бевме три месеци заедно, и пред да го снема, две недели се немавме видено цело време имаше работа, и јас совршено го толерирав тоа, иако ми се јавуваше секој ден. еден ден ми дојде преку глава и му пишав порака дека ова на ништо не личи и ако мисли да тера врска нека почне да се понаша така, бидејќи мене не ми треба мувач во животов. и следната вечер ми се јави и два саати збореше како се осетил многу лошо кога ја видел пораката и почна да ми набројува работи што му пречат кај мене, дека треба да почнам јас да се јавувам дека секогаш он ми се јавува,и да прекинам со пораките бидејќи тоа не е начин на комуникација, можам макар и да титнам ако сакам да го слушнам, друго дека сака да не се преокупирам со него бидејќи во перидов е во депресија и не го интересира апсолутно ништо освен работата и и слично и му реков ок ама и ти ке си поработиш на некои твои мани,и се договривме другиот ден дека ке се видиме и ми рече супер ќе дојдам во 20 да те земам и ке одиме негде. другиот ден се јави накај 17 и ми рече дека го зезнале пак мора да работи. и толку. од тогаш го снема,му пишав две пораки не ми одговори.после тоа му пишав и маил во кој изнакажав се, бидејки некои работи што ми ги кажа на телефон ме навредија, и на крај напонемав да не ми одговара на маилот за да не ги влошиме работите. направив грешка можеби за тоа, ама после две недели ме фати криза почна да ми фали и му пишав пак дека ми фали и дека сакам да му се јавам, ако е ок да го барам да ми титне или пише, а ако не да знам веќе да не му досаѓам никогаш. и повторно игнор и сега веќе незнам што да правам? ejM