1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трема пред јавен настап

Дискусија во 'Психологија' започната од pink4ever, 26 октомври 2010.

  1. Foffygirl

    Foffygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    28
    епа јас понекогаш треба да се појавувам на сцена преку глумење..во тие моменти имам гоолема трема и незнам некако ја совладувам... :sweat:
     
  2. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Јас имам немам самодоверба и поради тоа имам огромна трема пред јавен настап и едноставно се блокирам. Затоа избегнувам јавни настапи или да говорам пред многу луге, едноставно кога се работи за големи совети во тие моменти сакам да сум невидлива.
     
  3. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.345
    Порано кога настапував и јас имав огромна трема. Се тресев, се препотував, срцето забрзано ми чукаше, се додека не излезам на сцената и започнам. После се заборавав, и бев добра во тоа што го праев.
    Имав многу пофални критики од сите, значи сум успеала да ја скријам тремата.

    Девојки опуштете се, ако се ви е добро извежбано, нема потреба да утнете. :)
     
  4. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Тоа кај мене е првите неколку секунди,додека да почнам после се исклучувам,како да сум сама пред огледало.
     
  5. Puppy11

    Puppy11 Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ве молам за помош..Не знаев ова во која тема да го вметнам,можеби не е соодветно,но ми треба совет.
    Мојата трема се состои од гадење.Кога имам трема почнува да ми се гади и ме тера на повраќање.А присутна е постојано.Без разлика дали читање текст пред класот или кажување на некоја работа пред повеќе луѓе,па за јавни настапи,не ни се обидувам да учествувам.Најмногу се појавува кога во близина се наоѓа некое момче што ми се свиѓа.Непријатно е,почнува да ми се гади и сето тоа може да заврши на лошо.Навистина ми е многу тешко, не знам дали постои некој човек на планетава со исто искуство како мене.Ве молам,ако некој го знае лекот за смирување на ова нешто,нека пише,секој совет би ми бил добредојден.

    Фала ви однапред:):)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.213
    Допаѓања:
    162.689
    Пол:
    Женски
    @Puppy11
    Замисли дека си сама пред огледало и имај замислена публика, а не реална. Со замислена публика е секогаш подобро. Диши длабоко и почни со презентирање. Колку и да е некултурно, но не погледнувај кон публиката дур не ти стани добро.
    Во средно го имав тој проблем до степен шо усно не би станала да поправам оценка додека не бев 140% дека сум сигурна дека знам и можеби и тогаш немаше да станам, а па презентирање, одговарање пред табла беше научна фантастика. Сега на факултет забележав дека често се пријавувам, несвесно, избрзано, за презентации, дека излегувам презентирам и зборам истовремено и одговарам на прашања на 60 души во предавалната. И јас се чудам, ама мислам дека ова горното колку- толку помогна.
    Многу често седам пред огледало и презентирам (ова пред да полагам англиски Ск почнав да го практикувам и мислам дека од тогаш се опуштив кон ова), размислував два строги тестатори пред мене, уште еден непознат човек до мене и ме фаќаше трема ако бев пред огледало ама со самото вежбање се опушташ. Ако имаш некој материјал за на училиште научен, седни пред огледало и прераскажувај го пред замислена публика, а кога ќе излезиш, пример пред класот, замисли дека си сама и дека нема да згрешиш. Обиди се да се опуштиш зошто ако не се опуштиш можиш да се избуниш и да бидиме реални ТАМУ е тој стравот, таму е таа тремата. Во стравот да не се згреши.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Puppy11

    Puppy11 Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу за советот,ќе пробам,се надевам ќе помогне!!
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    И мене ми се повраќа кога имам трема. Чувствуваам како да ми се превртуваат цревата во стомакот и мислам дека ќе се онесвестам секој момент.
    Исто така бидејќи сум доста срамежлива личност, кога се срамам се препотувам. Станувам збунета кога некој ми приоѓа да ме прегрне, да се поздрави, не знам што да правам. Можеби ви е смешно. Ќе наполнам 16,а уште се срамам како малечко девојче.
     
  9. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    10.469
    Пол:
    Женски
    Имам премногу трема пред публика кога настапувам/свирам. Дури и да е од 3 души, не можам да се опуштам. А камо ли пред цела публика, а тоа ми е професија. Почнав да барам на интернет начини како да се смирам пред било каков настап, и ми помогнаа колку толку, ма да верувајте, се е до психата.
    Еве неколку совети:

    *Избегнувајте кофеин тој ден
    *Медитирајте ден пред настапот, смирете се
    *Не се преоптоварувајте со негативни мисли
    *Визуелизирајте си го успехот (чудно, ама помага)
    *Запомнете дека публиката не ви е непријател
    *Јадете чоколадо пола саат пред настап
    *Бидете добро најадени
    *Час-два пред настап избегнувајте разговори
    *Дишете длабоко пред да почнете со настапот/презентацијата итн
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
    Луѓе кажете некој совет на паничарка како мене :D Треба да бранам дипломска, а фокусот цело време ми е на тоа како ќе биде, што ако тремата ме надвладее (од ова најмногу се плашам). Порано бев многу подобра, а со годините почнав да се повлекувам и на тоа да гледам како нешто страшно. Читам некои совети за како да се надмине стравот. Кај мене повеќе е страв, од трема. Дај споделете некој совет вие што сте го поминале ова, но и другите, дали боли тоа хаха да се нашалам малце, знам дека се сфаќам многу сериозно, во последно време не сум ни најдобро :(
     
  11. theghost

    theghost Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Чоколадото е најдобар пријател во овие ситуации, зборувам од искуство. Секогаш повраќав пред каков и да е јавен настап, единствено што ми помогна беше тоа (покрај она нарцисоидното, види колку луѓе ќе бидат горди на тебе после ова хахаха).
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Првиот јавен настап ми беше во прво одделение, за патронатот, требаше да рецитирам песничка. Имав малку трема, ама кога излегов и кога ја видов преполната сала...го заборавив текстот. :D Кажав една строфа и застанав, ама паметна јас уште од тие години, почнав набрзина во глава да ја повторувам првата строфа и одма ми дојде и останатиот дел и продолжив да рецитирам. :D
    Исто и во шесто или седмо требаше да изрецитирам моја песничка, бевме неколку девојчиња што требаше да се претстават со свои творби и јас им викам излезете вие прво, јас на крај ќе излезам. :D
     
  13. Olitomboy12

    Olitomboy12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Јас треба у Петок да идам на аудиција за пеење за мјузикалот Тајно Моја што се случува во МОБ,ии ај погодете што...имам трема:headbang::tmi:
     
  14. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Јас имам трема 2мин пред настап, после таа трема исчезнува. Т.е. најтешко ми паѓа почетокот. Пошто како мала глумев, од таму ги искористив тие техники. Значи, поставувам завеса (исто како глумците), постојам само јас и останатите на сцена (како да имаме проба) и толку. Ако држам предавње за некоја семинарска, гледамво некоја колешка или едноставно во точка на крајот на ѕидот (у чело). Кога имав промоција на книгата, ќе шекнев. Но, употребив мал стенд-ап и се беше во ред. (темата малку беше хаотична за пред роднини)
     
    На Olitomboy12 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Matea Ballerina

    Matea Ballerina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    510
    Пол:
    Женски
    Трема имав само на првиот настап. После на другите настапи се беше ок
     
  16. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Прв пат кога излегов да пеам бев некаде 5 то одделение 11 години, буквално се тресев од трема сакав да заврши што побрзо да си одам ама сега не е така. Дури и едвај чекам да настапам и не само со една песна туку може и две па и некој дует. Едноставно немам трема се си оди по нормален редослед како што е планирано. Па дури и не ми беше срам да излезам со бившиот и да пеам. Дури вака не најавија: Нивната љубов нешто бла бла тие се единствениот дует вечерва... Цел град не знаеше:rofl: и на сите им беше многу криво што раскинавме ама мораше така. Сите кој настапувате гледајте право па дури и на моменти замижете искажете ги чувствата. Додека пеев ето наеднаш ми дојде да иземитирам со раце глава непланирано па испадна супер. Затоа што немав трема. :) Среќа на сите што имате вакви настапи.
     
  17. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.919
    Хаха супер совети :))
    Хахаххаха
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Стално имам трема пред јавен настап. Појма немам како да ја совладам, некогаш ја снемува во текот на настанот, а некогаш до сам крај е присутна.
    Се навикнав веќе, до некаде дури ми помага повеќе да се фокусирам и да дадам се од себе за се да помине во најдобар ред.
     
  19. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Na kakov javen mislis,pojava pred TV,ili studenti i proferosori pred polaganje?
     
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Сите наведени, во сите ситуации ме фаќала трема :lol: