Форумџика на годината 2020

Шум на срце

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од granger, 18 ноември 2010.

  1. granger

    granger Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Здраво,

    Само што се вратив од спортска медицина и лекарката ми кажа дека е можно да имам тн. невин шум на срце. Не ми дообјасна што и како е работата, туку ми даде потврда дека можам да тренирам, но ми кажа да и донесам ехо за да види дали и каков проблем има. Од друга страна имам и проблеми со дишењето, па и без разлика што стетоскопските наоди покажаа дека е во граници на нормалата, сепак јас мора да застанам понекогаш и да вложам напор додека да успеам комплетно да земам воздух. Дали имате некое слично искуство, и дали некој може да ми каже дали е безбедно да се тренира доколку постои таков невин шум на срце!
    Ви благодарам многу на сите!
    Поздрав
     
  2. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    733
    Ако веќе ти дадоа потврда дека можеш да тренираш тогаш е во ред, само обавезно да направиш и ехо, аускултација на срце сепак е субјективен наод и зависи од искуството на лекарот ( сепак ако си била на спортска медицина на клиники, тогаш нема што да се грижиш ). Ехо е 5 мин работа, безболна е многу ефективна постапка која точно ќе го покаже шумот каде е и колкав е, плус покажува и големина на срце, дебелина на зидови, подвижност на валвулите и уште еден куп други информации. :)
     
  3. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.803
    Јас имам невин шум на срце.Ми го открија во 6-то одд. а од пред тоа сум го имала,не памтам добро,можеби е и вроден.Не е постојан,се губи и повторно се јавува,може со години да го немаш и после пак да ти се појави.Инаку мислам дека тренирањето нема да е штетно,баш напротив,мислам дека е корисно.Мене тогаш ми препорача лекарката да спортувам,ама не ептен ептен многу да се заморувам.Треба да се избегнуваат цигари,да не се пие премногу кафе и да се избегнува нервоза.Јас како јас ништо од тоа не почитувам,мразам кога сум ограничена... :worried: Пушач сум и пијам по 5 кафиња на ден :D а и 100 години на конторла несум отишла.Понекогаш срцето многу ме стега,си мислам,можеби повторно се појавил и ме фаќа страв. :sweat: Направи си ти ехо,така подетално ке ти кажат што-како.Аааајјде со лесно нека е ;)
     
  4. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.024
    грангер колку години имаш?
    сестра ми имаше како помала исто таков шум и имаше мали проблеми во однос на заморувања при активност,но после неколку години кога влезе во пубертет со редовни контроли и открија дека малиод дефект во валвулите кој го имала,и се решил и сега нема никакви проблеми.така да ако си помала не се секирај,редовно оди на контрола и се ќе се среде.&0% од децата го имаат тој невин шум,имам читано ;)
     
  5. julijana77

    julijana77 Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    zdravo jas imam takov sum mi go otkrija na 8-9 godini ,doktorot rece deka ne e nisto opasno no i den denes imam poremetuvanje vo ritamot na srceto a interesno sto go procitav i kaj tebe e so disenjeto dali i ti nekogas ne mozes da se izdises ubavo znaci si dieses i se naj normalno no koga sakas da se izdises ne mozes da zemes dovolno vozduh nekako ne mozam da objasnam :( mozebi ima povrzanost so srceto i jas ne mozam da se izdisam no sepak ne veruvam deka vo sportot ke ti smeta toa ti posakuvam sreka pozz
     
  6. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    640
    Луѓе, некогаш ми треба повеќе време додека се издишам убаво, дали ова е некој симтом на шум на срце?
    На моите не сум им кажала, мислев дека не е ништо сериозно.
     
  7. taznatajbg

    taznatajbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    симптоми

    * Кожата е модра, особено на врвовите на прстите и усните
    * Појава на отоци
    * Недостаток на воздух, чувство на гушење
    * Зголемен црн дроб
    * Проширени вени на вратот
    * Слаб апетит и бавен раст (кај бебиња)
    * Нагло зголемување на телесната тежина (кај возрасни и деца)
    * Изразено потење при минимален напор или во мирување
    * Болка во градите
    * Вртоглавица
    * Слабост
    * Пристапи на губење свест
     
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.285
    Допаѓања:
    31.145
    Пол:
    Женски
    Од кај ги најде жити се овие симптоми :o дај не ги плаши девојчињава тука, од 10 годишна возраст имам шум на срце и ништо од ова немам, зашто ништо не е ни точно :!: Единствените симптоми ми се што брзо се замарам при трчање, и понекогаш воздух не можам да земам, ама ова е.. :x
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.803
    Стварно тажна од кај ги извади симптомиве??? Кој знае за што се... Точно дека од шум до шум има разлика, има повеќе видови, ама мислам дека до толку страшно не може да биде. Треба само да се внимава. За мојот случај имам пишано погоре, да не се повторувам. Понекогаш чувствувам дека ме стега или боцка срцето, ама од тоа што си пишала тешко дека нешто имам! Можеби понекогаш слабост. Исто така и чувство на гушење, ама тоа мислам дека ми е повеќе затоа што во тој момент кога ќе ме боцне во градите сум исплашена.
     
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.285
    Допаѓања:
    31.145
    Пол:
    Женски
    И мене ми се случува истово, понекогаш ми се јавува болка во градниот кош и како некоја мачнина на срцето, тоа обично кога сум изнервирана :( И нормално ќе испаничам јас, и тогаш ќе почне тахикардија, па како да не можам да дишам |( шта чеш хипохондрик :D
     
  11. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Јас имам шум на срце, и оние горенаведениве симптоми од taznatajbg немаат никаква врска.
    Инаку прв пат забележав дека нешто не е во ред кога одев на пливање, и некако бргу се заморував, и кога правев пауза имав тешкотии при вдишување. Некогаш кога нагло ќе станев од кревет срцето брзо ми зачукуваше и ме стегаше. Имав некои моменти кога без никаква причина ми требаше поголем напор за да вдишам, ама траеше неколку секунди. Една вечер не можев убаво да земам воздух се мачев, па мајка ми ме однесе на лекар, поточно во Филип II. Ми направија некои испитувања и испадна дека имам шум на срце. Докторот ми рече дека тоа е нормална појава, особено кај децата во пубертет и дека не е ништо страшно. Ми рече да продолжам да спортувам и да не се плашам, и ми рече редовно да пијам бедоксин со магнезиум. Поминаа околу 4 години од тогаш, тогаш имав негде 13 години, сега имам 17 и немам никои изразени симптоми. Иако од време на време се појавуваат ама сега ептен ретко. Како што паметам мислам дека ми рече дека не се лечи целосно. И дека во некои периоди во животот, кога сум под стрес или слично, симптомиве ќе бидат поизразени.

    Така да нема место за страв и паника, нормална појава е :)
     
  12. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Јас имам вроден шум на срце па еве ме жива и здрава и во текот на пубертетските денови лекарите велеа дека можеби ќе се изгуби ама не се случи тоа.Активно тренирав одбојка и немав никакви проблеми само што повеќе пати имам приметено дека како поминуваат годините толку повеќе ми создава напор во смисла дека и при мал замор јас се задишувам и тоа она тешко задишување што дури и некогаш неможам воздух да земам.Бев на лекар и ми рекоа дека се е во ред дека нема никави промени во однос на тоа.
    Би ти препорачала доколку немаш забрана за спортување слободно да спортуваш и да не се чувствуваш помалку способна од другите.Моите исто така се плашеле како мала да ме запишат на некоја од спортските активности ама со текот на времето јас самата си одлучив и тргнав и исто така при преглед на спортска медицина лекарот патем ми извади , дека било штетно ова дрн дрн, се посоветував со др лекар и се беше во ред.
     
  13. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.976
    Мене уназад две недели ме пецкаше околу срцето,бев доста нервозна и под стрес па ваљда е од то :?: Се загрижив доста, но не бев на лекар дека во последно не ме пецка толку многу.Паничар сум голем ама си велам дека ќе да е од ова?? А можеби и имам некој шум на срцето,бидејќи татко ми имаше а веќе е починат и сега се мислам да не сум наследила и јас :worried:.Порано не можев да се издишам,ама сега го имам симптомот што ви го лажав погоре.Знам дека не можите да ми кажите од што е и како е нормално,но мислење ваше би ми годело :)
     
  14. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.803
    Епа можно е да си го наследила, како што кажав повеќе вида на шум има, барем така лекарите ми објаснуваа. Не мора да значи дека е срце, ама отиди си на лекар за секој случај. Чисто контрола нема да ти штети. :) Те разбирам дека си исплашена, нема играчка со здравјето, што и да е во прашање.
     
  15. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.976
    Да,да ќе одам секако фала ти многу за советот,како што кажа нема играчка со здравјето,а и заборајв да напоменам дека и мајка ми е почината од срцев удар без претходни предупредувачки знаци,како што всушност и во повеќето од случаите е така да видно сум исплашена и треба со време да одам и да се консултирам со лекар.Се најдобро :*
     
  16. mili4ka122

    mili4ka122 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, значи подолго време тренирам кик бокс но правев пауза од 3-4 месеци и почнав пак сега.. Проблемот е тоа што уште додека се загревавме мене веќе ми се слоши а потоа додека мававме неможев воздух веќе да земам.. На тетка ми и кажав и ми кажа дека е можно да е шум на срце, мене ми е ептен страв ако е тоа има ли некоја што знае нешто повеќе за тоа и дали ќе можам да вежбам и понатака ? :|
     
  17. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Другар почина од оваа болест :(
     
  18. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Како можеш вакво нешто да кажеш значи има луѓе што живеат со тоа и најнормален им е животот не ги потресувај другите што имаат, тоа таму негово си било.:talk::@
     
    На Slatkarka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Не кажав јас ништо лошо како прво,како второ секако дека не ми беше целта да заплашам некој далеку било ни на крај памет,само се потсетив на другарот и знам како е,има луѓе што се излечиле скроз од оваа болест и баш ми е мило,ти ако не си сфатила што сакав да кажам и дека не беше тоа со лоша намера не коментирај подобро.Фала чао!
     
  20. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Не ни помислив дека со лоша намера јас сваќам си се потсетила ама како пишуваш тука таака кога свесно знаеш ќе се потресат. Пиши на др место каде што нема да се примети а ти баш си насшла овде да пишеш дека другар ти починал.!