Ние сме другарки кои сакаме да и помогнеме на една наша другарка, како најважно не се работи за болест што е добро но сепак ни треба помош. Живеат во многу лоши услови нема ни интернет ни мобилен затоа ние решивме да собереме пари. Парит ни се потребни за да купиме иверица и да и направат плакар за облека. Еден човек ке го склопи ние само треба да собереме пари, од мло место сме и собравме само 1000 денари но потрбни ни се уште 3600 денари (толку израчуна тој човекот, се на се 4600 ден). Затоа ве замолувам ако можете да помогнете, побаравме на фб но незнам налетавме на некои параноични особи и овде речивме да побараме помош. Верувале или не ја чува облеката во кутии и едно прастаро скафче кое е отворено само полици е но многу е старо и распаднато се плаши да заспие да не и падне врз неа,инаку е млада и срам и е другарки да и идат на кафе иако се добро знаеме. слики ако ви се потребни ке ви пужтам во порака јавно сепак нема смисла.В молам помогнете ни да собреме тие 3600 денари кој колку може по 100 по 200 денари но по карго или по пошта дека не сме од скопје а наскоро овој месец и е и роденден па сакаме да ја изненадиме. ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ НИ ако случајно сеусте постојат добри и хумани луге и успеме да собереме пари ветувам дека јавно ке го сликам плакарот и постирам тука. Благодарам однапред и ве молам.
Чекај сега...разбирам дека се сака да се помогне и дека има многу сиромашни.Сакам да помогнам многу но ме интересира на кого помагам.Не во смисла дека сакам благодарност ,но не сакам ни некој да манипулира со мене па макар биле и 100 ден..Навистина мислиш дека вака ќе соберете пари? Ако сте во основно или средно организирајте помош на ниво на училишта.Вака тешко дека некој ќе помогне а не знае на кого помага.Идејата е за поздравување ама до реализација не знам дали ќе успеете на ваков начин.Отворете жиро сметка ,кутии со име и презиме да се знае за кого и како одат парите.
Се согласувам со @lunicka најубаво е да отворите жиро сметка и тел броеви на кој ке се донираат парите и данаправите некоја хуманитарна акција за да и се помогне вака е многу тешко да се соберат. Стварно огромно браво за ова што сакате да помогнете ама подобро организирајте се за да може секој да донира.
Ај да бидеме хумани и да не мислиме дека некој не трола,ама вака да бараш помош,мислам е многу..наивно. Па и на ромче кога му пуштиш некој денар во рака ,барем за момент видиш на кого ги даваш парите
Прво ако сака некој да помогне како би помогнал кога нема ни име, ни презиме, ни податоци, ама баш ништо? И второ, ако некој сака да даде 100 ден попрво би дал на многудетно семејство што нема леб да јаде, или за некој болен отколку за плакар..... Замисли ти доаѓа детето од школо и ти вика: Мамо, дај ми 100 денари, собираме пари за плакар за некоја девојка...
Темава оди под клуч поради недостаток на податоци и несериозност. Доколку навистина имате потреба од помош можете да се обратите во оваа тема http://forum.femina.mk/threads/Донираме-средства-за-оние-на-кои-им-се-потребни.6588/page-25, да наведете податоци за кој, како да се донира, да бидете транспарентни кога веќе барате помош од некој, а тогаш е можно и да ја добиете.