1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Детска љубов“

Дискусија во 'Разделби' започната од Lady-Sweet, 17 септември 2012.

  1. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    За него јас бев се, тој никогаш ме “немал“ изневерено, тој беше светец во нашата довчерашна врска, тој ме држеше демек в раце а јас не сум го гледала сето тоа, јас секогаш сум била љубоморната, таа што демек секогаш правеше кавги,...
    и ред други негативни работи ми ги препишува мојот сакан бивши на мене, но јас пред некој ден разбрав всушност што се правел тој со други девојки додека бевме во врска...

    Секогаш најдуваше рачка за да ми се скара со разни изговори, ме боли кога ќе се сетам на неговите муабети, нашата љубов била детска, јас сум го сакала премногу треба да одмориме.. по некое време ќе се смиревме ќе ми изјавуваше љубов 2-3 дена до наредната кавга.. не смеев збор настрана да му речам бидејќи кавгите стануваа огромни, ме правеше од ла*но подолу, ме навредуваше, ме отргна од себе, и летово собрав сила, му се скарав и преповредена бев решена да не му се вратам...
    Пак некако се залажував и надевав дека се ќе биди во ред но ни трага ни глас од него, и си дозволив да се шемам со едно типче, и кога дознал бившиов 300 кавги ми направи и пак јас нечинев бидејќи толку брзо демек сум ја заборавила нашата голема љубов... Навистина сакав да се отргнам од него, уште го сакам, но ме боли тоа што дознав од негов близок пријател дека ме има изневерувано. Го фатив во лага,со финта другар му за да го издај, и уште повеќе се разочарав и сега се што сакам е да го најдам тој идиот и се в лице да му изнаречам, сакам да знај дека знам што правел, да знај дека јас навистина никогаш не го посрамотив, а тој, ахх :(
    Душава ме боли што 2 години се врзав и верував дека ќе остариме заедно и слични глупости... Премногу вложив и сега дури сфатив зошто правел така, тој е 21, знам дека е недораснат го сфаќав до негде, ама од ко дознав за останатово..... ахх сакам да знај дека дознав нешто што тој гордо се чукаше пред мене в гради велејќи: јас 2 години само тебе те држев в раце а ти по еден месец од нашата разделба замина одма со друг, шо чупе си ти кај ти е гордоста :(

    А неговата почит спрема мене кај му беше? ве молам дајте ми некаков совет, неможам да престанам да мислам, сакам да дојдам до контакт, сакам да знај дека дознав ;(
     
    На maria.jackson му/ѝ се допаѓа ова.
  2. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    “Детска љубов„

    мила кога ќе го видиш мислам дека само гордо да поминеш покрај него. нема потреба да му објаснуваш дека знаеш дека те изнееверувал бидејќи така ќе знае дека се нервираш и дека ти е тешко. знам дека ова е шок за тебе но мислам дека ќе помине ич да не му се секираш. Кога ќе сака да направи муабет со тебе кажи му дека не можеш дека имаш обврски и измислувај разни други изговори,дотерај се, дружи се со луѓе за да види дека не ти е толку тешко ме разбираш?
    така он ќе се нервира и ќе зажали што ти правел така. поздрав :*
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    “Детска љубов„

    Не се спуштај на ниво на кое што не ти личи. Не знам колку би можела да ти помогнам сепак имам 16 години , но според мене мислам дека кога веќе е ставен крајот значи мора така и да остане. Имај свое јас не му попуштај , не дозволувај да примети дека си повредена и дека ти е криво што те има изневерено.Чувај ја болката во себе,дома викај исплачи се кога ќе си сама , а кога сакаш да излезеш надвор дотерај се , дружи се ,со насмевка на лицето.Немој да дозволиш еден идиот да ти уништи се.Било поминало,штом нему не му значело нема зошто ни на тебе . Си дала се од себе, и немој да помислиш да му враќаш од инат, ако сакаш нешто да правиш прави го од срце . Ти знаеш дека си чиста и верувај дека нема ништо поубаво од тоа да после неколку дена,месеци,години се сретнеш со таа личност очи во очи и не почувстуваш никаква грижа на совест . Ти посакувам се најдобро , се надевам дека ќе успееш да го преболиш со текот на времето.! :*
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Сакам да му изнаречам се в лице баш поради тоа што знам дека нема да ме побара, сега додека е посвежо да знај, а дека ќе зажали...никогаш нема да дознаам :?:
    Криво ми е што, крајот е ставен со последниот негов збор дека ете јас сум виновната, сакам само да знај дека е обично лигле :@ Чувствувам преголема омраза!!
     
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    “Детска љубов„

    Ти си знаеш дека си во право, Ти си знаеш дека не си виновната. Треба да ти е доволно, совеста ти е чиста. Омразата лошо му прави на човека кој ја држи, а не на оној кон кој е насочена. Продолжи си со животот, ќе си најдеш друга љубов, која ќе биде поубава од оваа, човек кој повеќе ќе те цени и сака.
    Она што некому најмногу може да го здоболи е да види како некој кој до вчера го сакал, денес продолжил со животот, не мисли на него. Стави се во таа улога, што повеќе ќе те боли, да дојде тој и да ти изнакаже се за вашата врска или да го видиш насмеан, како се забавува, не те погледнува и не се замара со тебе?
    Колку побрзо го сместиш во категоријата минато, толку побрзо ќе си олесниш и ќе ти биде подобро :)
     
    На Lady-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    “Детска љубов„

    Совеста ми е чиста, и подобро ми е кога знам дека тој ја утнал, но ние нема ни да се сретнеме...ептен различни друштва имаме што воопшто патиштата не ни се поклопуваат, си давам рок уште една недела и ќе размислам на кој начин ќе го натерам да сфати дека се дознав...
     
  7. KenndallJenner

    KenndallJenner Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    Ах таа детска љубов...Се викаше Стефан бевме заедно во градинка..Многу беше згоден како мал,и се надевам дека не се сменил.Комшии бевме,а како мала кога ке си одев од градинка одма на прозорецот одев и гледав кон неговата киќа,па кога ке го видев се топев.Па од градинка,па прво и до втора година фимназија учевме заедно.Сега се пресели во Америка,и до ден денес си го сакам.Остави многу голема трага по себе...Сите девојки го сакаа а само јас го имав,ама за жал денес не е така...Кога и да погледнам кон неговата стара куќа солзи ми течат низ образите,и срцето ми се кине.Што ли не преживеавме заедно,а сега само сеќавањата останаа.Го немам видено веке цели две години.Контактираме на фб,ама многу ретко.Сигурно има девојка и се надевам дека е многу среќен.Јас секогаш ќе го сакам и носам во срцето...
     
  8. Male4kaE

    Male4kaE Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Мојата детска љубов ми викаше малечка! Беше доста постар од мене, никогаш не се обиде да ми направи ништо, само се шетавме заедно, ме држеше за рака и пиевме сокче во град :) еднаш јас му се доближив, сакајќи да ме бакне, а тој ми рече само: Мала си уште малечка, не сакам да те повредам! Ми се сруши светот, но подоцна сфатив зошто го направи тоа. Престанавме да се гледам, тој замина во странство, ама се уште контактираме и си се смееме. Се уште е сам, и кога и да си пишеме ми вика: Малечка да не се омажи? И одговорот е секогаш ист: Неее, мала сум уште, кога ќе пораснам тогаш... Мојот најдраг спомен од детството...
     
    На Girl.in.love777 и hermosa им се допаѓа ова.