„И мене ме тепаа, па ништо не ми фали“ - дали е навистина така?

Дискусија во 'Брак' започната од Mazegin, 4 август 2026.

?

Дали сте биле жртва на насилство во детството?

  1. Да

    34 глас(а)
    38,2%
  2. Не

    55 глас(а)
    61,8%
  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.072
    Пол:
    Женски
    Тоа е и најтажното во целата приказна.
     
    На la.malparida и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. sino.o.oka

    sino.o.oka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    4.317
    Пол:
    Женски
    Ова е од интернет, стар текст, ми се чини некаде низ форумов го имам постирано, не знам, можеби не.

    „Ме казнуваа кога бев дете и добро ми е, ништо не ми фали,“ рече човекот кој секојпат кога ќе направи грешка, за себе го мисли и вели најлошото како облик на самоказнување.

    „Кога ќе станев хировита како мала, тогаш татко ми ме заклучуваше во соба да учам сама. Затоа сум тоа што сум денес,“ рече жената која пати од анксиозност и не разбира зошто толку многу се плаши да биде во мали простории.

    „Кога имав напади на бес, родителите ми велеа дека ќе ме остават и дека ќе ме дадат на непознат човек. Сега тоа ми е смешно, па сигурно немам последици,“ рече жената која постојано моли за љубов и простува неверства и непочитување, само за да не се чувствува напуштено.

    [​IMG]
    „Доволно беше да ме погледнат родителите и да знам колку е часот. Затоа сега сум човек!“ рече жената која не може да воспостави контакт со очите со лица со авторитет, без да се почувствува посрамотено.

    „Како мал добивав ќотек со ремен и денес сум добар човек, успешен и вреден,“ вели човекот кој комшиите го пријавиле во полиција поради пијанство и физичко насилство врз сопругата.

    „Моите родители ме тераа да го учам она што може да ми донесе добра заработка и благодарен сум им за тоа,“ рече човекот кој сонува за викенд во текот на цела недела, бидејќи е очаен што секој ден прави нешто што не го сака.

    „Кога бев мала, ме тераа да седам мирна додека не ја изедам целата храна во чинијата, а некогаш дури и насилно ме хранеа – не беа вака попустливи како денешните родители, имаа став,“ рече жената која не разбира зошто храната ја користи како утеха и има пореметување во исхраната.

    „Благодарен сум им на мама и тато за секој удар и секоја казна, бидејќи да не го правеа тоа порано, којзнае што ќе беше со мене денес,“ рече човекот кој никогаш во животот немал здрави меѓучовечки односи и неговиот син го лаже бидејќи му се плаши.

    И така... одиме низ животот, слушајќи ги луѓето кои тврдат дека се добри луѓе без трауми, а парадоксално, живееме во свет полн насилни и ранети луѓе.

    Тоа е се што имам да кажам на темава.

    Лошото однесување на родителите кон децата не прават децата да ги мразат своите родители, туку себе.

    Малку повеќе треба да си го ставиме прстот на глава, и да сфатиме дека транскрипцијата на траумата мора некогаш да престане. Ако ти како личност која е малтретирана во детството не ги излечиш тоа на здрав начин, со соодветна и стручна помош, многу веројатно дека твоето дете ќе треба да го лечи тоа, ако не тоа, тогаш внукот и така натаму до недоглед.
     
    На kozuf, Simon4e0507, Aleks.mar и 8 други им се допаѓа ова.
  3. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    5.716
    Пол:
    Женски
    Секој за себе и секој со своето. Тажно не тажно мене ми е топ. И не им се лутам, не ме фрлувале од прозор, ми овозможиле се во животот.
     
    На christinnn, Raven22 и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.072
    Пол:
    Женски
    Не можеш да се лутиш, затоа што тие и толку знаеле и се плашеле да постапат поинаку, затоа што и на нив погрешно им било покажано.

    Може да зборуваш колку ти е совршен животот, колку се материјално ти било овозможено, но ако за тебе воспитувањето и учењето за животот ти било демонстрирано низ шамари, не би рекла дека си лоша личност, туку буквално слепа и заспана. Ја продолжуваш својата фамилијарна карма низ поколенија. Додека еден ден на некој твој правнук, а можеби и дете не му пукне филмот и сфати колку токсичен живот му бил даден од родителите. И не очекувам да ме сфатиш, затоа што да ме сфатиш, треба самата да се издигнеш над тој оков што ти е вграден.

    Некогаш кога имаш лутина, тага, запрашај се длабоко каде е коренот на овие чувства. Ќе се изненадиш колку твоите родители придонеле за тие чувства. Не директно, но со огромно индиректно влијание.

    Секако моето мислење нема ништо да ти смени, но тврдењето дека ништо не ти фали е само непоткрепена теорија од твоето его, а не факт од тоа што е под него.
     
    На Simon4e0507, ani23, Mr.Limonko и 5 други им се допаѓа ова.
  5. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    5.716
    Пол:
    Женски
    Премногу паметувате, гледајте си за себе, ние со егото си тераме со животот.
     
    На christinnn, Raven22 и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  6. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    869
    Допаѓања:
    2.666
    Пол:
    Женски
    Точно дека ќе наидеме на различни мислења и не е работава да се убедуваме. Дали имало или немало поента некој нешто ако реплицира. Гледаме какви се денешните деца и какви сме биле ние. Голема е разликата во родотелството и воспитувањето. Од милување мазнење и тапшање по рамо децата од 6то одд врпат врсничко насилство кон соученици и се воспитани дека нив никој не смее са ги чепне дека никој ништо не им може... па сега видете кој кого треба или не треба да тепа
     
    На FlirtBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    546
    Допаѓања:
    7.083
    Пол:
    Женски
    Се, се ама за врсничко насилство ич неќам да ми зборите.
    Како немало врсничко насилство предходно? Имаше, се знаеше и се молчеше оти срамота беше да кажиш дека те тепале на школо.
    А како јас детето да го учам дека не заслужува да биде тепано на школо и навредувано кога јас тоа му го правам дома ? Или пак да му речам ама не дете не го тепај другарчето не е убаво ама ако ме посрамотиш пред луѓе има да те ишамарам на лице место пред другите за да знаат тие оти ја сум сериозен родител што воспитува. Или пак онаа познатата ќе видиш ти кога ќе си отидиме дома.

    Јас сум од оние тепаните, умртвувани. Мајка ми така сакаше да вика "ќе те умртвам сега":angel:
    Тепана сум и од двајцата родители крвнички а во глобала бев многу послушно дете ете само бавно по природа и често заборавав обврски што ми ги издале или не знаев да ги извршам како што треба.

    Во возрадниот живот им бев омилена најмногу на оние кои знаеа дека не постапуваат како што треба ама јас извршував наредби бидејќи имаа авторитет.
    Самодовербата ми требаше многу време да ја изградам и сеуште имам несигурности и немам добри социјални вештини а најмалку се снаоѓам во гужва.

    Сестра ми мислам дека е од тие луѓе кои заборавија на одредени трауматични ситуации и јас ја потсетував за некој случки ама нејзиниот мозок одбива да процесира.

    Сте ги спомнале децата што заборават а што е со самите родители што наеднаш добија амнезија за се што правеле? Моите се сега златни. Ама џабе е во џигерот ми брцкат кога се понашат цели мили со мене а не дека не правеле фешти за мене и гестови ама ете јас не можам да дојдам до мир и на крајот од денот јас чувствувам грижа на совест зошто не сакам да им се јавам или кога ќе ги слушнам посебно кога ќе почнат да ми се пренемагат ме фаќа нервоза и бес.

    Уште малку и јас ќе треба да воспитувам дете а самата се фаќам како имам малку трпение па ме фаќа и страв. Ги земав сите книги што успеав да ги најдам за воспитување и секако ме исмеваа за тоа дека сум се претерувала бидејќи тие не се воделе по книги па ете нас што ни фале.

    И секако дека добив и клетви гратис детето да биде исто ко мене и вакво и такво. На тоа кажав дај боже и фала.

    И немојте да мешате родители кои растат без ќотек со незаинтересирани родители.
     
    На Panda00, Buttermilk, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  8. kozuf

    kozuf Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.131
    Секоја чест за силата и за тоа што си се освестила и си решена да го прекинеш циклусот. Не е лесно. Браво.
    За книгите за родителство би ти препорачала прво да почнеш со работа на твоите рани, ако можеш да си дозволиш психотерапија, биди во мир со тоа што тебе ти се случило. Во книгите за родителство има многу убави и корисни работи за како да го воспитуваш детето, ама за да најдеш енергија и волја да го спроведеш тоа мораш прво ти да си океј и трпелива и мирна. Има и подкасти и видеа и вежби што можеш да ги правиш. Па дури и чатгпт иако не би препорачала да ти е примарен извор, ама може да те упати на материјали.
     
    На la.malparida, WarriorMind и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.397
    Допаѓања:
    5.048
    Ме тепале, да. И на школо повозрасни девојчиња, имаше булинг и пред 30 години да не се лажеме. Ете и јас осетив, ден денес имам последици од тоа време. И дома сум јадела ќотек, а дека не ми е ништо, ми е. И тоа многу.
     
    На Panda00, la.malparida, Buttermilk и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.877
    Пол:
    Женски
    Те разбирам целосно 100%.Само мала допуна.Сите книги на светот нема да ти помогнат за надминување на оваа траума,ти ја препознаваш свесно ама не ја лечиш.Најмногу помага за ова ЕМДР И,КБТ,психотерапевт ..Без стручно личо психотерапевт не поминува.Ги имав на достапност сите книги на свет од тема психологија ама се вртев во круг.Книгите се само почеток така се почнува со увид ,тоа што кажуваш дека осеќаш некогаш грижа на совест,значи дека стои негде длабоко и тлее.Норамлно е спомените да ти се во душа,ама не и процесирано и излечено.
     
    На eliesaab, _Vera_, kozuf и 1 друга личност им се допаѓа ова.