Јас намерно оставав нечисто. Кога виде дека немам намера да мрднам, го мрдна газот. Многу е интересен кога чисти. Знаев да му речам - Ако имаш проблем, викни ја мајка ти.
Јас мислам дека треба да се најде компромис и да се направи распоред на работите кои би ги завршиле денес заедно со вашиот партнер/ка. Да не мислите дека ги бранам мажите од ваков тип, напротив и мене ме нервираат бидејќи е глупаво ти цело време да седиш додека другиот работи. Дури има и случаи каде што мажот го мрзи да стане да земе чаша вода, па ја тера жената да ја остави работата која ја започнала за да му даде. Инаку мене не ми е проблем да завршам дел од домашните работи, бидејќи тоа зборува само за мојата одговорност и навика. Доколку на почетокот не се разговара за овие работи тешко дека подоцна мажот ќе ја промени навиката. Жената ќе си молчи и ќе си работи, а мажот ќе крши кревети по дома со цигари и кафе по цел ден.
Научени се бе така од дома и продолжуват и кога се во брак. Не го ни наоѓав крив што е таков. А исто и јас му зборував: Јас не сум ти мајка, жена сум ти. Рамноправни сме, немам безусловна љубов за тебе
Јас и ден денес знам да му речам - Немам мајка да ме научи да чистам, па можеш и ти сам. Ти барем имаш мајка.
Па тоа е ! Мислам дека многу добро знаат да манипулираат со тоа што нам, жените ни пречи неред, па како - год ќе си ја завршиме работата. Намерно се прават наудрени за банални работи и само прашуваат '' а како ова'' , '' ова каде'' по 100 пати ќе потпрашаат за исти работи за да ти пукне филм и да си ''легнеш на брашно'' и сама да си ја завршиш работата.
Не знам. Со приговарање: Добро, не можеш да станиш и да собериш тоа и тоа, ќе се убиеш на него, како не ти смета? За седење и чекање в раце да му се даде, не бил никогаш таков. Ама мораше да учи, едно по едно, што-како се прави. Голем удел имаше тоа што беше спремен за промена и ја сакаше. Ако не сака некој, нема шанси на сила да го смениш. Мене не ми пречи неред, искрено. Не сум некоја што усисава секој ден и брише прашина 5 пати денот.
Ако не сака да помага, нека си седи кај мајка му. Ова со помошта во домот е битен фактор за успешен брак. Па не може тебе некој да те третира како слугинка, а он да си го прчи на кревет. Нема сигурно јас да бушам со хилта.
Ќе направам белја. Не ме бива за такви работи. Сијалици не менувам. Ниска сум, па и столица не ми помага. Кревам кутии, поместувам маси и столици, и др.
Татко ми никогаш во живот не чистел. Ама беше задолжен за пазарување и фрлање ѓубре. Откако почина мајка ми, он почна да работи по дома. Маката го натера.
Јас имам другарка која ништо не прави по дома. Има таква тактика со маж и, од работа ќе му се јави дека нема да дојде дома ( кобајаги на работа ја задржале, состаноци ова - она ) и си пиеме кафе негде у град, ќе си дојде домче и мажот и среќен дека се прибрала, па уште и ако се одобровољи да му донесе нешто купено за јадење, радосен е цел. Паметна е ептен
Јас тоа го нарекувам искористување. Не правам така и не сакам така да ми прават. Треба јасно да им се стави до знаење дека треба да го мрднат газот.
Можеби е искористување, но таа со години беше искористувана од него на сличен начин. А сега, колку - толку, благодарен е и кафе ако му свари. А кога жената р'мба по дома, а тој легачи, тоа се подразбира како задолжителна обврска ?
А што ако жената е невработена, а тој рмба како коњ? Јас мислам дека во тој случај он треба да одмара. Помош по потреба. Јас сум невработена и маж ми ми помага по потреба.