Имам чувство ко да сме единствена нација што покажува со прст кон другиот, секогаш имаат дежурен кривец, никогаш да се погледне човек себеси.
Трагедија е што има родители за кои ова е нормално т.е не гледаат проблем ако наставникот го плесне детето, кои очекуваат наставникот да покаже авторитет, а како поинаку ако не со ќотек и со дерење?! А, најтрагично е што ова го мислат млади луѓе, помлади од 40г
Не ме тепале воопшто ама пак не знам ни за љубов. Не сум видела мајка ми и татко ми посебно не пред нас децата да се гушнат, не да боже да се бакнат. Па и кон нас нешто многу љубов да изразувале, не се ни сеќавам. Што викаш трендот на гушкање во средно толку ми беше чуден и беспотребен. Во мое семејство такви изразувања на љубов немало. Еве и во мојот брак толку ми беше непријатно маж ми да ме бакне ако во собата се моите или неговите. И да може не ме тепале ама и не сум научила да искажувам чувства и љубов. Детето си го гушкам, си го бакнувам. Се учиме да се гушка и сето тоа. Ама се учиме, некако не ни доаѓа природно, зошто пак и во животот никогаш и не ни било покажано како нормално нешто.
Ќе му држиш обука на нов колега за една иста работа како треба да се сработи милион пати, додека ти сеуште ќе ја работиш пак, или поголемиот дел од обврската дур научи, ама своето бебе ќе го плескаш по пелена оти што има да се пренемагаш за сопственото дете. Дома кај што никој не гледа, нема потреба од трпение, упорност, нежност е за слабаци, насилство е за јунаци и стравопочитувачи. На своето, на најмилото, патката по пелена е најлесно, најбрзо и најефикасно. Нема труд, нема внимание, ех па 5 пати му повторив реторика. Нема да научи зошто така не треба во никој случај, ама ќе научи никогаш да не ти верува. Не сум била тепана со каиши, стапови, папучи. Ме имаат плескано неколку пати. Гневот према родителите ми се јави по доаѓањето на моите деца кога и самата учев да го направам тоа поинаку, поприсутно и поквалитетно за моите. Тогаш сфатив колку можело да биде поинаку и во моето детство. Јас пак се контролирам. Сакам да не мислам на некои ситуации кои можеле да бидат скроз поинакви зошто времето не може да се врати, иако знам да се ʼрчнам со мајка ми некогаш. Најчесто оставам на тоа дека толку знаеле во тоа време, чисто за мој мир, иако кој сакал и се трудел правел поинаку и тогаш ама ај. Маж ми за разлика од мене не може да се помири по станување татко и полека доаѓа до нула трпение према татко му. Полн е гнев према двајцата ама особено према татко му оти воопшто не бил присутен татко, секогаш други работи го занимале повеќе, за плескањето да не зборам. Трудејќи се околу своите деца, вложувај ќи многу време и трпение, играјќи и со диносауруси и со барбики, со секое гледање се помалку толеранција има према татко му. И тоа се осеќа во се. Гневот секогаш доаѓа одпосле. Сите од блиски што ги знам, а сме биле плескани, сите се бориме со чувството дека не сме доволно добри во најразлични аспекти од животот сега како возразни. Колку и да сакаме да оставиме друг впечаток, не јаде внатре. Колку само имаме банални тригери во животот кои многу лесно можело да не постојат воопшто место да заземат удобно столче низ години подоцна.
Преиспитувањето не е така лошо, всушност позитивно е, наместо да вриштиш од нарцисоидност и како тоа за све си нај нај само и само ти. Ни за гушкањето не се слагам дека поради тоа што не искажувале љубов пред вас, затоа тешко ви било да се гушкате. Заборавате дека има и подиви, поладни луѓе? Луѓе кои не сакаат да покажат емоции пред другите. Баш знаеше мајка ми да ме гушка, ја не возвраќав, некако ми беше срам, незгодно, не сум таков тип, гушкање со партнер само. Љубов може и на други начини да се искаже. За крај, не можам да кажам дека трауми иам поради воспитните кои чат пат ги имаше, моите трауми се поради сплет на околности и дешавки исто у фамилијата, кои индиректно ме погодија, а не беше тоа насилство насочено кон мене, понатака булингот кој го доживував и никад нема да ја забораам психичката тортура. Не споредувајте нешто што не може да се спореди, и не ставајте све у еден ист кош. Има најразноразни ситуации.
Здравото преиспитување нема никаква врска со чувството на помалку и недоволно во секоја ситуација и не давање на значење на секој личен успех. Исто како што честопати не си ни свесна колку тригери имаш од тоа плескање додека еднаш не станеш свесна. Обично тоа се случува кога ќе те снајде некоја животна ситуација што ќе ти го преврти животот, или ќе почнеш да работиш на себе со професионалец и почнеш да си ги препознаваш повторувачките чувства и однесувања во конкретни ситуации и учиш оти баш така реагираш, а за жал многу луѓе и никогаш нема да се освестат. (Не зборам конкретно за тебе, појма немам за животот твој, зборам генерално) Постојат причини зошто има диви луѓе, питоми, екстроверти, интроверти и тоа се се сплет на ситуации и околности низ кои поминуваме особено во круцијални фази од животот кои ни го обликуваат карактерот. Гушкање? Хехенце! Па не секое гушкање е безусловна љубов. Има гушкање проследено со зајадливи коментари или само коментари, или константни критики. Ама да не сакаш да гушкаш нешто што ти е премило, да, апсолутно постои причина за тоа. Али ај, ќе се пишеме негушкачи и ќе тераме живот дека сме “диви” по природа. Страшно колку работи сеуште ни се нормални. А нормални ни се, оти често, премалку се знаеме и себе си, а што останало за другото. Иначе со булингот во школо сите ние многу подобро ќе сме се носеле ако претходно од дома не научеле на здрава самодоверба, место да ни го скршат духчето уште со патките по пелена. Ама добро.
Може оф топик ќе заминеме ама присуствував на една обука и едно од прашањата беше, која постапка или изјава од родителите ви го обликувала животот? Искрено не се сеќавам дали некој имаше споменато за ќотек ама пример имаше изјави од типот (од различни луѓе) - никогаш не научив да возам велосипед затоа што ми рекоа дека е срамно женско да вози - останав на работно место кај што сум несреќна бидејќи ме учеја дека менување места дава лоша слика - секогаш ми кажуваа дека се слушаат мажите и се останува на мажот Не е нели за тепање ама пред некој ден мојата 3 годишна ќерка ме прашува дали е дозволено плачење? Како многу тригодишници е во фаза на плачки за сите можни глупости (и без тепање тоа), ама таму некаде и од некој слушнала дека не се плаче е не е дозволено. Е сега да и речам и јас срамно е да плачеш, на што личи плачењето итн. Еве мене тепање не ми го обележало животот. Ќе излажам ако речам дека детево не ме извадило од такт и да посакам да добие ќотек ама на крај на денот барем моево нема од тоа ништо да научи. А во мое време тепање, па и по улици од родители, па и дома имаше на големо. Дали за некоја беља направена, дали за оценка, дали за било која причина.
Па ете мајка ми нема ни 60 години и е „помека“ од порано, затоа што старее. Има страв од болести и умирање. Секогаш имаше причина да удри дете, да навреди, да се дере. Некогаш си мислам дека е трауматизирана затоа што се родила во семејството како 4-то дете, па биле страшно очајни зошто баба ми на 40 години едвај преживеала при раѓање, а родила женско дете после 3 женски. Севкупно, примитивност до даска. Така си живеел народот, примитивно.
Има многу полесен и ПОЕФЕКТИВЕН НАЧИН.Купуваш заштитници за штекер за 100 денари пакетче.Ставаш по дома и раат си,кога одиш по гости и игротеки ги носиш со тебе обезбедуваш и пиеш кафе без страв.Мали деца баш и не разбираат и тоа 200 пати,и обично може не котек туку да ги ПЛАШАТ,што е потрауматично и од котек некогаш.Ова не е замена за муабет,ке му збориш ама е 100 проценти ефикасно.
Болдот апсолутно точен. И заради тоа им се допушта на многу луѓе да не газат. Во еден момент сфатив дека ни 50 % од проблемите во бракот и со свекрвата ќе ги немав ако тоа не беше така ,иако опширна тема е и апсолутно не е за тука. Друго околу делот со родителите ,додека растевме често мајка ми ни викаше : Дај Боже да имаш исти деца како тебе ќе те видам тогаш. Јас знаев да и речам да дај Боже бидејќи ни тогаш не гледав да правам нешто погрешно. А среќавам и сега некои видеа демек мајка ти најдобро ќе ја сфатиш откако ќе станеш мајка.. и не ,не ја сфатив. Уште потешко ми е да ја разберам сега... Зошто колку и да ми било тешко низ што и да сум поминала (а поминав многу) никако не можам да се истурам врз детето.
Ако идеш да го пријавиш дечко ти /женска ти за шамар, зошто би удрил дете? Ако иде девојката /дечкото да пријави и мислиш дека заслужила, оди на психолог.. Ако не го треснуваш дедото што ги пофаќа сите лебови во маркет, зошто би го треснал детето за штекот а притоа дедото треба да е поразумен? Иам испади, не викам не, но работам на тоа да немам,дека дефинитвно кога и се обраќам како на возрасна и и објаснувам со убаво, во рандом момент во денот, на прошетка, а не во моментот кога бара нешто што не бива да го добие, испадите не се повторуваат. Најчест тригер ми е кога пробува да добие нешто, без да праша иако збори како тинејџер, туку или иде сама по своето или веднаш почнува да драми, а јас појма немам што и треба.. Најверојатно, траума, дека јас не барав што ми треба.. Не бев тепана, не бев пцуена, но бев детето што е прилагодливо на мама и тато финансиите што дури стварно потребни работи не сум барала за да не сум трошок. Ако и дадеш океј, ако не, си оди во соба и никому ништо... Не се борев, не пребарував, а некогаш стварно ми требало, или сум заслужувала.. И сакам да ми бара, и сакам да се скараме кога ќе забранам, а она мисли поинаку, за да научи да не биде детето што бев јас, туку да е гласна.. Ама да одбере зборови, аргументи понатаму во животот, а не драма за пола маало да разбере, а јас последна. И не, не е од рајот, многу ви фали на тепаните, некој посвесни, некој не, војска не е камп со екипа од цел свет, и 7 деца не се од љубов и децољбке, туку од потребите за домашните работи.. И не, не им било поубаво тогаш, на керка ми е поубаво во парк, на море, со играчки.
И јас сум била тепана како мала, ама не трескана од земја! Знаела мајка да ме плесне ако пикнам прст во штек иако многу пати ми има кажано да не го правам тоа. За нешто то ми е било кажано, а е опасно и не сум слушала ме плеснувала мајка. Татко ми до ден денеска тон нема повишено на мене, а не па да ме удри. Памтам мајка на мои 14г ме изнатепа поради огромна глупост што ја направив. Од догаш ме нема чепнато. Заслужен ќотек беше тоа. Да напоменам, не ме трескала од земја, не е ме фрлила од една на друга страна на собата итн.
А, откако ве истепаа не претерувавте? Што конкретно ти научи од ќотекот? Дека ќе те истепаат ако направиш глупост. Не те научиле зошто да не ја правиш таа глупост
не конкретно за коментаров кој го цитираше ама имам едно прашање: што кога има деца што не знаат за граници и покрај тоа што родителите пења им фатила устата од зборење? Не секое дете е послушно не секое дете почитува граници. А сега конкретно за мене. дека колку што е небитна глупоста небитен е и ќотегот. Дека не е дозволено се што сакаш да правиш. Дека треба помалку збеснување и Богами некогаш една воспитна знае да те смири. Подобро него дерење и викање кога со збор не се научило. Замисли па уште пред "публика" да те шлапне. Да видиш како ќе се засрамиш и ќе знаеш за друг пат. Па уште да се спротиставиш (ко што прават денешниве деца) боље дома не иди. Се знае кој е родител а кој е дете. Од едно шлапнување никој не умрел. те учеле ама ти не си врзала во мозочето. Не може родотел да те удри без претходни 10000 пати да ти објасни за истото а ти како дете да си тераш по свое.
Сакав да ти реплицирам, ама гледам дека нема поента. Сосема спротивни размислувања имаме На крај памет не ми паѓа да нормализирам насилство, па макар тоа било „плеснување по газе„
Ти пишуваш за деца без граници, како самите да се создале такви. Токму ќотек во било која форма ги доведува да се такви. Не може да има дете без граници, агресивно и деструктивно, ако имаш дом во кој владее љубов, слога и хармонија. Од што ќе се создаде тоа што го пишуваш? Не ми е јасно како одма за ќотек се фаќате, а не пробувате да одземете нешто што е омилено. Многу повеќе ќе значи и вреди, отколку шлапање и боксирање. Што го учиш детето со тоа? Дека тоа е начин на справување со послаби од тебе кога не ти одат по желбите. Читај, можно е да стане були и да си бира жртви, затоа што и самиот е. Да се крие од родителите, затоа што има страв, практично ти некогаш ќе дознаеш, ќе удриш ќотек и пак ќе продолжи уште поумешно да се крие. Ќе научи дека кога во себе има лутина и тага, единствен безбеден начин на искажување е удар, наместо куп други стратегии. Децата копираат тоа што родителите го прават физички, а не вербално. Само пробај посвесно да се посматраш себе си, колку исти гестикулации, држење на тело, разни невербални дејствија ги правиш, а се целосна копија на твоите родители. Нема да те навредам и да кажам какво ти е мислењето, но ако сакаш да бидеш подобар родител, не мора мене да ме читаш, но навистина обиди се да дознаеш повеќе за тоа како едно дете се воспитува без ќотек. За тебе е решение, затоа што не знаеш за подобро решение. И тоа е сосема во ред. Но, не е во ред, да ти се укаже дека не е во ред, а ти егоистично да го потврдуваш своето мислење, само затоа што бираш да не се едуцираш на таа тема.
Јас научив еве да не ги повторувам истите грешки. И не се правете адвокати. Секој е растен на различен начин.
Ако сметаш дека таквиот пристап е соодветен и го практикуваш врз своето дете, не би рекла дека твоите завршиле добра работа. Ако подлабоко погледнеш, те научиле на последици од физичка природа. Што значи дека сега или имаш потисната лутина и премолчуваш кога гласот ти вришти да се искаже или сметаш дека со тие што мислиш дека се послаби од тебе може физички да се пресметаш ако нештото не е по твое. Кажи ми кое од овие две нешта е всушност твојата сакана цел што сакаш да му ја вградиш на поколението? Не знам како не сфаќате и како одобрувате тоа што ви го правеле родителите. Испаѓа дека обожавате да сте тепани кога на некој на нерви му идете. Кажи го мазохизам. Не сакате маж ви рака да ви крене, ама детето е во ред да се тепа. Ко демек возрасните сите воспитани се, не заслужуваат ќотек ама емоционално нерегулисани деца до вчера што се вика цицаа, сосема е океј да ги ќофташ. Прости ми, ама нема посељачко од тепање на дете. Нема. Не е воспитна мерка и не е начин. Туку одраз на несовесност, нечовечност, изгубена способност за комуникација и неподобен родител.
Јас не се жалам од воспитувањето од моите родители и не е ми фалело ништо ниту ќе ми фали општо во животот. За што и да е биле и ќе се тука за мене, нема сигурно да ги судам зошто ме плеснале.