1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Балканец“

Дискусија во 'Брак' започната од Vetruska, 25 март 2013.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.052
    Пол:
    Женски
    На маж ми му ја препуштив кујната да ја исчисти. Резултатот е оштетена кујна. Зошто? Наместо средство за чистење, ставил солна киселина. :lol: Доказ дека не го бива.
     
    На TutiFuti, cresa-jagoda и power11 им се допаѓа ова.
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.134
    Смешно ми е кога ќе прочитам "ја ова нема шанси" или "доведи жена па нека раскрева по тебе". Вториов пример често е упатен на млади неженети мажи, демек ако се оженат сѐ ќе им биде под конец. А сам да ти текнеше да ја измиеш чинијата после себе, не е rocket science?

    И те како ќе правам сѐ што треба ако имам потреба од тоа. Ако не знам, ќе се научам. Истото важи и за маж ми. Не е паразит па да чека се на мене, а не сум ни јас глупа па да дозволам такво нешто.

    Познавам многу мажи со ваков менталитет и баш ми е жал за нив. Многу се ограничени, одбиваат да научат нешто ново туку селективно избираат информации кои само им ласкаат на егото, па затоа и се дружат со луѓе од нивен калибар и плукаат по се различно.
     
    На g8lQQk, Gosh, Milobebence и 7 други им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    A бе да, многу јако помагање, да земе да ја расшљака цела кујна во обид за готвење и да испрска насекаде, па после јас да раскревам по него и да мијам 355433 садови затоа што не знаел рационално да ги искористи. Ако е за така, јас би завршила се, барем нема да има зејтин на цела плотна и плочки.

    Не е ни поентата помагање, освен ако едниот партнер не е невработен, двајцата треба подеднакво да работат низ дома.
     
    На g8lQQk, SV1911, CurlyBlossomGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Кујната е моја и не ја давам. Ако остане во кујна подолго од две минути можам само да замислам што ќе најдам по него, може скии да земам и да се лизгам на зејтин. Едноставно анти талент за кујна ни јајце незнае да испржи. Ако нема готов ручек јаде леб и путер со домат или купува сендвич. Не замара ич.

    Во тоалет не влагам за чистење неможам и несакам. Негов терен. Смукање по дома кој дојде прв оти имаме кученце и многу влакна. Во пакет со џогирање.

    Јас пеглам, он купува од продавница и ме развозува ако има потреба. Алишта не диплам немам талент, за шкаф да наредам исто не ме бива. Негова работа. Поправки, монтирања и слично сам си работи исто сум анти талент. Џамови бришење или плаќаме фирма или идат моите и неговите да ги зачистат. Тоа немам намера да го правам во животот. Сума сумарум има повеќе домашни обврски од мене. Јас сум задолжена 3 пати на ден да го изнесам кутрето, да го наранам и исчистам.

    И можам да кажам дека дома целото време му е исполнето и така се чувствува среќен. Ако има замерка ќе каже ќе разговараме како луѓе. Ниту се дереме ниту поднесувам разговор на повишен тон. Пораснав во тивка фамилија каде се со збор се решаваше, од мала ме учеа да бидам либерална и своја да ги почитувам сите, а најмногу себе си.

    Мачо балкан тип ми лазел од увек на нерви, такви не поднесував ниту кога бев тинејџерка. Не сум принцеза, ниту сум слугинка некому. И јас сакам време за себе и јас сакам да имам енергија да му се посветам на семејството и пријателите, на мојата кариера и мене мајка не ме роди да изигравам кловн некому.

    Проблеми со свекрви немам оти не ни влагам во дијалог што она сака и како сака. Едноставно читајќи ги вашите проблеми се чувствувам како да живееме во различни димензии, мислев дека проблеми со свекрви и јатрви е само мит. Не ни може да ми бидат проблем бидејќи не сум се поставила така да некој ми влага во приватност или пак да ми соли памет без да го прашам. Мислам 2018 сме нели.

    Бегајќи од балканците и менталитетот посран се преселивме и веќе 5та година полесно се дише на страна. Иако и доле исто се понашавме, простотилокот на секој чекор едноставно гуши, нефункционален систем и лопови.
     
    Последна измена: 28 јули 2018
    На NEA, Belgin1, Milobebence и 5 други им се допаѓа ова.