„И мене ме тепаа, па ништо не ми фали“ - дали е навистина така?

Дискусија во 'Брак' започната од Mazegin, 4 август 2026.

?

Дали сте биле жртва на насилство во детството?

  1. Да

    34 глас(а)
    38,2%
  2. Не

    55 глас(а)
    61,8%
  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.072
    Пол:
    Женски
    Зарем има разлика? Тепање е тепање. Дечко ти да ти удри шамар и викнеш полиција, тие да ти кажат, ама чекај шамар ти удри или бокс, бидејќи боксот се важи за удар, другово мање више.
     
    На kalinaka, Elenpelen, Peperutce6 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.877
    Пол:
    Женски
    Па твоето е баш секавње,наброја многу--- значи памтиш .Има луге и мажи и жени имаат идила и романтика од нивното детство ,што со сигурносѕ можама да кажам дека сум видела сцени на насилство,блиски мекои мои луге ама ставрно имаат избрисано од меморија тоа,голем дел.За психичко не се гледа не дека е побезопасно,НЕ Е. Пример како мајки и татковци ги ги колнат своите деца,е ова е мислам НАЈТЕШКО И НАЈБОЛНО.Клетва од родител секогаш ФАКА,за магии и такви нешта не верувам,ама за ова 100 сум сигурна.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.354
    Допаѓања:
    18.523
    Пол:
    Женски
    Немојте да романтизирате детско насилство без разлика колку е темата во друг контекст.
     
    На злоба, H.VAGA, Mr.Limonko и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    2.048
    Допаѓања:
    4.261
    Пол:
    Женски
    Некако начнавме темава и се навратив колку ќотек имаме јадено на бањање дека пример ни влегол шампон во очи |(
    Колнење исто (тоа и и се исполни) да се бараме а да не можеме да се најдеме т.е еве сеа еден од друг сме на 2 часа со кола...
    Да отидам само на кафе до кај сестра ми не можам.
    Апсолутно биле незрели за деца.
    Мислам според мене никогаш не си комплетно спремен ама ете ние сме една генерација во голем дел која постојано се труди да не ги повторува истите грешки.
    А тие само како што правеле нивните терај дали треба или не јбг...
    За гушкањето ,нели средно и ете тој беше некој начин на поздравување - мразев да ме гушкаат. Всушност ни сега не се поздравувам така ни со колешки ни со пријателки.
     
    На M&M, JasBee11, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.799
    Допаѓања:
    35.432
    Пол:
    Женски
    Леле, мене ме имаат доколнато моиве, и да умрам и секакви работи :rofl::rofl::rofl:
    МАјка ми дури и ми предвиде како ќе умрам, дека тоа ќе биде самоубиство :rofl:
    ЕВе шо била причината за сите мои невољји, матер да им ебем. :D
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    6.307
    Пол:
    Машки
    Штом имаш потреба тоа да го кажеш дефинитивно ти фали нешто, прво нешто што ти фали е неможност да реагираш смирено во некои ситуации и да решиш нешто со трпение и љубов веднаш решаваш со насилство, па колку и да е тоа нежно удирање по газе..
    И насилство е и шамар со кој ќе се онесвести детето и чукнување..

    Прочитав мислење дека било во ред да се удри затоа што упорно сака да бркне во штек. Сигурно постои друг начин, може на дете да му се сврти вниманието со играчки, ќе го однесеш надвор и убаво ако треба и 200 пати ќе му објасниш зошто не се брка во штек.

    Јас не сум бил тепан и никогаш не би го удрил моето дете и сум против воспитување со ќотек.
     
    На kalinaka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    3.330
    Пол:
    Женски
    Ние на Балкан не знаеме за љубов. Генерации растени во борба за егзистенција, воспитување со тепање или со „затоа што јас така кажав“, „јас сум те родила, јас ќе те утепам“, „ќотекот од рајот излегол“, „порастоше пилци, појебаше кокошке“, без да се обрне внимание, да не се разговара, да не се посочува на последиците како народ никогаш нема да се оправиме. Да не заборавиме дека чичко/дедо Трајче пред кооперација има повеќе знаење за воспитување деца, за лекување, за наука, физика, историја од сите нови генерации и професионалци, ама да биде присутен како татко, дедо, сопруг дома, да пружи поддршка, љубов и разговор на своите деца, внуци е невозможна мисија.
     
    На andromedae, sparklie, злоба и 15 други им се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.443
    Допаѓања:
    28.580
    Не, не е нормално дето до 4години да го плеснеш по рака или газе. Ништо не учи од тоа плескање, до 4г мозокот не е ни развиен за да разбере (ако се разбира) зошто е удрено.
     
    На Elenpelen, JasBee11, lovely91 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.443
    Допаѓања:
    28.580
    Многу ми дојде убаво кога го прашав син ми да ја доврши реченицата 'јас сум те родила, јас ќе те... ' он рече ќе ме чуваш? Мајка си ми.

    Јас не сум била тепана воопшто, ама ова ми било кажувано
     
    На sparklie, JasBee11, MiloMalo и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    3.330
    Пол:
    Женски
    И мене ми дојде преубаво сега кога го прочитав. Браво!
     
    На JasBee11, MiloMalo, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    18.749
    Што нема по тепаната генерација што го има во новите нетепани генерации? Коцкари, пијаници, дрогираши, пропалици? Сите од таа тауматизирана генерација излегоа успешни луѓе, домаќини за пример?

    Голем дел од тепаната генерација го пренесува истиот терк на воспитување, можеби во некој друг облик но тие трауми и тоа како сè уште се влечат и се одразуваат на нивното родителствување.

    Секако, чест на исклучоци што се трудат да ја прекинат таа нишка и да бидат сè спротивно од тоа што нивните родители биле за нив.
     
    На WarriorMind, JasBee11, lovely91 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Dekoo

    Dekoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    1.638

    Ако мислиш дека луѓето поише се дрогирале, коцкале или пијанчеле у тепаната генерација (наша генерација) од овие денес, треба да искачаш почесто надвор :)
     
  13. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    6.307
    Пол:
    Машки
    Тоа што денес е подостапно и побрзо се шири по социјални мрежи не значи дека порано не постоело.. Прабаба ми сама садела коноп на времето затоа што тогаш не се ни сметало за дрога..
    За дрога и коцка може порано било многу помалку достапно, ама алкохоличари повеќе имало и уште има од таа генерација.. И ова нема врска со ќотекот...

    Не знам која генерација си ама генерацијата од тепаните (70-80те/90 ќе ставам) секој втор е алкохоличар и дремат пред продавница и во кафана на 40-50 години и кога ќе кажам "Извини не пијам возам" или кога ќе пијам само една лименка пиво коментарот е " Абе како тоа земи ракија, ние по гајба пиво на на времето пиевме. Па во војска како сме криеле ракија. Вие треба да одите таму да научите дисциплина, а не да не знаете јајце да спржите и креветот да си го соберете" и ќе прашаш "ти твојот си го собираш?" на што следува " Не се одвикнав јас тоа жената собира".. И се ова поради ќотекот е?
    Тепаната златна генерација што одела во војска.:worried:
    Истата оваа тепана генерација кои што "не пијат" кога бев дете со сила ме тераа да пијам пиво затоа што сум машко да се навикнам да не ме фаѓало после брзо пијанка и ми нудеа цигари...
     
    Последна измена: 7 август 2026
    На WarriorMind, M&M, Buttermilk и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    869
    Допаѓања:
    2.666
    Пол:
    Женски
    "И нас не тепаа па не ни е ништо" и цитираново не е исто. Ние сме последната генерација која родотелоте не тепаа а изгледа сме и првата генерација која децата не тепале.

    Кога нас родителите не "тепале" воспитно немаше непочитување имаше некој ред ние децата имавме стравопочит. Денеска кога "развравме" дека тепањето деца е насилство децата земаат замав на вулгарност непочитување а и за жал многу случаи на чедоморатво каде деца напаѓаат тепаат и убиваат родители. Епа сега седнете и малку размислете
     
  15. sino.o.oka

    sino.o.oka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    4.317
    Пол:
    Женски
    Чедоморството (инфантицид / неонатицид) е исклучиво кога има убиство родител кон дете. Не обратно.

    Парицид / патрицид / матрицид (Parricide) е ова е терминот за убиство на сопствениот родител. Патрицид убиство детекон татко, а матрицид кон мајка.
     
    Последна измена: 7 август 2026
    На Angie1432, Aleks.mar, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    3.330
    Пол:
    Женски
    Кога ќе им кажеш дека нивната генерација може да се пофали само со војска и дека војската кај еден па може да кажам голем дел мажи оставила трауми (иако мн ретко признаваат), а кај друг дел апсолутно нема никаква корист освен кога ќе се соберат да си кажуваат некои „ловачки причи“ толку ќе се налутат што ќе зажалиш што им го дупна балонот полн со идеализирање нереални ствари и лажната машкост. IQ82 во земјава е сериозен проблем, но кај нас се користи само за (пре)смешки. Зошто искрено не гледам многу мажи што биле во војска да помагаат дома, да прават грав, да местат кревети и да помагаат на жените. А да не им спомнеш дека голем дел од тие што се претставуваат големи мажишта кога дојдоа дома да ги викаат за „конфликтот“ се криеа на секој можен начин. Џен зи (па и голем дел миленијалци) многу повеќе помагаат и на жени и за деца, готват, делат обврски рамномерно и се многу поприсутни. Многу е лесно младите да се обивнуваат дека се коцкаат или дрогираат и слично. Кој им го дозволува тоа на младите? Нашите и бумерските генерации. Не се тие виновни што наместо културни настани, свирки, концерти, поевтини карти и слично имаат казина на секој чекор. Често пријатели од внатрешноста кажуваат дека се дреме по казина затоа што нема што да се прави, дури многу повеќе се дреме отколку во Скопје. И им се дозволува толку лесно да земаат брзи кредити. Промените почнуваат од секој од нас. Општестовото нема да е вакво ако сите работиме на себе. Ма да уште 150 години ќе се потребни за да се тргне дел од насилниот ген и гнев што го имаме од потиснување на емоции уште во турско време. И уште толку години за „ќотекот да искача од рајот“. Тие што викаат дека новиве генерации се полоши веројатно никогаш не седнале да видат колку многу може да се научи од тие деца и колку можат тие деца душа да наполнат.
     
    На WarriorMind, KuklickaSk, M&M и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.524
    Допаѓања:
    85.447
    Пол:
    Женски
    Има луѓе кои мислат дека децата кои биле тепани се повоспитани, помирни, повеќе знаат што треба а што не треба од тие кои не биле тепани. Дете ако не било тепано, немало да знае за граници. Не е точно, односно тоа многу зависи од детето.
    Дека на дете кое било тепано не му е ништо, не би рекла. Секогаш му е нешто. Или продолжува со ќотекот врз своите деца оти не знае за подобро или од лошото искуство зема пример како не треба. Во двата случаи, му е нешто. Тепањето секогаш остава последици.
    Јас не се сеќавам дека сум била тепана но ми било викано, ме воспитале и обликувале така што се плашев да разговарам и да се отворам за било што затоа што не очекував разбирање туку критики и викање.
    Личноста на човекот се оформува во детството. Многу генерации се со некоја фалинка поради своите родители кои толку знаеле. Ако родителот сака подобро дете, треба да биде подобар родител и подобар човек самиот, а не повеќе да го тепа.
     
    На Simon4e0507, WarriorMind, Buttermilk и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    8.013
    Допаѓања:
    20.330
    Ако мислите дека ние (децата од 80-90) кога растевме немало насилства како сега, тогаш не знам кај сте растеле. Јас кога растев се собираа школи меѓу себе во скопје крвнични се тепаа, девојки меѓу себе исто крвнички се тепаа, мене бе едно време страв ми беше во школо да одам дека ќе се вратам истепана пошо постара сестра на школска не тепаше цело одделение, дома ги болеше таквото мојте чекаа викенд да ме пратат кај баба ми. Затоа јас сега за мое дете гризам:devil: (за да осети дека има пријател во мене, а не некој кој му вришти и го шамара).
    не се кажувало дома, не се зборело отворено за булинг како сега, тогаш смееше наставник да искубе или да се дере и никој ништо не му можеше... и сега еве ги плачат наставниците што не смеат да се дерат веќе пред пензија, воспитачките во градинки што не смеат веќе со ќотек да се иживљаваат на 4годишни деца.
    Не знам, некој погоре пиша ние сме нација без љубов, цел живот се мрзиме едни со други, покорени, браќа, сестри испокарани итн. Ми е жал што останав овде да живеам а веќе ми е касно за надвор. Се' некој магии ни прави, секаде е проблемот освен во нас самите.
     
    На Simon4e0507, WarriorMind, Aleks.mar и 10 други им се допаѓа ова.
  19. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    2.061
    Допаѓања:
    7.535
    Пол:
    Женски
    Голема потврда за секој збор напишан!:clap:
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    3.098
    Морате да разграничите една работа а тоа е дека темава е за сите кои биле удирани воспитно. Мене не ме тепале од дома зашто така му доаѓало, туку поради тоа што мислеле дека така треба.

    Децата земаат замав не поради тоа што не се удирани, туку поради тоа што на родителите му е полесно да мавнат, одколку да седнат и да разговараат зошто одредена постапка кај дете не е во ред.

    Ако учителката или друг родител ти го удри детето воспитно, зашто трчате по тужби? Оставете да ви го млатат детето додека не му се развие фронталниот кортекс, а кога ќе дојде до одредена возраст, ќе го гледаме на вести како се справува со стресни ситуации. Бидејќи тоа не знае да реши проблем со разговор туку со ќотек.

    Жал ми е што навистина не ја разбирате суштината на темава.
     
    На KuklickaSk, Aleks.mar, M&M и 5 други им се допаѓа ова.