1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Балканец“

Дискусија во 'Брак' започната од Vetruska, 25 март 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Да не се фалам, али мм за тоа е стварно многу фер. Особено последно време. И тоа се` благодарение на свеки. Дур сум жива ќе и` бидам благодарна за тоа. Уште кога и` кажал дека фатил девојка за озбилно, одма жената го предупредила (самиот ми кажа), му рекла „Сине, здравје Боже ќе треба и да се жениш, ако не со девојчево, со некоја друга. Никако не смееш да и` ја оставиш цела работа, мора тие работи со договор. Ја гледаш некогаш капната уморна, подобро ако не знаеш, јави ми се мене прашај ме, отколку да го мачиш девојчето.“ И алал да и` е за муабетот. Си го фаќаат некогаш така моменти на „не ми се станува од столче иако сум одморен/на“ и се праи дека не приметува дека џогирам низ цел стан за да воведам некој ред, ама и јас си ги имам истите моменти. :$ Си се препознаваме, си се толерираме, си се помагаме, но никогаш не сме злоупотребиле на сметка другиот да се почувствува како слуга. Од фините Балканци е (само географски :lol: ).
     
    На Lolo5, Ketchup, belisima88 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Чуј дете, вака дискусија со мене не завршуваат ни мојот татко, ни маж ми, а ни мојот шеф или директор, па нема ни ти.
    Јас го напишав моето мислење кое се темели на четириесет години искуство, петнаесет години брак, и дваесет години професионално искуство, константна перцепција на луѓе, карактери...и имам формирано мислење, кое не мора да е точно нели, но е мое. И ти не мора да се сложиш се разбира, си имаш свое мислење и јас го почитувам.
    Но, баш ме интересира од каде ти тоа знаеш што сакаат жените во суштина-заклучуваш дека сакаме да сме домаќинки, а само на зборување сакаме да сме рамноправни.
    Јас ке ти кажам за себе, но важи за голем дел од жените на моја возраст. Јас сум и мајка, и домаќинка,и сопруга, перам, готвам и чистам, и професионално сум реализирана, и работам наука, и изгледам...
    ај да не се фалам сеа
    Е вистинскиот маж знае ова да го почитува и цени и е горд на својата жена, а оној со балкански менталитет ќе го потценува и минимизира нејзиниот труд, се чувствува засенет и го фрустрира нејзината успешност.
     
    На Lolo5, artemis, ikame и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Жал ми е што повеќето жени стануваат типични *Балканки* покрај своите мажи, наместо да бараат промени.

    Сведок сум на многу жени, кои дома буквално се дерат (демек таков им е гласот), ништо не им чини, има по интернетов смешки за тоа.
    И тие се секогаш во право, се мора да е по нивно, се жалат колку работале дома, ти стојат со главата над чинија што јадиш и колку јадиш, те тераат да јадиш и кога не си гладен, метат в двор и прислушкуваат туѓи комшиски разговори, стално си преслабо облечен, и така натаму...многу има за набројување.

    И полесно можам да се справам со Балканец, отколку со Балканка покрај мене.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Мразам таков тип мажи,чекаат се од жената како во 19 век..
    Жената чисти готви мети му носи се што тој сака..
    И бара вечера без да праша можеш ли или да каже те молам.
    Се надевам дека мене нема да ме снајде некој таков инаку тешко нему
     
    На Lolo5 и Vetruska им се допаѓа ова.
  5. ivanivan1002

    ivanivan1002 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    А


    А дали имаш против во брак да се има одвоени сметки? Кој колку зима плата толку да троше, Јас бидејки сум балканец имам против, и мислам во брак требе да се има заедничка сметка.

    Второ од каде таа идеја на 30 години дека живеат со радителите тука, јас сум скоро 30 години и од својата 18 година живеам сам, од кога се запишав на факултет до сега значи 12 години не живеам со родителите. Што е и со 90 проценти од лугето на моја возраст сите што се заминати на факултет сега живеат сами со исклучок на лугето што студирале во своето родно место ( што сметам дека убаво и пеметно за сите млади е да студират надвор од нивниот град за вистински да дознаат студентски денови )

    А што се однесува до мажените жени и тука шетат и тоа многу добро. Не знам за во другите градови ама за во Битола додека мажот и работе некаде во Шветска или каде и да е, она со другарките и другарите е на викент во Охрид :) а за детето не се секирај оставе го во некоја игротека каде ги чуват малите деца од ден или од саат.

    Иако знам дека пола Македонија плаче за Америка, јас сум благодарен што не живеам во Америка, едноставно не ми се допагаат многу американците, на тебе ако ти е желба ти посакувам да си најдеш некој Американе и тоа црнец за да осетеш прав Американец. http://www.youtube.com/watch?v=VjdlIoz39Io

    Капиш :)
     
    На SelinaKyle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Да можеби во Америка имаат одвоени сметки и секој сам, посебно си одат на одмор.Епа,подобро така отколку парите од заедничката сметка некој заостанат балканец(читај сељак)да ги троши како бакшиш кај певаљките во некоја селска биртија.Сите знаеме колку тие не можат да и одолеат на желбата да бидат познати фаци во такви биртии :D
    Нели тие сметаат дека жените не можат да располагаат со своите приходи а, истите знаат да ги заработат но, незнаат да ги трошат.Каква иронија!!!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Сум видела браковите у странство какви се и можам само еден аплауз да им дадам и на балканските жени и на мажи.

    Јас на пример, сакам мнооогу да живеам во странство (и ке живеам) ама маж стрикно од Балканот. Не чистеле не готвеле не переле - НЕ. Тоа татко ми неговата генерација не го правеле, денес кај што одам по куки на млади брачни парови често се случува домакинката да седи а мажот да работи нешто. Ете брат ми машко е подобро готви од мене, поубаво чисти, пегла итн. И се поголем е бројот на татковци во парковите што си ги шетаат децата.

    Негативна страна на балканците
    --МНооогу ама мнооогу се поврзани со мајките. Ама мора да си признаеме дека и жените се исто така поврзани. Од мала кавга едно две, оди кај мајка и. Е кога веке се споредуваме со западот, кај нив тоа го нема, свекрвата и мајката на невестата кај младите доаѓаат само како гости на ручек.

    Ако беа Западњаците подобри немаше толку разводи да имаат.
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.057
    Пол:
    Женски
    Кај мене машкиов род се труди да биде типичен Балканец а јас се трудам од петни жили да го променам тоа, ако не како што кажа ЕленаМак ќе смрдиме, ќе седиме во неред. Чистиме, пазариме, си помагаме прилично, ама знам и јас да придржам додека он отштрафува некој штраф, да застанам до него кога пере кола, да го соберам нередот од кастрените гранки во двор.... Мислам дека единствено не му давам да пегла, не за друго, пола од работите ќе останат или непеглани или изгорени, затоа само пеглам сама. Сметам дека тоа е фер ситуација и полека полека не ми се ни буни кога го терам да правиме нешто од оваа природа, за доброто на домот би рекла јас ;)
     
  9. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Па така и треба! Он да не е поуморен од мене кога ќе си дојде од работа, па неможе да си ги собере чинијата и вилушката што ручал??? Да не е поуморен кога прередувам нешто, кога чистам, кога треба да простирам алишта? Ич не ми е гајле, не се замарам со машки vs. женски работи. Кога ќе ми се расипе сијалица, си ја менувам. Сама на скала си се качувам за завеси или што и да е ако не е тука, колата сама на мајстор си ја носам, и ред други работи. Токму затоа, он може да ми спростре алишта, да стави се во лавабо за миење, да си ги прибере неговите работи, и да ми помогне со се што ми претставува проблем. Немам срам што се однесувам така, придонесуваме исто во заедницата, и треба исто да работиме по дома и да се одмараме. Тоа што ќе се инаети, јас најсериозно не го правам! Минатата недела му викам те молам избриши ги горните полици да не се качувам на столче, ми се врти од притисокот. Остана на аха, и толку, три пати му кажав, и оставив. Нареден пати кога се избриша прашината беше вчера, откако искоментира дека имало прст прашина на што личело, па фино го потсетив на случката, и ко попче избриша. Не дека сакам Хитлер да бидам, ама колку му е него викенд, толку и мене! Молим лепо.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.057
    Пол:
    Женски
    Па така бе Ели, поучена од тоа колку татко ми и “помага“ на мајка ми си ги превземав работите во мои раце. Е сеа кога и он не може па можам јас, а најдобро со заеднички сили, пример, он собира цреши на дрво јас ги собирам од доле гранките што се искршени, тој пере кола однадвор јас одвнатре, си ги собираме алиштата заедно, мие садови како и мене, собира маса заедно со мене...... Иако и он си има многу лош пример во татко му, доаѓа да јаде и заминува, воопшто не и помага на мајка му.
     
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    И татко ми никогаш не и помагал на мајка ми, ниту пак свекор ми на свекрва ми. Немора и со нас да биде така, треба заедно исто вие како што правите, само и само за мир во куќа. За секоја навика има и одвика. Јас не сакам да пегла освен ако не мора, не сакам да мие садови затоа што стварно не внимава доволно, барем по моја норма на измиено, и несакам да брише прашина, освен таму каде што не стигам, затоа што од бременоста имам висок притисок и вртоглавици. На мало столче да се качам имам вртоглавици, а не пак на скала. Се труди, стварно. За разлика од претходно кога беше учен дека се жена за да му биде се направено, он ко паша да глуми, е малку морген. Да сум дома ко неа, нема гајле.
     
  12. belisima88

    belisima88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Мразам таков тип на мажи,па срека моја што мм е типичен балканец,ми помага во се сака се под конец да е,за разлика од брат му и свекор ми значи кога ги слушам како наредуваат и си седат на маса донеси ова,напрај ова,дај она...доаѓат јадат и заминуваат да им стават се по нос бе,абе едно кафе да не си сварат сами и т.н ми се :puke: .Вистина и татко ми не и помага многу на мајка ми ама знае да си земе сам да јаде,ако нема знае и да си напрај нешто набрзина и кафе да си свари и др.некои ствари не е до толку се да е на тацна што се вели..! :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. K-8

    K-8 Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    12
    јас лично не сакам кога мажите ја вршат женската работа. Јас сакам на мм да му зготвам ручек да ја наредам масата и да кренам и да му сварам кафе. тоа го правам секогаш. освен кога сум лута за нешто. е кога сум му лута нека не ме чепка за ништо. или сум излезена некаде или лежам, ако сака покривот да падни не се поместувам. за помагање, помага кога не можам да стигнам а работата да мора да се заврши, ако не мора не фаќа, и за растурено не вика воопшто,за јадење прави поручек нешто да испржи, или макарон, шпагети такви работи, после тоа кујната е хаос
    за синот, се му прави кога не сум тука го облекува, го капи, го игра го рани , али ако имам време радо би си ги завршила обрвските. Според мене во бракот треба да се има определено машки и женски работи и понекогаш да се помага еден на друг
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Една работа ми дојде на ум сега, а тоа е што на нашиве Балканци им е многу битно да се главни мажи во куќата, гордоста и машкото его им се над се.
    Во состојба се да ја понижат жената заради друштвото, семејството.
    Никако не смеат да се претстават како папучари.
    И не знаат да си го гледаат својот живот и од жена си, туку многу дозволуваат мислењата од околината (семејство, другари) да им влијае на бракот и на самиот однос. :tmi:
     
    На Lolo5, confused и Vetruska им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    Браво за постов. :clap: Така е кај повеќето мажи. Сакаат да бидат главни во куќата, за да не бидат озборувани од блиските. За среќа, маж ми не е таков.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Пред некое време во Тинекс...
    Наплаќа човек на каса. Некои четириесет и кусур години, навидум нормален маж.
    После него во редот една девојка, па јас.
    На човеков му недостасуваат десетина денари, па касиерката му вели да ја врати штеката цигари.
    Девојкава го прашува колку му недостасуваат да го услужи.
    Овој и се врти, и со убиствен поглед и вели-Ај гледај си ги ти твоите работи, не се секирај за мене!!!

    Е не, она него десет денари ќе му позајмувала. Него, на мажиште...
    Што повеќе да се каже. :x
     
    На Lolo5, joy1, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ме нервираат ваквите „балканци“.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Жaлнo е штo пoстoјaт вaкви мaжи уште. Зa среќa јaс не сум еден oд нив.
    Се гoрдеaм сo тoa штo пoмaгaм oкoлу дoмa. Дaли ќе исмукaм или измијaм сaдеви, дa џoгирaм иливдa јa рaскренaм дневнaтa. Зa јaдењa не ме бивa и тукa мнoгу не се мешaм. Единственo нештo штo не знaм oд oние "женски" рaбoти е пуштaње нa мaшинa зa перење. Амa ќе нaучaм и тoa. Штo знaеш утре штo ме чекa? Мoжеби немa дa се oженaм, скрaјa дa е. Мaјкa ми немa дa биде живa вечнo дa ме пере и чисти. Знaм и сaм дa си згoтвaм и дa си кренaм. Зa рaзликa oд мене, брaт ми е тoтaлнo е спрoтивен oд негo. Мaјкa ми му кревa, му дaвa дa јaде, му купувa гaќи уште. :x Буквaлнo му oди пo гзoт. Стринa ми пa ептен имa бaлкaнски брaк. Тaa му нoси гaќи, мaјцa, пижaми и пешкир кoгa се бaњa. Тoј не си зимa. И истo oблекa му купувa, никoгaш не бил сaм дa купи. И не ни рaскревa пo дoмa, не мие сaдеви, буквaлнo ништo.
    Не знaм кaкo мoжaт тaкa дa живеaт. Јaс би се чувствувaл ептен пaрaзитски тaкa. (facepalm)
     
    На Lolo5, Summerlover, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Мене би ми билo глупaвo дa и кaжaм нa мaјкa ми дa ми нaпрaви зa јaдење. Мoжеби зaтoa штo уште oд третo, четвртo oдделение сaм си прaвaм кoгa не ми се свиѓa пригoтвенoтo јaдење. Инaче знaм дa гoтвaм, дa мијaм сaдoви, сaм си јa средувaм мoјaтa сoбa, дoдушa и нa сестрa ми и јa средувaм. :lol: Мнoгу мрaзaм кoгa требa дa чекaм oд некoј нештo, кoгa јaс би мoжел дa гo стoрaм истoтo.
     
    На Lolo5, Summerlover, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Блaзе си им нa oние жени штo ќе не земaт. :rofl:
     
    На Lolo5, theowndemon, Summerlover и 4 други им се допаѓа ова.