Прост и искрен одговор: Зашто не сме глупави. Можевме ние и жолта лента да врземе како во Јапонија, што вика докторов, ама знаеме каде живееме. Трета недела битен сектор за целокупното општество не работи. Три недели, две средби. Толку им е гајле за вашите деца. Џабе ја префрлате топката кај нас, од нив зависи.
Тоа ви се работни месеци или не? Вие можевте многу до сега ама направивте малку и тоа се гледа од образованието на денешните млади ...
Досега не сум сретнал некој да работи било која професија од чисто алтруистички причини, освен нормално, ако не е некој богат наследник. Јас знам дека вас око нема да ви трепне и 10.000 ден. плата да ни даваат. Среќа за нас, полека се освестуваме со какви луѓе го делиме просторов.
Работни ни се, ама тоа се месеци на извршување на административни задачи и подготовка за настава во тековната или наредната учебна година. Се знае што е штрајк и притисок. Колку е поголем притисокот, толку побрзо ќе заврши. За наша несреќа, јавноста го сврте притисокот врз нас, наместо врз политичарите. И сега луѓево си кулираат додека изјавуваат колку се грижат за децата.
Не, не ви викаме без пари да работите лол. Ама да, за било што да работиш, особено па луѓе ако вклучува, особено па деца, треба да се работи со извезна доза на љубов,, а не ради реда, ко приморан да си.
Извини, ама ако земат хирурзи и лекари во итна помош да штрајкуваат вака како вас, на солидарност ќе ги повикуваме? Слична е ситуацијата. На матурантите им зависи иднината од ова. На пациент животот. Малку претерувате со ароганција и тоа дека сте биле солидарни. Секој оној кој одбира да е учител треба да е свесен за благородноста на таа професија. Замисли пожарникар да ми рече, штрајкувам а мене ми гори куќата? А чекај нели ти не беше член на Сонк, ако памтам убаво, како штрајкуваш?
Добро бе, колку години да чекаме за да штрајкуваме и побараме подобри услови и подобар стандард за нашата професија? Кажете со колкав период ќе бидете задоволни? Немавме штрајк во образование скоро 15 години. Според мене прескромни сме во однос на другите јавни сектори. А за тоа дека најголем дел од јавноста сака да работиме за минималец ние си знаеме.
Ви го разбирам револтот. Јас сум во приватен сектор вработена платена и повеке од доволно за овие услови, но два пати годишно имам ревизија од Германија каде ја контролираат мојата работа и спроведуваат тестирање. Колку од Вас сметате дека би се согласиле на овој концепт? За да се добие нешто треба и да се даде, а тоа е соодветно образование кое за жал го нема. Можеби Вие не сте политички обоена , но градот во кој јас живеам 80% е посебно од просветниот сектор што е поразително.
Во моето училиште се достапни. Имаме доста добар контакт со одредени профсори не сите. За во другите училишта не знам ама како што слушнав и јас ретко кој професор предметен е заинтересиран за матурата и тоа почнува да ги загрижува матурантите, но дел од матурантите не сите. Дека има некои и проф и матуранти не се замараат
Веќе реков дека и јас работам втора работа со странска компанија. Сакате да кажете дека образовните политики ги креираме ние? Еве ви кажувам сите реформи што се спроведуваат во образование се спроведуваат без консултација со практичари. Кога сакаат да замачкаат очи во јавност дека, ете, се консултирале, си земаат свои луѓе, им даваат хонорарче и си спроведуваат по нивно. Ова го прават сите влади, без исклучок.
https://mk.tv21.tv/shtrajkot-na-sonk-staven-vo-miruvane/ Откако се консултирале со правници или во превод, им фуфка
така де. доста беше реновирање, грчки, банско... сеа ко што ќе се на нож ќе е интересно... мн лесно ќе летаат од работа