесувате и што да правите. Јас би била ужасната ако треба да се бранам и да терам инает за некој таму да си билда политички поени. Или колку многу ве задолжија партијата за да треба вака да враќате услуги. Зашто како одминува времето станува јасно кој и како ве манипулира и води.
Имаше најави за штрајк па може затоа инсистирале. Роковите за проектна се до одреден датум, сите што не успеале да одбранат затоа што во меѓувреме настанал штрајк се сега погодени. Не знам дали ќе ги поместат ама во секој случај не е фер сега да бидат во недоумица дали ќе се запишат или не. Втор рок секако е крајна опција и се знае дека до втор може ќе бидат пополнети местата на одреден факултет.
Едно прашање како матурантка, дали имате поддршка за време на штрајкот за прашања и консултации од предметните професори за матурата? Многу поплаки има кај родители кои ги познавам со матуранти дека професорите се комплетно недостапни, ни на пораки, ни на телефон не креваат, па ме интересира дали е делумно само тоа или насекаде. Знам дека немаат обврска, ама дека се повикуваат на солидарност прашувам.
“Професорите во средните училишта да покажат солидарност за своите ученици матуранти со тоа што штрајкот ќе го реализираат од понеделник до петок, а во сабота ќе дојдат на работа и ќе овозможат полагање на проектна задача на околу 1.600 матуранти кои, не по нивна вина, не успеаја да го завршат испитот пред да почне штрајкот, повикува директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска.“ „Сите училишта си прават 160 интерни распореди при што учениците добиваат термини за полагање на проектната задача. Матурантите кои досега не успеале да го завршат тој дел од матурскиот испит не се виновни за ништо, едноставно нивниот ред за полагање се поклопил со почетокот на штрајкот, односно рокот за полагање на проектната задача беше до 21 април. А без овој дел од матурата, се смета дека ученикот нема во целост положено матурски испит, дури и да ги положи екстерните и интерните предмети од матурата, односно не може да земе диплома од училиштето. Дипломата ќе може да ја земе дури во август кога ќе биде веќе завршен првиот уписен рок и веројатно ќе бидат пополнети местата на атрактивните факултети, поради што многу солидни ученици ќе мораат да се запишат во втор уписен рок таму што ќе остане слободно место, а не таму каде сакаат, што е една голема неправда за учениците, вели Наумовска во изјава за Слободен печат.“ Останатиот дел од текстот, предлози и барања: ДИЦ: Професорите да си дојдат во сабота на работа и да им овозможат на матурантите да полагаат проектна задача - Слободен печат (slobodenpecat.mk)
Назад во основно образование треба да се вратиш за да научиш основна комуникација. Моето искуство е дека се пие кафе на училиште, не се залагаат доколку ученикот се пожали на насилство, не се замараат со ништо. И да, во државно ништо не работат. Цела работа е оставена на еден човек и тој работи за сите. Другите се клати врата земај плата.
Или доктори на клиники каде што имаат милион лежечки пациенти, операции, амбуланти се и тие се државно па си работат се и е напорно и стресно и се
Поминав денес пред моето старо основно училиште, гледам држат настава. Надвор беше една од професорките и коментираше "еве држиме настава, се преучивме веќе, сега многу напредни ќе се". Саркастично. Таа истата не ме научи ни збор, морав во средно се' од почеток. Пишеше спортска на час заедно со машките и не' пушташе да уплатиме. Напредни нема да се баш ради таквите ко неа. Некои имавме среќа да сретниме и поинакви професори па да не' извадат на прав пат, ама некои немаа. Не ги ставам во ист кош, некои заслужуваат и 100% повисока, ама прво да се решат тие кои не заслужуваат ич. Далеку сме...
Колку полугодија, три? Кога започна пандемијата, на Нова Година во 2020? Ниту манипулирам, ниту лажам, еве нека биде ни по мое, ни по твое, 2 полугодија и 1 тримесечје. Овде деманитирав некои што пишуваа 2 учебни години сме биле онлајн, сме си седеле дома. Не видов некој од тие да каже, да така е, моја грешка. Искрено, не ми е гајле што сакаш и кој сакаш да му предава на твоето дете. Арогантен сум, ама со право. Очигледно е дека извртувате факти како што ви одговара. Кога не ви одговара или сте побиени, тогаш игнорирате и продолжувате со неосновани напади. На колегите кои работат (предавниците на својата фела кои заработуваат ситни партиски поенчиња), би им ја дал мојата плата сега, ама не би им дал денар покачување. Знаете зошто? Па, штом не штрајкуваат значи дека се задоволни со условите за работа. Овде ги исклучувам тие што се со договори на определено време зашто нивното неучество во штрајкот е оправдано. Знаете зошто? Затоа што во „демократскава држава“ ќе те избркаат од работа зашто си го искористил своето законско право на штрајк.
Од денес кај ќерка ми уште еден професор ќе го прекине штрајкот.Вкупно двајца се што држат настава.Ај нека се множат,полека им текнува дека се манипулирани и дека им прават штета на децата. Син ми е матурант.Проектната ја одбрани,ама му го поместија рокот зашто датумот се поклопуваше со штрајкот. И повеќто матуранти од неговото школо ги одбранија проектните за време на штрајкот.Барем тука наставнициве им се најдоа на децата.Ама не сите наставници.1600 деца малку ли се оставени сами на себе? Најмногу ми е страв за полагањето на државната матура.Датумите за екстерните се излезени.До сега требаше да се спремаат децата.Материјлот не им е допредаден,оцените треба да се поправат.Кога и како ќе полагаат?Никој ли нема да каже што ќе биде со децава? Толку осакатена генерација излегоа.За време на пандемијата знаеме сите како се реализираше наставата,квалитетот од истата е нула. Сега ова.Имаат изгубено скоро месец дена(распустот зимски им беше продолжен).
Еве и за пандемијата се виновни наставниците. Ние ја предизвикавме, ние решивме наставата да биде онлајн, ние решивме да ја кратат учебната година... Кај мене во училиште им дозволивме на сите матуранти да ги одбранат проектните. Со ова го прекршивме штрајкот затоа што не смееме да извршуваме никакви работни обврски додека сме во штрајк. Ама не бе, ние никако не сме солидарни, овие политичариве се солидарни.
Леле ај и браво да не сакате зашто замисли, сте си ја исполниле обврската како наставници. Должност ви е, не знам што се перчите. Кој ќе ве пријави бтв?
Нема потреба од плашење и така тоа што го учат, реално гледано, ништо нема да им треба во живото, пола ке го заборават ....битно за компјутери и мобилни се цареви.
Од учтивост нема да ти одговорам така како што заслужуваш да ти одговорам. Само ќе ти кажам дека не знаеш што е штрајк и не ме ни чуди што имаш вакви ставови.
Значи страв ви е од пријави, ама не ви е грижа за децата како ќе се снајдат за матура и остало. Себичност до максимум.
Јас не отидов самоиницијативно, не сум од Скопје. Отидоа мои колеги кои знаат дека никој не работи за нив, а многу работат против нив. Значи, немаат доверба во синдикатот. Како мислиш зошто да го прашате СОНК? Па јас не го организирам СОНК го организира. Знаете што значи да се организира протест од над 20.000 луѓе? Ниту имам средства, ниту логистика тоа да го организирам.
Тоа го едитирав погоре во постот, не пријава, ама може директорот да го смета како прекршок на штрајкот. Се преиспитуваш ли што пишуваш? Реков им дозволивме да ги одбранат, иако не смееме. Ова ти не сметаш дека е чин на несебичност? Или мавај, не е битно дали си во право.