Каква е оваа глупава тема? Да си невин над 20 како машко е најголем срам, не дај боже некој да те дознае. И ретко кое женско воопшто би те прифатило како таков, сите го гледаат тоа како нешто лошо, дека ако до сега не си бил со друго женско значи нешто не е во ред со тебе, штом други женски не те сакале, или пак ако не е тоа, им смета тоа што си неискусен и ''треба да те учат''.
значи кога на некое машко му смета тоа што имате повеќе сексуални партнери одма се лутите и викате ве етикетираат, а кога ќе се сменат улогите и некое машко е невино одма го етикетирате како изрод што не заслужува ни шанса? океј.
Многу си правиш филмови и си бараш изговори за ништо. Неискусноста и поголемиот број партнери немаат додирна точка бтв. Може да си имал и 1000 женски и пак врска да немаш и обратно.
Мене повеќе ми пречи ако имал 10тина и со ниедна не му успеало врска. Е тогаш ќе сметам дека има нешто чим ниедна не го сакала.
Ако се опседнуваш со тоа што мислат другите, секако имаш проблем, како да ти кажам. Апсолутно небитно е дали си невин или си со различни луѓе секоја вечер.
Очигледно воведниот пост е саркастичен иако да не беше би се согласила. Нвм јас сериозно би сакала невин маж, по свој избор што е невин.
Јас неќам некој на кој би му била прва, сакам маж во кревет да ми ги задоволи сите апетити, а не некој да се учи како треба а како не.
Јас од секогаш сум сакала невин маж, а и јас сум се чувала за него. И тоа се случи. Сега сме во брак. Тој е луд во кревет, а јас исто луда. Сексот е предобар. Нема врска што не сме биле "искусни од претходно", сами си ги вадевме ден за ден нашите моќи и лудории во креветот. Така да се е можно во животов. Најубаво што сме си се чувале еден за друг, тоа е привилегија.