И те како е предност невин маж. Нема да се курчи во кревет, изиграва ебачиште како многумина, и кога ќе му објасниш со какво темпо и како правилно да го користи потенцијалот - ќе послуша, пошто првпат ќе му биде и ќе сака да се покаже. Плус, со мала асистенција нема да го бута како повеќето ,,алфа домино кутрони", што им викав јас на времето на другарките - ко да рушaт дупка во ѕид. Значи, aпсолутно ДА за невин момак. Е сега, мора ли до брачна да се чека? Ќе го симнеме превезот и пред, не е проблем.
Не е срамота да си невин. Денес толку многу стандардите во погрешна насока се имаат променато, што ако си невин или невина до не знам која возраст те сметаат за заостанат или заостаната, зависно. Ама тој што има такви предрасуди всушност не сфаќа дека е тој заостанат во случајот, иако мисли дека е не знам што.
Западен тренд е да се има секс пред брак? Хм не сум знаел, ја па мислев уште од античко време се практикувало
Ако гледаме од антиката, луѓето живееле и во орди, па имале и односи и крвно, па увидиле дека нее во ред. Со текот на развојот на човечкиот разум и социлизација, со појавата на филозофијата, религијата и сл. човечкиот разум се унапредил за многу, па така од живеење во орди, се сведило на бракови Јас пре би рекол дека развратот сепак е тренд од запад, него ли од исток.
Trend e veke 13 godisni deca da se seksualno aktivni i toa kolku se educirani za sve strasno nesto... za zal
Што е најакото тука баш сакав да напишам погоре ама ајде си реков, тие мене можат часови да ми држат. Колку само различни генерации сме, тоа не е можно. Секоја нова е сосема поразлична од претходната. Не знам до каде ќе иде светов вака.
Баш ме интересира, правевте статистика која генерација од кога почнува со секс? Жити се како знаете за сите, стварно за чудење.И тоа толку млади веќе толку свесни дека деца 2 години помали од нив се уништени.Браво.
Дали ќе биде невин или не, ништо не ми значи. Од конзервативно, традиционално и религиозно семејство сум и јас. Добро, сега не се до толку конзервативни и религиозни. Си имаат по нешто либерално. Арно, ама јас сум либерална. Зошто? Затоа што сфатив дека ме гуши слепото следење на правилата на религијата, традицијата и конзервативизмот. Не ми е гаранција дека нема да се замислува дека е 'фраер' подоцна ако е невин. И обратно од ова. Не е срамота да си религиозен, невин до брак или да ја следиш традицијата. Срамота е да го правиш тоа што го пишав во темата 'Невина до првата брачна ноќ'.
Либерален сум во поглед на светот, се што прави еден млад човек го правам и јас, нормално е, не да се затуцам како во 16век. Ама кога се во прашање моралните вредности, сум екстремно конзервативен, во контест и на ова тема, си кажав искрено.
А всушност добар дел од мажите си имаат умислено во глава дека што поголем број партнерки, толку попривлечни и попопуларни се кај жените. Веројатно има и такви исклучоци, ама мислам дека зрела жена која знае што сака на последно место го става бројот на партнерки кај мажот. Нели има една реченица "квалитет, пред квантитет". Епа не значи дека ако имал троцифрен број партнери пред тебе, ќе покаже врвен квалитет со тебе.
Ништо што не е природно, не ми е природно на мене. Ако имаш нагони, зошто да ги потиснуваш. Диплома не се дава, ниту овација ако се чуваш. Всушност за што да се чува, вака кога ќе се размисли подобро. Сексот има куп бенефиции, за разлика од стишувањето на емоциите и нагоните. Дури се препорачува општо за физичкото и психичкото здравје. Се надевам дека тој што се чува, барем рачно се разработува, во спротивно го/ја жалам што си ја негира својата сексуалност. Тоа е исто како да ти дадат спакуван поклон. Навидум изгледа џиџано, слатко, весело, ама кога ќе го отвориш да не наидеш на разочарување. На крајот од денот се осудуваш со таков орган да поминеш цел живот. А ако не пробаш нешто друго, од каде знаеш што всушност сакаш?!? Ако пробам милка чоколадо, ќе мислам дека е најубаво, ама некаде се крие и линдт. Епа зошто да јадам милка и да се задоволам со медиокритет, ако можам да се гоштевам со линдт?!?!
Види и овој муабет се заснова на двојни аршини. Во темата за жените кои имале поголем број партнери и ги нарекуваат курви, најгласни сме како не треба да е така. Секој има право да спие со кој сака и колку сака. Епа и коментаров ти е малку така шовинистички. Целата таа умисла кај машката популација ме нервира. Демек, колку поголем број жени свртел, толку поголем фраер. Не бе, едноставно треба да се сфати дека бројот на партнери/партнерки не те прави фраерка/фраер. Муабетот што ќе го направиш, харизмата, третманот што го даваш и добиваш е нешто што треба да има предност пред бројката.
Би била со невин маж, ама не би била со конзервативен, религиозен фанатик. Едноставно - ќе се заколиме.