Кому му е смешна ваква тема? Тебе или? Мене не ми е. Сериозна е работава. Само ако нема потврда ни во врска не би била, а камоли брак.
Такви се раѓаат Искрено, мислам дека ги има повеќе одошто може да претпоставите. Колку на појаки фраери се ложите, толку бројот на инцели е поголем
Не си сериозна нели? Не мислев дека вакво нешто ќе прочитам од тебе. Чекање на прва брачна ноќ одамна е изумрено и многу ретки се тие што се чуваат за во брак. Немам ништо против, секој си има право да прави што сака со своето тело. Лично не сум за тоа и двајцата со мм бевме искусни во сексот, да беше невин немаше да го земам нити пак тој мене
Не знам дали е сериозна ама до негде се слагам со неа. Не сакам да бидам со машко што има спиено со многу девојки. Ако има, ама некоја нормална цифра не со која стигнал гад ќе ми биде
Јас не верувам во брак пред секс. Секој треба да проба, да види, за да знае што сака. Ова важи и за мажи и за жени.
Денес скоро сите почнуваат со сексуални односи на тие години. Разликата е што тие луѓе не менуваат партнери со што се заштитуваат себеси духовно и физички. А на другите им е битно само моменталното телесно задоволство. Демек ако не пробаш нема да знаеш што сакаш? Ова е исто како некој да ти рече ако не пробаш хероин нема да знаеш дали е убаво или не е, дали е штето или не. Така да треба да пробаш за да се пронајдеш себеси. Секс помеѓу маж и жена сите знаеме како изгледа, нема потреба да филозофираме. Како ќе изгледа нивниот секс зависи од нив.
Па баш тоа. Што ако не ти е убав сексот со таа личност? Што ако сака секс секој ден, а ти само за репродукција?
Всушност, треба искуство за јадење и пиење. Бебињата не се раѓаат спремни за јадење, учат да јадат. Дури и запчиња кога имаат, учат да џвакаат. Се' е школо, од прв здив
Мојот пример беше подобар, а избришан е. Какво искуство со јадење и пиење бре? Не е работава дали знае или не знае да се секса... Ооo boze boze
Ај сега да намалиме со фантастични сценарија. Двајца се бендисуваат врз основа на заеднички интереси, ако религиозноста им е примарна и на двајцата, веројатно и истата догма ја имаат прифатено (под претпоставка, ако сексот за репродукција е догма). И не, никој нема да биде во врска со рандом лик шо го сретнал на пазар или на фб, за да стигнат до секс, треба да бидат во врска. Дали некој ќе практикува ваков или онаков секс, кога и колку, нивно право си е. Со други зборови, ќе си напраат муабет претходно. Не им се секирајте.
Кое фантастично сценарио? Дека може да не им се погоди сексот? Ова е ептен реално. Многу е различно од муабет до чин. Ќе седнат и ќе се договорат, ок. Како ќе разговараат каков секс сакаат кога не пробале? Ништо против немам за невини пред брак ама не гледам како би правеле муабет на таа тема.
Фантастично сценарио дека некому бил битен сексот за расплод, некој ќе сакал секој ден, и двајца такви ќе влезеле во брак невини. Дека може да не им се погоди, факт, ама нивен си е ризикот. Едно друго сценарио- баба ми и дедо ми влегле во брак двајцата невини (ваљда). И тоа било ок. Е одтогаш се поминати 70 години, и негде во меѓувреме, станало норма некој да бил невин некој да не бил. Тоа е проблем, двојните аршини, што божемесачувај уште се живи. А ако двајца живееле пред 70 години така, може и денес да живеат така.
Има бе имав колега на факс на чело му пишеше дека е невин Па анатомија кога полагавме, леле беее цепки, смешно е кога маж е невин, хахахахаха.... Секој треба да си ја запознае сексуалноста, глупости се невиностиве Невин, невин до брак после удри...и за мажите и за жените важи ова
Ми текна за едни што не можеа дете да имаат оти на жената плодните денови редовно среда или петок биле, или некој друг ден кога се пости, па никако доволно секс за расплод