„Замки на егото“ и чувството на супериорност

Дискусија во 'Психологија' започната од Someonespecial, 7 јули 2018.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    10.153
    Допаѓања:
    129.564
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Наидов на сликава вчера на Инстаграм и ме натера на размислување. Поимов не го најдов како стручен во психологијата, ама ми звучи релевантен па го преведов во насловот.

    Во секојдневието имаме доста иритантни примери на вакви однесувања. На пример (disclaimer: sorry for the triggers :angel: :tmi:) – етички вегани кои осудуваат луѓе кои не се откажале од исхрана од животинско потекло, личности кои се оддале на спиритуалност и ги осудуваат другите кои не го следат нивниот морален код и девственост, луѓе кои за децата од најмали прават посебен режим на здрава исхрана и се сметаат за подобри родители од оние кои им даваат и чоколади и грицки, итн итн.

    Како го толкувате ова однесување кај луѓето?
    Дали имате околу себе вакви личности и што мислите за нив?
    Дали и самите сте свесни за некоја замка на егото во која одвреме-навреме паѓате?
     
    На daylight, Amellie13, Ketchup и 17 други им се допаѓа ова.
  2. mazikeen

    mazikeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Интересна тема, со самото тоа што мислиш дека ако некој прави нешто поразлично од тебе - тоа е лошо, тогаш навистина е еден начин на омаловажување, осудување. (освен ако навистина не прави некои лоши работи, пример да ограби некој! :o )

    Често сум слушала како некој осудува нешто, а до “вчера“ истото го правел или уште полошо го прави сеуште, ама подискретно, па нели: ако не те види никој - не се важи. Ама тука веќе е контрадикторност во прашање. Пример: збори за некого дека е несовесен возач оти поминал на црвено, а кога тој ќе помине изговор му е дека се брзал...

    Се имам приметено вака некоја мисла да ми помине низ глава од типот на: слушаат рапови глупости, тотално безврска, дај пушти фанки - господ да те чуе, тоа е музика за уши и душа, не ве разбирам како не сакате тоа да слушате.
    Ама па само што ќе ми помине таква мисла, си викам: па ај што сакаат нека слушаат, за нив си слушаат :D
    Тука и јас малку сум си контрадикторна :$ ама во човекова природа е, под дејство на искуствата, штом види нешто да добие еден првичен заклучок за тоа, што не значи дека тој заклучок е точен. И потоа си го преработува убаво, и си носи нов заклучок, по релевантен. Сметам дека човекот го опишува онаа втората мисла што ќе му дојде за нешто, а не првата. Јас сум си типичен пример за тоа, ќе видам нешто што на прва мене лично не ми се допаѓа, и после си велам: е ако некому му е убаво, зошто да не ?!

    Дефинитивно ова се еден вид замки, ама не е убаво ако се паѓа на нив, на крајот на краиштата, ако тебе не ти се допаѓа нешто - не го прави, ама не му замерувај на некој друг што тоа му е интересно, бидејќи тоа не ги прави под дифолт лоши луѓе :!: (освен ако не прават некои навистина лоши работи!!)
     
    На Читател, theowndemon, Anabelle.Amorette и 3 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    24.054
    Замка на егото е всушност ставање на целото твое постоење и целиот твој успех да има значење само ако се земе во предвид една цел и било кој друг исход ти е незамислив и незадоволителен.
    Да, звучи апстрактно, ама од прилика иде вака..
    Ако прашањето "Кој сум јас?" можеш да го одговориш со збор кој те опишува целосно, тогаш дефинитивно си во земка на егото.
    "Јас сум успешен бизнисмен" - да, во замка на егото си
    "Јас сум хардкор феминист" - да, во замка на егото си
    "Јас сум веган" - супер, ама сепак си во замка на егото
    "Јас сум атеист", "Јас сум религиозен" - супер, и двајцата сте во замка на егото
    "Јас сум борец за традиционалните семејни вредности", "Јас сум борец за правата на ЛГБТ", пак и двајцата се во замка на егото.
    Секогаш кога се најдеш во ситуација каде што една изјава речиси целосно го опишува твојот секојдневен живот, твоето постоење и твоето дејствување - ти си во замка на егото
    Човекот не може да биде составен од една идеја, една цел и една патека во животот. Не може да го интересира само една тема и ништо повеќе.
    Секогаш е најубаво да се запрашаш што ти останува во животот ако се тргне на страна она за што најмногу се залагаш. Ако се уште постоиш ти, тогаш супер. Ако не знаеш кој си без тоа - време е да направиш чекор назад.
     
    На WarriorMind, WildMk, Читател и 7 други им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    686
    Пол:
    Женски
    Може,ретко е додуша. Некои луѓе имаат јасна животна задача и се додека истата не загрозува никого,кои сме ние да им судиме.
    Од друга страна,мнозинството е подложно на воодушевување со најразновидни идеи и учења.Секој спрема своите капацитети.И не сме ништо подобри ако нам истите ни делуваат смешно.Его замки на сите страни.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    24.054
    Не е работата за судење, замките на егото се криза на идентитетот, а не состојба за судење, осудување или било што.
    Личноста која е во замка на егото нема проблем со другите - има со себе, затоа што нејзиниот идентитет е нереален и создаден на замислена задача која таа си ја поставила.
    Без таа задача личноста не постои.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    4.656
    Допаѓања:
    60.467
    Пол:
    Женски
    Било како да го организираме нашиот живот, е најмалку важно за некој друг, а исто така не треба да ни е важно нам. Моментот кога ќе ни стани доволно важно да пробаме да осудуваме, да наметниме свој став очајно - сме во его замка.

    Факт е дека сите паѓаме во некоја замка, луѓе сме, нормално е. Искрено не е ни страшно ако го сфатиме тоа и се обидиме да разбериме дека нашите избори се лично наши како што изборите на другите луѓе се лично нивни.
     
    На Joi, КикиМаус и DAngel им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    1.751
    Допаѓања:
    7.630
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial како прво, би сакала да ти изразам пофалба за оваа креативна тема, но и премногу чест психолошки феномен неизбежно присутен кај секој човек.

    Во поглед на прашањата кои си ни ги поставила...

    Со оглед на фактот дека на планетава моментално има 7,6 билиони луѓе (Damn, we need a new plague... Seriously, we do...) секако дека не е нормално тие да бидат потполно исти кога станува збор за вкусови и определби.

    Меѓутоа, проблемот е што скоро секој мисли дека неговите определби и вкусови се "правилни, вистински, најдобри" и тоа поради т.н. комплекс на супериорност, кој инаку служи како одбранбен механизам во психологијата со цел поединецот да се одбрани од останатите во неговото опкружување.

    Со други зборови, луѓето кои се чувствуваат супериорни во поглед на останатите едноставно немаат никакво чувство за адекватност, а самата супериорност е модел или шема на однесување.

    Секој човек е свесен за светската популација и неможејќи да прифати дека тој претставува само уште една риба во морето, има тенденција да ја искористи различноста на луѓето за да издигне над останатите, давајќи му лажно чувство дека е единствен и посебен... Што е навистина тажно и патетично според мене, но не доволно за да ги сожалувам.

    На крајот на краиштата, скоро сите завршуваат на ист начин - умираат и скапуваат две метри под земја, а планетата Земја и остатокот од универзумот и понатаму ќе продолжат да постојат и функционираат.
    Толку од нивната супериорност!

    Да, но немам никакво мислење за нив бидејќи не ми е грижа and I've got sh*t to do...
    Едноставно не им обрнувам никакво внимание, ниту пак ме интересира за нивните вкусови, определби, однесувања, чувства или пак нивното постоење во целост...

    Да, свесна сум, но тоа се случува во многу ретки случаи бидејќи немам тенденција да се споредувам со останатите луѓе...
     
    На Scott Weiland, Joi, violetblue и 6 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    22.566
    Сите си имаме его и добро е да си го 'храниме', во одредена мера, бидејќи ни ја зголемува самодовербата.
    Не верувам дека има некој кој не се нашол во ситуација каде има 'чувство на супериорност'.
    И не е ништо страшно, нити чудно, се додека не премине во тотална дискриминација на други и не не' прави 'затворени' за било какви размислувања, различни од нашите.
     
    На Joi, mazikeen, Читател и 4 други им се допаѓа ова.
  9. honest girl

    honest girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    1.529
    Пол:
    Женски
    Главната порака е немој да осудуваш само како да ја пренесеш таа порака ако самиот си еден од тие што е полн осуди или у превод поседу аш двојни аршини, за теми за кои не се согласуваш осудуваш а кога некој не се согласува со твоите сфаќања тогаш боли кога те осудуваат. И тоа е его. :?:
    Инаку не се обраќам никому зборам генерално зошто обично знаат увредени да се најдат :D
     
    Последна измена: 10 јули 2018
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    9.111
    Пол:
    Женски
    Ова е неминовно поврзано со неизвесноста и несигурноста која една личност ја чувствува. Несигурните индивидуи, ги кријат своите стравови и грижи зад лажната маска која им обезбедува сигурност и се обидуваат на другите да им посочат/наметнат дека се многу подобри од нив, со цел, овие вториве, да им се восхитуваат. Ваквиот феномен е комплекс на инфериорност, односно, се работи за несигурно лице, без самодоверба, кое се обидува таквото чувство да го компензира со супериорност. Бидејќи, тоа е единствениот начин, за овие луѓе да се чувствуваат подобро, односно да се справат со неизвесноста. Ако некој постојано ги преувеличува своите способности, значи тој има проблем со себе. Та само тој е во право и само неговото размислување е исправно.

    Еве, инспирирана од друга тема, ќе ги земам за пример децата насилници. Оние кои имаат серизони проблеми, а свесно или несвесно ги прикриваат зад наводната супериорност која ја проектираат врз нивната околина. И не само тие, карактеристиките на екстровертност, доминантно однесување, потрага по внимание, недостаток на самодоверба, имаат и останати кои се кријат зад лицето кое нас не тера да се чувствуваме помалку вредни.

    Бидејќи, неверојатно е тоа колку голема способност има човекот да ги негира проблемите кои го опкружуваат, да ги поттиснува емоциите, па дури и да негира цела една реалност која му е токму пред очи. Толку. Во цитатот подоле, вештеркава се кажала.

     
    На Briar Rose, Joi, Читател и 2 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    22.566
    А може е и психопат или социопат.

    Ова може да му се каже на Никола Тесла, на пример.
     
    Последна измена: 11 јули 2018
  12. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.262
    Допаѓања:
    33.198
    Пол:
    Машки
    Конкретно за веганството. Кога и да кажам дека не јадам месо, сега и млечни производи, следува муабет од тип како не е здраво, често и низ муабет: ти си мрднат, примери од луѓе кои "испоумреле" од веганство, предавање за протеини, а уствари не ни знаат што е протеин и на крај ти кажуваат како под сѐ ова, они само добро ти мислеле. Ова не спаѓа под чувство на супериорност?
     
    На crimson, Briar Rose и honest girl им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    24.054
    Па доволно е да се види како живеел Никола Тесла, за да се сфати дека сум во право.
    Факт е дека поинтелигентните луѓе се поподложни на заглавување во замки на егото.
     
    На Briar Rose и WildMk им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    9.111
    Пол:
    Женски
    Ти си пишуваш колку да напишеш нешто. Тие имаат сосема друга дефиниција. И не се секирај, никој не ти го негира постот од погоре. Напротив, пишувам во согласност со твоето мислење, ете болдираното. Ама тешко ти е да разбереш, па цитираш нешто што и самата го кажа. :D
     
    На Briar Rose и DAngel им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    22.566
    Па истото е. Психопатите се нарцисоидни и самоуверени. Секогаш 'во право'.

    Не реков дека го негираш мојот пост, само се надоврзав на твојот.
     
    На lovestoneddd и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  16. honest girl

    honest girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    1.529
    Пол:
    Женски
    Pa ne bi funkcioniral svetov bez ego site bi otisle na Himalai i bi meditirale ako nemaat ego.
    Samo sto kaj nekoi e daleku ponaglaseno.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    24.054
    Апсолутно не е исто. Психопатите се уверени дека се во право, што не е случај кај замките на егото.
    Плус не е болест туку е привремена состојба, секој понекогаш запаѓа во некоја замка на егото.

    Дали си сигурна дека знаеш што значи "его"?
     
    Последна измена од модератор: 11 јули 2018
    На Briar Rose, Lianna Anna и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    22.566
    И психопатијата не е болест.
    Нели и егоистите се уверени дека се во право?
     
    На honest girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. honest girl

    honest girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    1.529
    Пол:
    Женски
    Ne :( pls educiraj me
    Eve mene ne me boli ako reces deka "ne znam" posto nemam tolku izrazeno ego ali ti sekogas sakas da se dokazuvas sto znaci imas mnogu pogolemo ego od mene.

    Jas mislam podobro bi bilo da se smali egoto togas ste pootvoreni kon svetot kon ucenje novi raboti a vaka sekogas ubedeni deka u pravo pa ne e toa poentata kapish?
     
    Последна измена: 11 јули 2018
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    24.054
    И ти не знаеш што его.

    Его и егоизам не е исто.

    Егоизмот е етичка теорија што ја става личната корист како основа на моралот.

    Егото е делот од "умот" што е одговорен за врзување на реалното со подсвеста, делот од човековата психа одговорен за личниот идентитет и перцепцијата на реалноста.
     
    На Briar Rose, Lianna Anna и theowndemon им се допаѓа ова.