Вие немате две чисти. Две недели овие од просвета ги оправате на форум. Нив ни господ не им помага. Штрајкот ќе продолжи додека вмро не даде поинакви насоки вие или се правите глупи дека не сфаќате што е работата или сте.
"Изрази надеж дека платите ќе бидат зголемени, дневниците за време на штрајкот нема да бидат скратени и дека колективните договори ќе бидат потпишани и утврдени со рокови" Изјава од Јакимчо Кај ви се другите работи кои божем сте ги барале, просветари?
Штрајкот е прекинат зашто така решил синдикатот. Нема врска со никаков закон. Ако беше така, одамна ќе го прекинеа.
сака да каже вемеро така рекло, ама пошо не е од сонк и само од медиум знае... нормално дека не знае..
Па и јас знам да читам (а и мозок имам ) па никаде не прочитав дека СОНК решил, туку дека им стасало известување од МОН, се консултирале со правници, па решиле дека ќе го стават во мирување, оти они биле почитувачи на правото, бла, бла... А, кажи ми, оти си многу паметен де, зш Јакимчо нигде не спомна дека барате подобри услови, туку само за платите збореше? И да... кај ви е достоинството што го збореше?
Зашто си гледа свои интереси и не му е гајле за просветните работници. Тој сакаше уште во вторник да го прекине.
Абе ко луѓе излезете на први мај, организирајте протест, марш, како сакаш кажи го. Или полесно е да седиш и чмаеш?
Ете така. Кога ќе се уплашат дека ке изгубат работни места и ке останат без плата,бидејки им укинуваат право на образование на деца и тужба дека ке јадат,ко попчиња ќе тргнат на работа. Само требаше порано за да не губат децава.
Друже, не се разбираме. Те прашаа зошто протестот е закажан за 4. мај, а не за први. Ти викаш оти СОНК тогаш го организирал. Јас те прашувам зошто чекате од СОНК да закажува протест кога можете и сами да излезете на први мај да протестирате. Како кога се собравте пред два дена пред СОНК самоиницијативно? Или тоа не беше самоиницијативно на членството и останатиот наставен кадар кој не се согласуваше со одлуката на СОНК за прифаќање на предложениот процент?