1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Невин“ до првата брачна ноќ

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 27 септември 2020.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Е сега прашање, до сите:

    Зошто на 'невини' жени, се гледа на истото како 'успех'?

    Зошто двојни стандарди?

    Зошто има потреба од притисок и кон едните и кон другите?

    Не е 'маж' само тој што има секс.
    И не е 'жена' само таа што нема секс.

    *Поедноставувам, заради илустрација.
     
    На Осе, candy.cane и Јаневски им се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.927
    Пол:
    Машки
    Зошто во сржта ние луѓето сме такви ситничарски покварени души кои сакаме да се мешаме каде што не ни е местото и да осудуваме други личности за своите постапки.

    Впрочем темава е доказ за вршење притисок и двојни аршини, само гледано од другата страна.
    Додека (порано) се врши(ше) притисок на жените да останат невини, се врши притисок на мажите да бидат искусни и да имаат веќе променето неколку партнери. Таков одговор на темава дадоа буквално СИТЕ, кои кажаа дека преферираат маж кој е веќе искусен и не сакаат истиот да го учат подоцна.
    @Vitaly поради своето неискуство и ставови за невиноста е скроз исмеван од страна на сите, со што му се врши притисок да ги промени ставовите и да го направи тоа побрзо со Х особа за да ги исполни критериумите на скоро сите од женскиот пол, во спротивно, не е прифатен од поголемиот број на општеството, а уште помалку гледан како потенцијален партнер.
    И сега океј е да не се сложуваш со ставови на некоја личност, но со вршење притисок кон неа, доколку има лабилен карактер и потпадне под тие зборови едноставно ќе почне да се менува и да гледа да го збогати своето искуство со повеќе партнерки, за утре, воопшто да има шанса да најде партнерка за цел живот која посакува баш таква личност која е успешна во кревет. И сите овие одлуки носат низа на секвенци кои негативно се одразуваат на разликите на половите.
    Поради преференците на истите, машките се учат да бидат колку што е можно повеќе "алфа", додека женските колку што е можно по "невини".
    Двете страни се осудуваат и исмеваат од општеството ако не се наоѓаат во оваа рамка.

    Во последно време, се разбира, модерни времиња доаѓаат, па така и критериумите се менуваат и можеше по темите овде да се види и како се врши притисок на девојчињата (посебно тие што веќе поминале 20 години) да стапат во сексуални води, и доколку не го направат тоа се гледаат поинаку, се исмеваат од околината и не се пожелни како партнери.
    Така да, ако има некој "прогрес" (ха, колку ова смешно звучи) е тоа што постепено преференците на двата пола се изедначуваат и сега притисокот за стапување порано во сексуални односи е кон двата пола.

    Дали ова некогаш ќе се промени и нема да има притисок? Не верувам. Не живееме во утопија и секогаш ќе бидеме за секоја наша постапка судени од околината, а и одбиени од потенцијални партнери поради некоја особина која ја поседуваме, без разлика дали е тоа невиност или поголем број на партнери.
    Заклучокот е дека воопшто не треба да се оптеретуваме со што мислат другите и да живееме живот по свои идеали и преференци, без да потпаѓаме на општествениот притисок и да ги удоволуваме хировите на другите. И да трагаме по личност слична на нас.
    Па така и @Vitaly со неговите ставови, колку и да не се сложуваме со нив, заслужува ист третман од форумов како што заслужува и Х личност со 20+ партнери, како и личност со 2 партнери и со било колку партнери. Тоа нема да се случи никогаш, затоа што прво тие што се жалат на двојни аршини, се баш тие што применуваат двојни аршини. :)
     
    На Peperutce1115, Waverly Raven, Indiegurl и 15 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    .... ок... :?:
    I'm speachless...

    А ретко ми се случува.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Да.
    Апсолутно така е.
     
  5. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Познавам мажи кои не дефинираат невина девојка како некаков успех. Which is ok. Проблемот е кога ја сметаат таа жена/ девојка како 'фалична', заостаната итн. Како што некои сметаат дека невин маж е фаличен, заостанат итн. Што секако не е во ред. Проблемот е во предрасудите, осудувањето, кажување што е нормално а што не. Преференции има секој од нас, но не можам да кажам што е нормално а што не, бидејќи секој си живее за себе. Секој си знае за себе најдобро. Можам само да бидам со некој поради тоа што ми одговара на секое поле, дали бил невин (ах овој термин) или спиел со 30 +- пред мене нема да ми претставува проблем. Кога се создава вистинска конекција, емоционално поврзување не знам зашто би му придавале некакво значење на (не)виноста. Сепак сметам дека е невозможно да се ослободиме од овие предрасуди, макар и да се low key. Бидејќи се во облик на преференции.
     
    На Peperutce1115, theowndemon и candy.cane им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.258
    Допаѓања:
    166.134
    It was about the time :D

    Муабетов за невиност не го разбирам, мислев изумрел пред 50 години ама на форумов гледам или воскреснал или излегол од пештерите кајшто бил скриен:doh:. Во секој случај, @Billy Idol ти си ми идол:bow:.
     
    Последна измена: 1 октомври 2020
    На Peperutce1115, tinka-mace, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Па ако пишала некоја дека нејќе невин, не значи дека сите се согласуваме. Тоа е само нејзина слобода на говор.

    Работата е шо секој се прилагодува на понудата надвор....џабе и да преферираш невин партнер денес ко нема широка палета избор на такви....раритетни се, и да е невин, и се друго кај него да ти се погоди....тешко....
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    А што ако некој маж е таков, заради тоа што околината го моделирала така?
    Што ако чувствувал притисок да 'мора' да има секс на 15(карикирам), па за да најде аутлет и јустификација на својата состојба, се свртел кон нешто што на некој начин го 'оправдува' неговиот 'недостаток' од секс?

    Можно е да не можеш да најдеш партнер заради милион причини.
    И ако упорно ти се трие сол над глава: Ама мораш!
    А ти не можеш... која е опцијата?

    Или да паднеш во депресија оти 'ете тебе не те бива/не заслужуваш', или да најдеш 'оправдување' зошто си во таква ситуација.

    Екстремите во едно општество се симптом на дисфункцијата на тоа општество.
     
    На honey.11 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.258
    Допаѓања:
    166.134
    А што ако некој, сеедно маж или жена, избрал да нема секс од било кои причини, па нека се и догматски? Толку е тешко да се разбере дека има и доброволни целибатџии? Зошто автоматски тоа предизвикува потсмев ? Ко демек некој некому води сметка дали и колку секс има во текот на животот|( Исто, ама тотално исто ко што не би требало да води сметка и со кого има секс да речеме.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Никаде не реков дека изборот да бидеш во целибат треба да се иссмева.
    Сакав да го продолжам муабетот за притисокот врз оние кои се во целибат не по своја воља.
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.258
    Допаѓања:
    166.134
    Ама тоа е многу интересно прашање. Од кај знам дали е некому наметнато или импутирано а некому изборно? Исто ко што не знам дали трансџендеризам е вроден или стекнат.
    Или некој кажува дека има проблем и се обидуваме да го разбереме и помогнеме, или некој е во нешто убеден, па или го прифаќаме убедувањето за валидно или го разубедуваме.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Не знаеме, затоа ќе пишуваме, за оние кои припаѓаат во тие што се во целибат не по своја воља, дека не треба да се чувствуваат лошо, и дека иссмевањето е за осудување, а нивниот 'недостаток' на сексуална активност.
     
  13. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Целава тема е исмејување, исто како и таа за ,,невина". Според воведот очекував да е во ,,Насмевка", а ако веќе дебатираме, мислењата треба да се сериозни како овие неколку погоре (вклучувајќи ги и твоите прашања Вајлд за тоа ,,Што ако чувствувал притисок да 'мора' да има секс на 15(карикирам), па за да најде аутлет и јустификација на својата состојба, се свртел кон нешто што на некој начин го 'оправдува' неговиот 'недостаток' од секс?", прашање кое отвора дебата, можност да се дискутира дали покрај желбата постои и друга причина, притисок и како сето тоа влијае на една личност).
    Ете, да може на еден начин да се размени мислење зошто едните мислат/прават/сакаат таков живот а зошто другите обратно, а не како првичните мислења назад 2,3 страни, полни со сарказам.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Сарказмот во уводниот пост беше намерен, како реакција на темата 'Невина до првата брачна ноќ'

    Реципроцитет.
     
  15. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на мислењето, за ова што невините девојки се нарекуваат фалични, заостанати, затворени, можам слободно да пишувам затоа што ми се има случено и тоа не еднаш, туку многупати. На Инстаграм ме праша еден дали сум била за секс и тоа привремено, а бидејќи не прифатив ми рече "Не е чудно што немаш дечко и ШТО СИ НЕВИНА" и плус ме нарече заостаната, назад во времето. А не му кажав дека сум невина.

    Друг ми пратил слика од неговиот алат без да му побарам и ме тераше да му пратам јас, а јас не сакав и ми рече дека не сум знаела да уживам во моменти.

    Малку сум надвор од темава, ама кога спомна за фалични, заостанати, решив да се надоврзам со мој пример.

    Во ред е да е невин, но да не ги навредува девојките што не се невини. Во ред е и да има секс, но да не ги омаловажува тие што не сакаат да имаат секс пред брак. На крајот на денот секој си одлучува за своето тело.
     
    На buba4e89, tinka-mace, Veta и 6 други им се допаѓа ова.
  16. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    520
    Според мене невиноста не е клучот ниту за среќен брак, ниту за брак без неверства.

    Ако си го најдеш вистинскиот човек до тебе, големо чудо ако не бил невин.
     
    На темјанушка, Tanjamm, honey.11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Машки
    Млад сум и ќе се чувам невин до првата брачна ноќ. Зошто? Бидеќи сум воспитан конзервативно, традиционално и религиозно и мислам дека е така најреално. Религијата вели, ако сакаш жена, жени се, ако сакаш маш, мажи се а не да правиш разврат и блуд.

    Треба ли сега некој да има предрасуди во ова "модерно" време заради тоа што не сум либерално настроен туку конзервативно?
     
    На Petar80, _Schmetterling_, Snowflake97 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Уопште не е реално ама ти си знаеш,голем си.
     
    На thelittle17 и AngIv им се допаѓа ова.
  19. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Христијанин си или муслиман?
     
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    A sto e bitno sto e?
     
    На Scott Weiland, mssuniquee, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.