Ниту еден наставник/професор не е, а ниту бил во опасност од отказ. Му испратиле предлог за помирување, предвидено од Закон за мирно решавање на работни спорови. Човекот можел да го одбие, ама си го прифатил. Сега имаат законски рок од 10 дена да се договорат. Ако не се договорат, штрајкот продолжува.
Факт е дека никој не сака да оди на протест на први затоа што не им се пропушта пикник за протест.. Вака на 4 мај, барем некој ќе дојде..
Ако ги отпуштат сите кој ке ги учи децата? Македонски и англиски има кој ама математика и физика тешко. За 10 години воопшто ке нема.
шијем ти га ѓуро претходно состаноци по три саати, повуци потегни, па продолжуваа и сеа така случајно решил да прифати и тоа без никаква помпезност... мислам..кај смеат да кажат дека за врат ги фатија
Интернет гледам имаш. Изгуглај го законов, имаш член 18. Образовај се на свој ризик, во државава може и штетно ќе ти дојде.
Ниту се докажавме овие денови, ниту ќе се докажеме. Факт е дека и ти денеска ќе си била во државен сектор да не се случило тоа што се случило. Твоето искуство не е правило и според мене, треба да не генерализираш за ниеден сектор. Сепак, ти си знаеш, возрасна си.
Не е работава за плачење, им се расипа редот на децата со Короната, таман пак се враќаат во нормала, и се дешава ова.. Лошо влијае на самите деца, на нивните работни навики, на нивната психа, особено на помалите..
Се консултирале велат со правници,адвокти.. Им ја кажале песната што може да ги снајде доколку продолжат да им искратуваат загарнитирано право на образование.
Ајде сега да видиме кој останува да се бори до крај. Како викаа пред СОНК - "Одиме до крај, одиме до крај!"
А ти правник си? Оти и јас го прочитав законов (имам гугл, замисли) па не се праам дека знам нешто за кое што врска неам. Јас на пример сосема поинаку го сфатив законов, ама... Ај, мош некој правник ќе не просветли
Не сум правник, ама имам пријатели правници. Така стои во законот за некои сектори што се битни за функционирање на општеството како целина. Сепак, ако не дојде до решение во тие 10 дена, предвидено е да продолжи штрајкот. Секако, синдикатов знае дека нема никој да продолжи после зашто никој нема да му верува. Ќе прифати 12-14% покачување, дневници за време на штрајкот и нема да се одработуваат деновите како што ги плашеа родителите. Требаше да го прекине во вторникот, наместо да глуми сега дека немал избор. Ама мора, парите на членството се во прашање.