И не треба да ги пуштате. Јас вакво мислење да имав за наставниците на моето дете, никогаш не би го пуштил.
Чеки, еве прво пак просветариве ќе протестирале пред СОНК, попладнево *може е фејк инфо, не тврдам...
Не бе Ова како Малечката невеста да ја гледаме, а сега сме некаде кај заплетот. @WildMk вие ептен контра им одите
Па со оглед дека овие едвај чекаат помалце работа, треба да ги пуштат. Во спротивно услуга им правите
Па не дека многу им дојде да ги видат децата. 19 саат, ни некој не извести дали да одат ни која смена, штамаа....
И јас барав известување од наставничките, ми рекоа вие тоа што сте разбрале и ние толку разбравме, официјално известување немаме кога ќе добиеме ќе ве известиме. А еве го 19ч, кога планираат официјално да не известат, кога и како да го планирам јас утрешниот ден?
Исто....ГЛЕДАЈТЕ ВЕСТИ..имало штрајк пред СОНК. Им се заарни на учителките. @An-na што те чуди сето ова.Чиста политика.Само за детецата ми е криво.
Дури и за ова не се замараат да сврзат една реченица за соопштение. Чекаат да им пратат и они само да препратат. Ние овие три недели требаше исклучиво од медиуми да се информираме и тоа беше сосем легално, а за нив медиумите не важат. Они мора да имаат официјално "од главниот".
Се зафркавав, ама инает ме фаќа Па нека пишат. Има право секое дете на одреден број неоправдани отауства. А? Се лажам или не?
Мислам дека до 16 неоправдани е границата, после се лета од школо. Или не знам точно како беше. Има ученици и со 50 неоправдани во средно па никому ништо. Ај не одам утре на школо ќе кажам не знаев дека треба да се оди. Кога можат они без срам преку нас да се борат за повеќе пари, ни јас нема да им одам утре.
Какви неоправдани. Детето ми е на чување во Гевгелија, нема кога да одам да го земам и готово. Касно известуваат за да се реагира навреме. Кај нас во група пишаа дека некое дете дури не било ни во Македонија. Ова е тоа за што пишав пред некој ден. Денеска барем кај 4 излегоа. Завчера до 7 абер немаа.
И нас сега ни кажаа. Значи, искрено, тешко и на наставниците. Класната ни е од тие што заслужуваат 100% покачување и и таа тогаш дознала. Го гледав сега протестот пред Сонк, жената во црвено, и се плаче дур зборува. Тоа е тоа. Тоа беше часот кој требаше да им го одржат на децата. Сите заедно пред влада по работно време или за викенд, а не да чекаат партиска организација како Сонк да им ги даде правата. Затоа, да ставиме сите прст на глава и да не дозволуваме вакви работи. Ова е одамна собирано, и доколку и аат основи за тужби треба да си го тужат Мон да им исплати се. Сто пати се повторив на темава, жалосно е што заради глупавите политики, заради вработувањата со врски и пред се заради поделбите помеѓу наставниците во партиски табори дојде до ова. Секогаш ќе ја гледам реалноста, а се надевам дека и наставниците и родителите ја научивме лекцијата од ова, едните да намалат со арогантност другите да покажат повеќе почит. Сепак едни без други не можеме.