@DAngel Licen identitet da a percepcija na realnost nema vrska so ego sekoj razlicno ja percepira realnosta. Egoto u prevod e "jas" koga kje se oslobodis od toa "jas" nemas identitet a samo monasine na Himalai mozat taka a u sekojdnevniov dinamicen zivot ne mozes da go eliminars egoto. Mozes da go namalis ne i da go eliminiras.
Друг пат не бегај од часови во средно Како што реков, его и егоизам не е исто. Кога ние збориме за нечие "его" разговорно, обично мислиме на егоизам, на етичката дефиниција, а не на психолошката. Темата е за психолошкото/филозофското его. Ego=јас (грчки)
Jas ne mislam na egoizam ne znam kaj gledas egoizam vo moite postovi? Ti istoto go pisuvas deka egoto e "jas".
Значи пак зборуваш за разговорното "его", кое што е синоним со самодоверба, а не егото како психолошки термин.
Па не мислев на лична корист, туку на себе перцепција. Може не знам да се изразам убаво. Нели психопатите имаат големо его и себе си се преценуваат? Те прашувам.
Значи истата грешка ја правиш и ти. Разговорното его е синоним за самодоверба и продавање на важност на самиот себе си. Психолошкото его е апарат за свесност и перцепција на околината. Да, психопатите имаат проблем со егото, ама не со зголемена самодоверба и преценување на себе си, туку со перцепцијата на реалноста. И замката на егото е на тој начин. Не значи дека личноста има зголемена самодоверба, туку перцепцијата на реалноста и е "извитоперена".
Како дете од второ одделение, викаш? Замка на егото е кога викаш дека секој што носи шминка има ниска самодоверба. Во овој случај личноста е во замка на егото, а нема големо "его" (т.е. нема висока самодоверба и високо мислење за себе си, ама смета дека е апсолутно во право). Големо его е да мислиш дека си над сите, дека си подобра од сите.
Кул тема, but what can we learn ? Си кажавме шо мислиме, а дали има некој да каже заклучок или да извади поука за тоа како може нешто практично да се примени како би ја намалиле или избегнале таа замка ?
Убава дискусија сте развиле, и доста работи сте кажале, јас само накратко ќе се надоврзам. Егото е пред сѐ апстрактен поим. Не мора толку строго да се држиме до одредени дефиниции, битно е само да не се прави дискрепанција, како што забележав дека некои од вас прават во одредени постови каде егото како психолошки феномен исклучиво го ставаат во негативен ,,highlight". Како што е веќе пишано, его и егоцентризам се два различни поима, дечки. Ние кога некому велиме ,,многу си егоистичен" всушност мислиме ,,многу си егоцентричен". Мислам дека овде повеќе е проблем јазичната спрега, отколку суштинското неразбирање на поимот. Македонскиот јазик понекогаш не располага со доволен свод на зборови, па затоа се случува да се ,,изгубиме во преводот". Факт е дека човековиот ум следствено интелектуален капацитет кој го поседува подлежи на искушенија кои се предизвикани од егоцентичноста, ама егото нема врска со тоа. Егоцентричноста е често, (но, не секогаш) само компонента на егото, и како што кажува самиот збор - центрирање (насока само кон одредена карактеристика, аспирација, пасија..), која егоцентричниот човек има потреба да ја прикаже како апсолутна надредна вистина над сите други.
Примеров со родители и посебни режими на исхрана кај деца ме потсети на едни мои роднини кои долго време не можеа да имаат деца и сега ненормално се однесуваат. Смоки јадат некои од аптека купени, вода со магнезиум пијат... Кај нас дома беа на гости и на едното бебе му падна цуцлата и замислете дезинфекција правеше мајката.. да паднеше на подот во ред ( иако чистев цел ден) , но цуцлата падна врз некоја перница... страшно.. рацете цело време со марамици им ги бришат.. Не знам дали и мене такс ме чувале и пазеле ама ништо не ми фали еве ОК сум Се трудев на жената да и објаснам дека така им прави полошо .. ги изолира оф бактерии и ги прави почувствителни. Но таа не сакаше ниту да слуша . децата ќе ги чувала и пазела максимално и тоа било најправилно
@Fallen.Angel не би рекла дека ова е замка на его само зошто нештото е поразлично. Не пробва да го наметни тоа на некој друг ниту пак зема некоја особена гордост врз нештото, како шо прочитав према текстот, туку едноставно е нешто кое го практикува во својот живот и за своето дете безразлика на се.
Зема особена гордост. Другите присутни жени сите се мајки на по две деца и се обидоа да и кажат дека нема потреба од сето тоа, но таа сите ги пресече и им кажа дека читала многу книги во врска со одгледување деца.