Ја отворам оваа тема затоа што мислам дека е важно да се зборува за тепањето на децата, особено кај нашата генерација, кога тоа често се сметаше за „нормален“ начин на воспитување. И јас бев тепана како дете. Имало ситуации кога од ударите ми течела крв од устата, а еднаш бев и фрлена во фотелја. Долго време мислев дека тоа е нешто што го доживувале сите деца и дека треба едноставно да се заборави. Но, како растев, сфатив дека таквите искуства можат да остават последици што се чувствуваат и во зрелата возраст. Не ја отворам темата за да обвинувам некого, туку затоа што сакам да слушнам и други искуства. Дали и вие сте биле тепани како деца? Како гледате на тоа денес? Дали мислите дека тоа ве направило „посилни“, или оставило страв, несигурност, анксиозност или други последици? Кај мене со текот на годините тоа воспостави огромна стравопочит кон родителите, која што не треба да се добие од дете на тој начин. Во тинејџерските години сум имала страв да споделам лоша оцена, дечко, каде одам и со кој сум. Во глобала бев многу мирно дете, но за секој пад на земјата, скршена чаша или покуќнина, следуваше ќотек. Сега во раните 30ти, речиси и да немам никаков контакт со едниот родител, бидејќи физичкото насилство во детството премина во вербално насилство од почетокот на тинејџерските години па се до средината на 20те. Напомена: Оваа тема не е наменета за општа дискусија за семејното насилство, ниту за расправа дали ќотекот е или не е воспитна мерка. За такви теми веќе постојат посебни дискусии. Целта на оваа тема е за оние што како деца доживеале физичко казнување или насилство да можат, доколку сакаат, да ги споделат своите лични искуства и како тие влијаеле врз нив подоцна во животот. Секако, добредојдени се и мислења од оние што не го доживеале тоа. Би сакала ова да биде мирна и искрена дискусија, без навреди и осудување. Можеби нечие искуство ќе му помогне на некој друг да сфати дека не е сам.
Супер тема! Искрено како деца сите сме јаделе што велиме ќотече но со мера... Е сега има и деца што преживеале трауми од тој "ќотек" како воспитна мерка... Нашите татковци и мајки и нивните татковци и мајки биле израснати со некои поконзервативни мислења.. И ден денес има такви! Има семејства каде што децата што со поглед си ја знаат границата, има деца што треба да ги удриш "по газе" " по рачиња" за да разбери и нормално малку да "попее" за да свати дека тоа што го прави е погрешно. Јас вака го разбирам тој воспитен процес: до кај 4тата година многу е нормално да свикаш да удриш по газе или рачиња( нормален удар со граница на болка која нема да предизвика траума или д направи проблем)... После 5тата година мислам дека е се треба со разговор и со поставување на карактер во смисла " да во ред направи го тоа но потоа последиците ги сносуваш ти" за да научи дека за секој проблем што ќе го направи има и последица која треба да ја сноси". И најважно е тоа да двајцата родители не попуштаат кога има проблем а не мама искатај тато гушни и обратно, а и лутината и реченото да трае а не за 20мин како ништо да не било