„Шупливо“ влакно

Дискусија во 'Коса' започната од OrdinaryGirl, 23 март 2010.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Сестра ми има прекрасна, долга, густа, бујна коса и без да ја исфенира или испегла и игледа супер! Арно ама, јас после секое бањање ако не се исфенирам и испеглам (притоа користејќи маска за коса, силиконски капки и пена Schwarzkopf) изгледа ужасно!! Кога ја прашав фризерката зошто е тоа така, таа ми објасни дека имам т.н. шупливо влакно што е честа појава и ако не ми е средена косата изгледа како да ми е изгорена. Го имате ли и вие истиов проблем? Како вие ја средувате косата и имате ли некое решение за ова?
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    незнам како мислела фризерката шупливо влакно :? Јас на косата не ставам ништо нити маски,балсами,само ја мијам и потскратувам кога ке се расцвета и толку.Јас кој пат да отидам на фризер ми кажуваат дека имам здрава коса,убава.Мислам дека косата е и понекогаш таква затоа што се става се и сешто,може и да е и до самиот организам,промените во него.Дали пак од тоа што ја фарбате косата често,па и самото влакно се грои,можеби и тоа придонесува за таква да е косата,незнам.
     
  3. Vega

    Vega Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    21
    понекогаш од премногу препарати косата добива таков изглед, пробај не користи ништо само шампон (бебешки) и понекогаш регенератор...и не ја чешлај косата додека е водена ;)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.759
    Допаѓања:
    77.344
    Нема врска дека е од препаратите.
    И јас имам ваква коса,ми рекоа дека терминот што ја дефинира е порозна коса,барав нешто на нет за тоа нема ништо.
    Долниот слој од косата ми е преубав,мазен,свиленкаст,а гордниот,со такви,шупливи влакна,кои -неартикулисано-(не е соодветен терминов,ама најди и крајот на косава) се виткаат,изгледа изгорено,а е далеку од изгорено.Премногу е суво влакното и што и да ставам таква си е и крај.А инаку,не ми е горена,не ја пеглам често,ниту оштетена,прилично здрава,не ми е ниту расцветана,добро по некое што и избегало на ножицата.
    Не знам веќе како да ја третирам,а што е најтрагично поспоро растат таквите влакништа,па и да не сакам степен,секогаш го имам зошто се спори у растење,да не речам закржлавени.Исто така имаат и поцврст корен,а и самите се подебели.Проклети едни.
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.221
    Лилит, да те утешам малку, важно ги имаш :D :D


    Ех, да имав шупливи влакна..... :D
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.759
    Допаѓања:
    77.344
    Е бар да можев шупелки да правам од нив,супер!!!
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.221
    Прати ги кај мене ;) :rofl:


    Да не ја полниме темата со офтопици, ама не ми е јасно какви се тие влакна, ама и мојата коса е таква кога ја мијам и кога ќе се исуши ми изгледа несредена и сува, ама ја фаќам во опавче и после омекнува.
    Пробај така, можеби и кај тебе ќе омекне. :)
     
  8. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Баш така! Јас веќе не знам што се не имам употребено за да ги скротам влакната, од силиконски капки, регенератори, маски, спреови, ама џабе! Само фрлам пари, а резултатот е ист! Затоа во последно време сум само на шампон и едино силиконски капки за врвовите да можам да ги расчешлам.
     
  9. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    2.352
    И мојава коса е таква, со така наречено шупливо влакно. Од кога ќе ја измијам и да ја фенирам и да не ја фенирам иста си е. Но имам приметено кога одам на фризер и нормално од дома си ја мијам косата и кога одам таму фризерката ја прска цела коса со вода во шишенце со пумпица и ќе ја скрати и потоа ми ја фенира. Од кога ќе ја исфенира како да не е мојата коса и сега вака кога сум дома си ја оставам таква бушава, а кога треба да одам некаде го практикувам тоа со прскањето со вода и фенирање. Барем кај мене успева. :)
     
  10. sundav5

    sundav5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    [mod-reklama:2a2ankeu][/mod-reklama:2a2ankeu]
     
  11. Anjichka

    Anjichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    71
    Lilit , дали најде некое чаре за ваквите ,,шупливи,, влакна ?
    И јас си го имам истиот проблем, само што кај мене е еден прамен, дури мислам дека и од корен да го ишишам, пак ќе си биде исто влакното на тој дел :D
    Ако има некој друг совет за ваквите влакна, нека го сподели со нас :)