Не најдов ваква тема, а многу ме интересира вашето мислење (ако има ваква тема затворете ја оваа) Од секогаш, и пред да бидам во брак, сум се ужаснувала од мажите од оној тип што не знаат каде е кујната, што не знаат да фатат да помогнат, што мислат дека жената бидејќи е мајка она треба 100% да е посветена на децата, а тој кога има време ќе си поигра со нив и сл. Значи од оној тип на мажи што ги викаме балканци Ме инспирираше да ја почнам оваа тема мм, кој вчера додека гледавме телевизија, ми рече да му донесам кока-кола. Кога сум му писнала! И двајцата седиме, а јас да станам да го послужам. Не го направив тоа, ама му одржав лекција. Мислам дека ако се послуша и се донесе, ќе следуваат повеќе такви работи додека не се претворам во слугинка дома (нешто како оние бракови на постарите). Ова е нешто против кое мислам дека ќе се борам дури дишам. Потоа, бидејќи не доби кока-кола, ама доби лекција (после 1-2 саати) следуваше прашањето: „Ќе ми направиш нешто да вечерам“? Па доби уште една лекција. Не за друго, туку сите обврски дома се оставени на мене (перење, пеглање, чистење, ручек), па уште и да земам да го служам и ќе треба да се мрднам. Како е кај вас? Дали вашиот сопруг е „балканец“ и ако да, како излегувате на крај со тие работи?
Не, мојот е папучар Не дека за се нешто се договараме ама имаме разбирање. Едноставно, кога може тој неморам јас или обратно. Mи текнува на една случка кога малиот беше бебе. Се туширам јас и меѓувреме малиот се покакал (кога ќе се искакаше почнуваше да кенка додека не му се смени памперс). и чука тој на врата од вц и ми вика ,,ајде побрзо, малиот се искакал да му смениш памперс,, а јас ,,чекај само што влегов, смени му ти,,. Излегувам јас после пола саат а тој јаден го избришал и го фатив на позиција ,,како се става памперс на бебе,,. се насмеав и му реков - не си ти за таа работа. СДК ќе се снајде што и да е, дали ќе е правилно и ок не е битно ама битно дека се потрудил. Не патиме по дома од машко ,,его,, или ,,балканец,,.
Рака на срце помага за се... не пати од машко его. Кој што и колку може ќе сработи... Пу-пу да не го подречам
Јас готвам, јас принесувам, дополнувам чаши, раскревам, тоа балканската жена во мене така ме тера... па мењам сијалици низ дома, поправам ситни ствари и користам бормашина Овоа моето маже не е ни од балканот ама му годи изгледа да чува и домаќинка и индепендент во едно Ама секогаш ми донесе голееема чаша ладна вода насабајле, без да му побарам, кога претходната вечер сум се довлекла дома муле пијана во ниедно време.
Значи имам среќа што мојот не е таков, да не го подречам, значи во се и сешто ми помагат, дури некогаш и претеруват, ама супер е
Не дека секаде по светов мажите се со пегла во рака и домашните обврски се еднакво поделени ама мене кај зборот Балканец не е средувањето по дома тоа што ме плаши.Лошо е ако сите негативни особини што ти ги има партнерот ги препишуваш на менталитетот и се тешиш дека сите се такви. Не е мрзлив, ама знаеш...Балканец. Не дека е толку многу љубоморен, али...Балканец. Би останала подолго на забава, ама знаеш каков е...Балканец. Сепак не сме во времето на нашите дедовци и баби, па и на нашите родители, ама совршено оправдување си имаме, нели?
мојов е "Американец" рака на срце,Господ грев ќе ми пише ако се пожалам од ММ.понекогаш низ дома работи појќе и од што треба.доволно е да кажам дека јас не ја искапив керка ми до 7-8 месеци,тој ја капеше.во викенд тој сака да спрема поручек.кога купувавме правосмукалка тој бендиса една а јас не ја сакав,и се смееше ако ја купиме оваа никогаш нема да те пуштам ти да метиш и ја купивме таа "неговата" и ден денеска кога и да земам да смукам тој ми вели ај дај јас да исмукам
Кај мајка му ништо не чепкаше, односно додека не дојдов јас. Проба сиромашкиот да си седи по навика со скрстени раце, ама кога дојдов кога му писнав, се опамети. Мајка му домаќинка цел живот, и навикнати сите само на - Дај... И он, и золва ми и сите. Доаѓам од работаи она ми вика да ти ставам ли за јадење? Ај не заебавај. Станува од спиење и креветот нели сам треба да се намести и се останато само да се прибере. Го испосрамив, да видиш како собира, пружа алишта, си мести маса, си собира маса и се како што си треба. Се потсети на војска како се диплат алишта Поимот балканец потекнуваод нашите баби што ги навикнале мажите на служење, па мајкиве наши нешто од нешто смениле. Јас имам покомплицирана и потешка работа од него, работам повеќе саати од него, и кога ќе дојдам дома да го служам??? Мало сутра. Што работам јас работи и он, освен пеглање и бришење прашина. Правосмукалка е негова работа, прозори и врати се негова работа. Искрена да бидам, поубаво од мене ги брише!
Балканец?Да,овој мојов е во вистинска смисла таков Се случува да помогне нешто ама тоа е инцидентно.На прсти може да се наброи колку пати помогнал нешто.И како за беља кога ќе се фати за нешто сите ќе го видат.Ручек нема подготвено со исклучок на скара кога се бавта околу оган.Машина за алишта и за садови не ни знае како се вклучува .Еднаш кога бев бремена изнесе кебиња на тераса,и погодувате цел комшилак го виде.И сите, леле блазе си ти колку ти помага .Не знам таков е ,не сака да помага.Секако дека сум му укажувала на се ама џабе.Спомнувате бришење на прозорци и диплење на алишта.Тоа е мислена именка за него.Поголемиот дел на машки работи јас го вршам или ако е нешто што не можам или не знам викам мајстор.Се случува да поправи нешто ситно,ама тоа е толку ретко што е неприметливо. Таков е ,кога тој не работеше си скиташе и нормално чекаше спремен ручек.Колку пати сум била уморна да подготвувам ама морав зашто ќе станеше гужва.Од него ми се смачува готвењето,не уживам во него,го гледам како нужно зло.Сега оди на работа ,руча и во кревет со даљинското в раце.
Мене ми е уште рано да кажам, ама ми се чини дека и мажот ми многу ќе ми помага во иднина, кога ќе живееме сами. Сега за сега, сеуште живееме со неговите, па не можам да кажам дека јас се‘ сама работам или дека тој се‘ работи. Но во многу ситуации ми има помогнато, или се има понудено да помогне. Тој би работел се‘, но проблем е што јас не дозволувам (или сметам дека нема потреба, или едноставно не ми се допаѓа како е некоја работа извршена). Некои работи најубаво ми е кога самата ќе ги завршам. Пр. бришење прозорци - јас, диплење алишта - јас, пеглање - јас. Тој ќе се труди, но нема да биде по мој терк. Додека правосмукалката, бришење прашина, поставување и кревање на масата, миење садови, чистење WC и сл, се работи кои тотално можам да му ги доверам . Да знаете само како брише прашина! Му велам: пополека, бојата ќе ја излупиш, не мора толку да стегаш! Срце е, сега за сега. Дури и кога правам ручек (а јас готвам само за викенд) ќе дојде и ќе ми рече: што да ти помогнам? Пред некој ден имавме слава дома, јас си сервирам, а тој доаѓа и ми вели: да го наредам јас ова? Да ти помогнам нешто? А, ќе заборавев, секој ден пијам кафе од него! Најубаво кафе тој ми прави! Не, не е тој типичен „Балканец“, барем сега за сега.
Мене знае да ми помогне од типот на симнување на завеси бидејќи физички не можам да ги стигнам високо за да симнам, или да измие тањири 1-2 пати неделно, ама прашини, џогери, пружање алишта, па дури ни сопствениот плакар не си го мести и сите за оние секојдневни други работи ништо не фаќа, или треба да го молам 5 дена (ова успева само за под и тоа после денови зборење). И на крај ќе ми рече ти подобро го правиш тоа од мене, а тогаш одговорот ми е: вежбај и ти за да бидеш подобар
Помини после него, ама не му викај не чини. Јас тоа правев и уште правам. Него му ја вежбам навиката за да си усоврши кои работи сака да ги прави по негов избор, а мене мирна ми глава. Ќе го научиш точно како сакаш ти. Првиот пат кога избриша прозорци, надвор мислиш магла има... Ги зашљака, да ти се згади. Со убаво (да не речам ко на дете) му објаснив дека не е добро, и му кажав како треба. Јас неможев, шинато ми беше рамото а неговите беа на одмор. Супер ми се погоди, се си научи. Јас перам и пеглам, ќе му ги здиплам и наместам во регал. Ако си ги растури после, исклучиво негов проблем. И ако има растурени внатре, само ги ставам до регалот алиштата не ги редам. Да видиш како се научи. А кога ќе зезне нешто што знам дека одвај сум го натерала да го направи, ќе му речам да да супер е, и кога ќе се мавне ќе го преправам. Со тек на време ќе свати како треба, и ај со здравје. Итроштини бре феминки, жени ли сме што ли сме!
балканец според она што сте го дефинирале не е ... и на други теми имам спомнато за нашиот однос ама ајде пак во темава. многу ретко гледа телевизија така да проблемот со далинското пред телевизор и не правење ништо кај нас не постои. готви, мие садови, фрла ѓубре, усисава, заедно го местиме креветот или некогаш он сам некогаш јас сама, пазари за дома за јадење но и други работи како тавички, тенџериња чаши итн. никогаш не рекол ај направи ми за јадење, туку секогаш прашува што ќе/сакаш да ручаме/вечераме денес. ако јас готвам тој ги мие садовите или прави салата ја мести масата итн. ако он готви јас средувам дневна спална итн. дај ми ова или она мн ретко се случува така да и кога ќе ми речи не ми е проблем, и он истото го прави за мене. морам да признаам јас сум помрзелива од него забрани за излегување не постојат, за работа пак ич, гледа да сум среќна и задоволна и да си живееме мирно. не постои ни проблем со мајка брат сестра се знае кај него дека јас сум најбитна и никој ништо не смее да ми речи или да направи. не ме форсира на ништо што не сакам да правам ... навистина сум среќна да имам ваков сопруг бидејќе да бил некој друг одамна ќе сме се исколеле едит:а дали треба да отвориме тема балканка ? една типична балканка знае да иритира како и еден балканец... позитивните и негативните страни на една балканка што само мажите да ги кудиме
Последниве 5 месеци е баш ваков кога јас би пишувала треба ама баш истото да го препишам .Е сега што праам јас ручек кога ми се прави праам , ако се наљутам неговите алишта ќе си останат непрани ибидејќи не знае да уклучи машина а инејќе данаучи итреба даја чека мојата милост си поќутува .Нее тип кој прави гужва ама не помага и е балканес затоа што има такви сфаќања „модерни“ .===> Жената нее за дома таа е за на работа и дома бидејќи е еманципирана. Пред овие 5 месеци секој ден ме чекаше ручек о него ама се породив си доби сигурност уште еден симптом на балканец и сеа ќе си тера и се на мене остава ама затоа и јас му враќам како што пишав или ќе ми рече донеси ми нешто ааа не можам и не мрдам истанува сам си зима и си мрчи ама си зима Од гире не важи тоа заработата бидејќи сеуште не работи
Имавме ваква слична тема, мислам дека беше -Колку сопругот Ви помага во домот. Тогаш се изјаснив дека повеќето домашни работи јас ги вршам и не ми претставува проблем бидејќи некогаш се случува да дојде од работа во 19ч. и некако не ми иде да го чекам да дојде за да усиса или пак да испегла, уклучи машина, пружи алишта, измие садови итн. поготово кога сум дома и се досадувам. Инаку јас готвам секогаш, ако немам ручек никогаш не ми направил проблем, а неделните утра се резервирани за него, секоја недела прави доручек....и нормално кујната е хаос , ама ако, го пуштам да се шљака. Јас сум од оние педантериите , се` мора да ми биде средено и скоцкано затоа што не се знае кој кога ќе ми наиде или пак може да се случи не планирано да излеземе и ај сега да ми се одложи за утре домашната обврска (пр. миење садови) ... Не сум тип кој чека друг да му ја заврши работата, барем не онаа за која сум способна и за која имам време и можности. Она што не го можам, нормално чекам на него, а ако не е тој, тогаш тука е свекор ми , од него имам помош околу електрика на пр. Мене ми е доволно што прифатил некои работи кои мене ми сметале, а му биле навика од мамица-пр. фрлање чорапи така во купатило без покиснување, нешто што ужасно ме нервираше , тоа се смени и сега сам си ги покиснува, потоа диплење на неговите алишта кога ќе си дојде од работа и ставање на соодветно место (плакар, шифоњер и сл.), поставување на масата и нејзино раскревање кога заедно ручаме или пак кога имаме гости, заедничко местење кревет, тресење постелнина и сл. и нешто на што посебно сум горда е тоа дека сам си ги чисти чевлите и патиките, и ова е мое дело Ако нешто во што ужива мм и му е задоволство тоа е чување деца. Многу, ама многу ми помага околу нив кога е дома, обавезно едно дете анимира, некогаш и двајцата ги заигрува, а јас одмарам, вршам некоја домашна обврска или пак дремам тука на фемина. Дури и ноќе станува да го чува малиот, го нишка, го заспива, ако стане и не сака да спие мм си игра со него, ќе го заспие пак иако секое утро станува во 6.30ч. за на работа. Можам да сумирам дека мм не е типичен балканец, ако се мисли на оној тип на мажи кои доаѓаат дома и кукаат колку се премориле на работа и после јадење фаќаат кревет позиција и далечинско (всушност нас ТВ нон стоп ни е на цртани или пак ќерка ми го узурпира со нејзини детски песнички и емисии). Се случило да дојде преморен дома, издишан, со подочници и се гледа дека едвај стои на нозе и очите му се затвораат, ама секогаш ме прашувал дали може да дремне малку или прво јас да легнам да дремнам, па после тој. Мое мислење е дека само оној сопруг кој не ја сака доволно и не ја почитува својата сопруга, не ја жали и остава се` на неа. Тој што те сака нема да те третира како слугинка и куќна помошничка.
Додека живееше со неговите, си беше навикнат се мајка му да му прави, он ретко да се заинтересира, со изговор дека немало потреба, се му било наместено. Откако почнавме сами да живееме, во скоро се е вклучен. Усисва, брише прашина, брише прозори, мие садови, готви, пазари, пушта машина и тоа не чека јас да му речам и да го молам, туку сам си наоѓа работа. Мрази пеглање, местење спална и пружање алишта само, се друго без проблем со задоволство извршува. Никогаш не оставам се на него, најчесто јас правам ручек, он салата, па ја раскрева масата, мијам садови, за тоа време он вари кафе и така си ги поделуваме обрските. За викенд чистиме, јас усисивам, он брише прашина и прозори, заедно пазариме, готвиме и после имаме време и да прошетаме или да одиме на кафе. И диплењето алишта не му е баш омилено, ама разјаснивме дека не можам јас да одам и да ги собирам стварите расфрлани по него. Обожава деца и ми вика ти само роди ги и да не се секираш, јас ќе ги чувам и за се ќе ти помагам. Често правам споредба со него и татко ми и сум преблагодарна што не е како него. Татко ми до скоро беше типичен балканец. За ништо не се интересираше, се да му е наместено, ставено, а уште да можеше некој да му изџвака па он само да голте, е тогаш за него би било супер. Сега кога подостаре се свести дека треба и он за жив да се покаже во куќа.
Камо среќа овој вид на мажи да можеше да се смести во иста категорија со диносаурусите... Не се карактеристични само за постарите генерации...туку овие затупени размислувања сеуште егзистираат и кај помладите. Некни имав прилика да направам муабет на оваа тема со дечко од 20 и нешто год.Цитирам" јас кога ќе си дојдам од работа повеќе не работам ништо "А жена ти зарем таа не оди на работа???таа не е ли уморна?И таа има душаИли по дифолт само за тоа што си ти маж после работа треба да заминеш в кафана или да се оптегнеш со пивото в раце пред телевизорот??? Навистина ептен паразитски...живеев со еден таков кој ни креветот не си го местеше сам.Тоа го правев секогаш јас или мајка му кога одев на работа А за други работи да не правиме муабет помош немав апсолутно во ништо!!!Битно тој си фантазираше колку голем маж е!!! Уште пострашно Ова балкансково не се провлекува само околу поделбата на домашните обврски опфаќа и други сегменти.Типичниот балканец мисли дека местото на жената е дома..додека тој може да скита каде сака...со кого сака и до кога сака.
„Балканската“ распределба на машки и женски обврски до првата половина на 20. век била идеална. Зошто? Затоа што мажот работел физичка работа во полето или бил на дуќан во текот на целиот ден, а и жената по цел ден се занимавала со домаќинските работи. И сосема било нормално да си ги поделат животните обврски. Но, денеска кога и мажот и жената се по цел ден на работа ненормално е да се очекува само од жената да ги извршува домаќинските работи. Исто како што е ненормално да мажот кој не оди на работа да не ги извршува сите домаќински работи. Толку за општите работи. Јас живеам сам и сакал неќел морам да ги извршувам и домаќинските работи (уште ме пери мајка ми, која живее во друг град). Ако не си исчистам, ќе ми биде нечисто, ако не си зготвам нема да јадам... Кога би бил женет на сопругата би и` помагал во домаќинските работи ако и само ако и таа оди на работа или од дома работи нешто. Ама да седи дома по цел ден и да ме чека (шетајќи по комшии или седејќи на фемина и оговарајќи ја мајка ми ) за да готвиме заедно или да чистиме, е тогаш ќе морам да и` повикам куќна помошничка - метла со подолга рачка. (Секогаш сум против насилство и ова е само чисто фигуративно. ) Исто така и кога жената би одела на работа, а јас би седел дома, тогаш не би очекувал никаква помош од невестата во домаќинските работи.