Ова што ќе ви го постирам подолу е колумна од наша новинарка која имала солено искуство со патувањата кои одеа преку Колектива. Истава ја прочитав денес и ме подзамисли бајаги па ме интересира вашето мислење на оваа тема. Како би реагирале вие? Каде е кривицата, кај Колектива или организаторот на патувањето? Можеби колумната е малку подолга, но вреди да се прочита. ****************************************************************************** По повод катаклизмичната грешка што ја направив (заедно со тројца несреќници од моето друштво), а таа е да купам ваучер за летување на Сончев Брег од „Колектива“, ви пишувам да ве информирам дека ќе ги преземам сите правни мерки, а подоцна ќе ги искористам сите информативни бенефити кои ми ги нуди професијата на новинар, за да ја испитам темелно вашата работа, да ја поткрепам со лични и туѓи примери на подигрување со клиентите (тука има еден грст примери) и да ја илуминирам македонската јавност колку е саат. Саатот особено касни, кога се работи за веќе резервираните соби за кои со вас потпишавме договор и доплативме вкупно 140 евра за да може да ги користиме, а кога дојдовме во хотелот „Дева“ - беа зафатени. Факт број еден - веќе платени и еден месец однапред резервирани соби, се зафатени. Сопственичката на хотелот ни кажа дека нема место, откако ги извадивме парите за доплаќање,вкупно 140 евра. Како се почувствував во тој момент нема да ви кажам, зашто во оваа работа, решив да ги исклучам сите емотивни сензори како што ги исклучивте и вие вашите професионални, заедно со бандата превозници на кои ќе се фокусирам подоцна. Одиме понатаму... Бидејќи немавме предвидено да спиеме во шатори покрај плажа и бидејќи немаме куќа на грбот, со куферите бевме пренесени на 5 километри од местото каде што ни ги земаа парите, во хотел изолиран од цивилизацијата, во околија недопрена од хомо сапиенс, а уште помалку од возвишените убавини на ноќниот живот. Заради овој несреќен трансфер (небаре сме бело робје), бевме принудени за да дојдеме во контакт со местото Сончев Брег, да платиме за 7 дена - 200 евра за превоз. Како и во секое туристичко место, таксистите се немилосрдни кон странци, а друг превоз едноставно нели, нема. Факт број два - за собите и превозот бевме изложени на непланирани 340 евра извадени буквално на гладен миокард. Е, во овој момент од дејството, веќе морав да ги информирам блиските дека работава е т`нка и да ми праќаат пари од Скопје по Western Union и слични капиталистички спасенија. Нејсе... Но, тоа не е се! Доколку во наредните 3 дена, нарачате и превоз преку пријателите на „Колектива“ - тогаш добивате јамка за да се обесите гратис! Со договорите за патување предложивте да купиме повратни автобуски билети од „Бисер пром“. Ги купивме и тогаш започнаа болките во вратот, р`бетот и зглобовите. При влегување во автобусот во Скопје, сопственикот на Бисер Пром (човек - наследник на Фалангата на Александар Македонски ) ни одржа говор како сме наследници на Александар и како имаме права и обврски. Една од обврските беше цитирам - „Каде што ќе ве остави автобусот, таму и ќе го пречекате за да ве качи за враќање накај Скопје“. Погодете што? Вашите клиенти, четворица на број, не ги собра никој од местото од каде што ги остави. Чекавме 2 саати и веќе почна опасно да смрди она што дотогаш имаше јака нота на „измама“. Без пари во џебот (бидејќи нели нашите татковци не се ни од лозата на Рокфелер, а ни од онаа на Трамп а и искрено - ни дојде преку половиот орган од неисполнителноста ваша и на содружничката ви превозничка банда) вашите четворица клиенти сосе куфери ја посетија првата сенка и почнаа да вртат телефоните. Автобусот ќе не оставеше во Бугарија, без притоа да ни се јават батките од Фалангата Александрова (имаа наши броеви). Да не се јавевме ние да ги прашаме зошто не се таму каде што ни рекоа дека ќе не земат за враќање, немаше ни да приметат дека постоиме во овој убав сончев свет. Да биде трагедијата поголема – „БИСЕР ПРОМ“ СЕКОЈ ДЕН ЗАБОРАВААТ ПАТНИЦИ ОД СОНЧЕВ БРЕГ ПРИНУДУВАЈЌИ ГИ ДА ОДАТ ДО НЕСЕБАР и да плаќаат 40 евра за два километри на такси. Не знам дали имаат провизиски криминален договор со таксистите, ама ако имаат е крајно профитабилен! Се позајмивме од пријателчиња и фативме и ние да плаќаме 40 евра за два километри. Стигнавме со преживеани два нервни слома и во исчекување на третиот. Педесет патници заради лагите на „Бисер пром“ кои вие ги препорачувате за превозници, не чекале повеќе од саат ипол во автобус. Не дочекаа на нож, земајќи ги во меѓуножјето сите членови на нашите семејства до седмо колено. Е, такво пцуење имаше! Како да им објаснам и зошто по ѓаволите би им објаснувала дека шоферите и сопственикот на „Бисер пром“ ИЗЛАЖАЛ дека ќе не земе од таму од каде што не оставил? Дека лаже СЕКОЈ ДЕН на истиот принцип и остава патници? Влегуваме во автобусот со еден куп хиени, разбеснети патници од цела Македонија и ги чувствуваме зборовите на омразата искажани на различни дијалекти и со различни акценти. И следуваат уште 15 саати тортура. Седиштата кои ги плативме – ги немаше. Немаше ниту место за нашите куфери, па тие стоеа на скалите. Совршено не ме интересира дали ќе си ја префрлувате топката на вината вие, хотелиерите и превозниците, она што ме интересира е она што стои во договорот кој своерачно го потпишавме. Еве потсетете се што тоа сте начкрабале таму: „Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот на програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на „виша сила“ која не може да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди итн.). Организаторот е обврзан да се грижи за реализација на услугите и за изборот на извешителите на услугите со внимание на добар организатор и да се грижи за интересите на патниците согласно со професионалните услуги во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи сите услуги наведени во поединечниот аранжман на програмата и одговара за евентуално неизвршување на услугите или дел од услугите.“ Совршено не ме интересира дали ќе си ја префрлувате топката на вината вие, хотелиерите и превозниците, она што ме интересира е како тоа вие ќе одговарате за неизвршување на услугите и делот од услугите кој се однесува на сместувањето и превозот. Во случај да не одговарате за услугите, ме интересира во која категорија на „виша сила“ вие спаѓате - војна, терористичка акција, штрајк или елементарна непогода? Извор: http://www.plusinfo.mk/mislenje/280/Kol ... da-ste-vie
Лелеее...страшно! Што е најтрагично, сеуште од Колектива нудат „кралски одмор“ во Бугарија, 5 ноќевања за 2 лица во LIGHTHOUSE GOLF RESORT & SPA HOTEL 5*. Двајца сега за сега се зезнале.
Ja познав, ако може да ја наречам ‘жртвата‘ по оној израз ‘Совршено не ме интересира‘, секако украден од угледна професорица во Георги Димитров. Убаво ги исплукала, да не речам пуздер ги направила организаторите кои и‘ ја прекршиле наивната желба за одмор. Се надевам дека ќе и‘ бидат исплатени барем половина од трошоците кои секако биле додатни и непредвидени. Тотална неодговорност од организаторите, ама па и кога ќе видиме убаво тие воопшто не биле свесни дека нивните клиенти си поминуваат мизерно и се во незавидна положба. Сепак требала да ги извести. А сега навистина не знам што ќе прави и дали дотичната организација ќе си ја признае штетата.
А дали има се уште нешто што не е кажано? Она што би го направила јас на нејзино место никој не сака да дознае, а се надевам дека убаво ќе им „дотера“ памет... И уште повеќе се надевам дека ќе си ја наведна главата и преземат одговорноста...