Јас немам сопруг, ама имам став за ова (а имам и дечко што горе долу го гледам како се однесува дома). Значи ова мене ми е толку иритантно што не можам да ви опишам. Сум ги гледала тетките мои како ова цел живот го прават и сериозно ми е преку глава целата ваква ситуација. Прво да е мажот вработен, а жената невработена мислам логично е таа да ги прави сите тие работи бидејќи е дома посекако. Но, исто така ако жената е вработена, а мажот не е истото следува. Така? Тетка ми работи, тетин ми не. Тој цел ден се пафка низ дома дреми, таа после 8 саати работа и плус болна е од срце иди дома и ринта, пери, готви, чисти. Тој си седи. Е можело вака? Ајде кажете ми. Мислам стварно е до одреден степен до менталитетот, бидејќи демек тоа е „женска работа“. Ова јас НИКОГАШ не би го дозволила. Ако треба ќе терам инает, глуфци ќе прошетаат низ дома ама не би попуштила доколку не се разбира со разговор мажот. Значи не е фер, ни хумано, ни пак ми асоцира на љубов двајцата партнери да работат исто работно време, а жената бидејќи се родила жена не по нејзин избор да продолжи дома уште 4-5 саати. Сфаќам дека секој за се не го бидува, затоа има компромис и тие работи што жената сама треба да ги извршува за 4-5 саати, заедно ќе ги завршат за 2 саати. И од таму ќе дојде и повеќе време, и време за излегување, романтики, поблиска врска. Мислам на куче да му дадеш ќе измети со правосмукалка каква филозофија е тоа. Не треба торти да прави или не знам што... Дечко ми конкретно е многу разгален. Од мајка му. Брат му е со години Скопје таму живее, и неа тој и е миленик тој и остана дома и сега се по газот му оди. Значи буквално се слеква и остава работи така на сред дневна, таа по него трча собира. А не дека не знае, знаееее и тоа како и да готви да си направи сам за јадење и да здипли и на одмор ко сум го спрегнала да си ги пери алиштата сам. И јас сум на одмор бе. Значи ако сака може. Две раце, две нозе здрав прав. И мене често ми вика оди донеси вода, оди земи благо, намести ми го креветот и некогаш океј кога е стварно уморен и кај него сум неколку сати па ајде ќе му помогнам. Ама такво однесување никогаш не би толерирала. И си знае. Се имаме сто пати карано за ова да не си се надева дека јас слугинка ќе му бидам. И јас планирам да работам и да си имам кариера па не барам слугинка по мене да трча и да ми ги собира алиштата.
Немој да мислиш дека ке се смени нешто туку и ти и твоите амбиции планови кариера ке си ја усогласиш напоредно со него таков како што е . Се разбира ако сакаш да останеш со него
Лекот за искоренување на ,,балканецот,, е да се остави маж сам некое време да живее, без разлика дали скроз сам или со цимери важно да нема никој од женски пол близок со него. Како ке се научи на ред и дисциплина тоа чудо нешто. Маж ми беше навикнат мајка му да му зготви, раскрева, испере, испегла, буквално се да му биде стокмено, тој само да се најади и наспие коа си иде дома. Ужасно ми пречеше тоа и се чудев како да го одвикнав. Со 300 сили го убедував бар кафе да свари коа одевме на одмор или на викенд заедно. Е ама човекот отиде да поработи у странство. Четворица цимери беа, женско ни за лек со нив. Е тогаш почна чорапи да си пере сам, да си готви, да деле домакинска работа со цимерите, еден ако денеска готви, друг да чисти, трет да пере. четврт да пегла. И си фати ритам. Кога се врати првиот пат одиме на одмор и очекувам стандар шема. Е ама човекот добро се истренирал и ми вика сакаш јас да зготвам ти да запереш купаќи и пешкири или обратно. Се воздржав да не се насмеам, ама му реков да готве. Си реков ако треба нека повратам ама ке го остаам да зготви. За мое уште поголемо изненадување имаше супер зготвено. И оттогаш таков си е, си делиме работа. Добро коа има превише обврски а јас по цел ден дома нема сигурно да чекам да си дојде и да зготви нешто ако јас сум исчистила ама коа е слободен делиме работа.
Не сметам дека епитетот што вие овде сте го поставиле како главен актер на темава е реален. Апсурдно ми е ова генерализирање и етикетирање а поготово ова ограничување на гледиштата кон Македонците (Балканците де). Не можете сите да ги ставате во еден кош, а ниту помалку да пишувате факти за сите поединци, може реално менталитетот ни се дели што е и нормално за секоја поединечна држава но "Балканец" ми е некако несватиливо. Еве пример јас до дега сум сретнала најразлична раја на мажи кој што се трудат и заеднички работат на своето и својот дом. Почнувајки од сопствениот маж па завршувајки до оние најблиски и подалечни луѓе што ги знам. Не генерализирам значи и не ги ставам сите во еден кош, се зависи како прво и најосновно до домашното воспитување и тоа како растел еден поединец и врз основ на какви навики се раководел низ животот. Човек се познава каков е уште кога ќе го погледнеш самиот однос кој неговото семејство и домот каде што живеел. Не се сложувам со ваквиот став и ваквите факти околу дадената тема, не.
Ах балканци балканци , ке добиете котек некој ден како ми изгледа работава ете тамн се пожалив дека мм не ми помага многу , тој се фатил за метлата и џогерот и чисти , чак и ме избрка од спрат со синот , да не сме дишеле прашина ... Ми оставил само садови нечисти и малце прашина на шкафот . Се друго ми средил , прозори избришал , ламинат изџогирал , елката и сите новогодишни украси ги собрал и ставил на свое место , алишта наредил , малце преуредил у дневна , тоалетот го средил , поточно , за таму му немам замерка , подобро од мене го средува изгледа треба почесто да го пофалувам
Дефинтивно балканец. Знае некогаш да си стане и сам да си земе. Ама најчесто ако работам во кујна знае да побара. Демек коа сум веќе таму полесно ќе ми е да се шетам за џабе на релација дневна - кујна. Па и ќе си ги најдам чиниите - чашите на маса додека не ги кренам јас. Лекот: не креваш, не чистиш, не переш додека не се сети.
Според мене малку сте ја ограничиле темава. Не се ограничува само на неговите не активности околу кујна и помош дома. Балканец е цела ментална структура на некој маженца во државава и пошироко. „Пуштање “ да искочиш со другарки на кафе, да заглавиш до доцна, стил на облакање по смел него обично, прифаќање на твој најдобар другар- наместо другарка. Таквите карактеристики мене ми сметаат кај балканштинава, плус делење на машко женски обрски по дома но тоа сепак ми е второстепено.
Тој изразот 'ми помага' е скроз неадекватен. Демек, на жените, по дифолт им припаѓа обврската околу домот и децата, а тие ' ни помагаат'. Не. И нам и нив ни е обврска тоа. Навикнати сме, при такви работи да искоментираме (и мажи и жени): таа недомаќинка, види како и' е нечисто дома, не и се чисти и најадени децата (пример). Зошто никој/а не го окривува мажот? Као, се бориме за еднакви права и обврски, ама сами си го одржуваме статусот во кој сме со самото 'тој (не) помага'.
Затоа што уште има сфаќања од типот - Жената треба се да прави по дома. Срамота е мажот да фати правосмукалка.
А зошто Балканец само балканците ли се такви, а што ке кажете за турците и за 70% од Азија?Инаку не ми се допаѓа таков маж што сака се на послужавник затоа што он мисле жената неможе без него а е обратно тој неможе без неа бидејќи ќе се отруе од неговите јадења сам кога ке ги прави.
А шо ако не му донесеш на пашата вода, ќе ддобиеш ли ќотек? Кој ве тера вие работи да ѓи правете жени читам и неверува, ако нешто не ви се прави не го правете ако добиете ќотек ке го пријавете, ако ве убие ќе оди во затвор? Кој ве тера да праввете работи во животот што едноставно се грди и ве уништуваат . Бегајте од такви
Еве јас ќе споделам мое искуство. Потекнувам од семејство каде татко ми секогаш и помагал на мајка ми. Кога велам помагање, не мислам само на пазарување и поправки во домот, туку помош во готвење, миење садови, чистење, помош ама баш за многу работи. Мајка ми честопати беше дежурна, па татко ми по работа, ги преземаше сите обврски околу мене и сестра ми - помош за учење, подготовка на јадење, носење по доктори и да не набројувам. Проблем голем е сега, што јас си барам таков, кој ќе помага во домот, ама тешко се наоѓа, за жал. А згора на тоа и буквално немаат текнувало да понудат помош по дома, било каква, па сѐ мора да им кажеш и објасниш, за на крај, пак самата да си ја завршиш работата. Проблемот е во воспитувањето, зошто уште од мали нозе така се воспитуваат од мајките, така научиле од нив, дека во "женски работи" кои се и така 90 % во домот и околу децата, тие нема што да учествуваат. Тоа е ! Татко ми, рано го напуштил домот и семејството заради училиштето, па на 18 год се вработил, живеел сам и сам се издржувал и грижел за себе. Затоа секоја ''женска работа'' не му била чудна, ниту необична да ја сработи.
Баш така. Тие мажи што се независни им помагаат на жените. А оние што се научени на сервирање со златна лажичка очекуваат жената да им биде слугинка. А лошо е тоа. Обврските треба да се поделени.
И јас исто. Мојот мислеше дека јас ќе ја изигравам мајка му, ама се зезна. Си доби од мене еден убав третман и оттогаш почна да работи по дома. А он научен мајка му да му готви, да го пере, да му чисти, и др. Другарка моја има Балканец маж. Ја жалам. Дома кога е само лежи, или е со цигарата и кафето. Ни ѓубре не фрла.
Не знам како си успеала, обично тоа тешко оди, но браво на успехот. Јас знам дека кога ќе почнат нешто да помагаат, тоа е привремено и пак по старо.
Ако сака слугинка, нека се врати кај мајка му. Тоа му го кажав на маж ми. Треба да им се покажат заби.
Не се случи веднаш, малку по малку. Неколку години требаше за да почне, свесно, без велење, да стане и да направи нешто. Од почеток, као демек: Дај срце, ја со правосмукалка ќе минам. И ќе ја земеше, 2 саати 1м квадратен ќе се тегни. Ќе се изнервирав и ќе му ја чапнев од раце и сама ќе си завршев работа.