1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

11 години владеење на ВМРО - Што оставија зад себе?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од referentka, 14 август 2017.

  1. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.665
    Пол:
    Женски
    Ја направија Македонија албанија,од како се појави ВМО се е албанско,од нив почна тоа,екстерно тестирање :puke: господе боже:| на тоа тестирање прашањата беа од типот,дали тревата е зелена:sweat: прашањата беа за деца од прво одд.и искрено навреда.Може Вмо најдолго биле на власт,ама ќе видиме кој ќе биде најдолго во затвор.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Можам да издвојам само што ми се допадна од што е малку, другото...бројано и небројано беше ужасно.
    Субвенционираниот стаж беше ок.
    Мој термин со измени и додавки до некаде е ок, остатокот од здравството е нешто што не може да се опише од ужаси.
    Што ли друго...
    Нема. Тоа е.
    Ако треба да опишам со неколку збора како живеев(ме) 11 години - страв, стрес и очај.
    Не дека е поарно, но рано е целосно да се констатира.
     
    На mira.mira, Victorian, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Мој термин е мачење, не затоа што не е добро како идеја - туку затоа што не е добро изведено. Вчера еден човек чекал цел месец на закажан термин за после 1 месец да му се јават дека терминот му се откажува затоа што лекарот отишол во пензија. Супер.
    Екстерното тестирање, дисперзираните студии... среќа што се укинаа.
    Знаете како статистички се намалува невработеност? Направете 98% од младите да се запишат на факултет, така тие имаат статус на студенти, а не на невработени. Значи рално 98% од младите ти се невработени, ама статистички тие се студенти. Не знам дали има некоја друга држава каде што 98% од младите студираат.
    Скопје 2014, шта речи а не заплакати!?
    Законот за абортус.
    За здравството нема што ни да коментирам воопшто.
    И секој проект што го започнаа е делумент, и да е добра идеја не е добро изведен, нефункционален. додека да соберат пари и оставаат недовршено.
    Не дека и другите се подобри, ама ајде. |(
     
    На Elen4e_sonce, Tan4ence, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Секогаш ќе бидеме далеку од благосостојба, со вакви политичари како нашиве. Нам мед и млеко да ни протечат по улици, пак ќе најдеме нешто од кое нема да сме задоволни. Процесот на заживување на државата одеше бавно, но движеше во нагорна линија. Иако сметам дека можеше многу, МНОГУ подобро.

    Се согласувам со листата на Џиа, како позитивни карактеристики, на кои би додала и повеќе.

    А она што ми пречеше/пречи. Немаше/нема доволно вреднување на трудот, со што би се зголемиле производните капацитети. Квалитетните кадри си седеа/т дома, а партиските членови со несоодветно образование на нивно место. Чест на исклучоци. Што значи, не ја сепарираа политиката од јавната администрација. Напротив.

    Донесени се странски инвестиции, кои се од особена важност за просперитет на економијата, имаа олеснителни околности и ниски даноци, но на сметка на приватниот домашен сектор. Не се разбирам од економија, но зарем не би требало да биде обратно, или еднакво?! Можеби грешам, не знам. Исто, го земам во предвид и фактот финансиска глобална криза, како и евро кризата. Можеби како оправдување за истово. Сметам дека ни требаат суштински промени. Главната одлика на една Влада, било која, треба да биде транспарентност. Уствари, погоре сакам да кажам дека поголем процент на доход оди кај богатите, на сметка на останатото население. Ова, да, ја живна малку економијата. Ама секогаш може подобро.

    Последните статистички податоци за потрошувачката кошничка, колку изнесуваат?! Процентот на платите не мислам дека соодветствува на производните цени.

    Не можам да речам дека не се зголеми процентот на вработени, како резултат на неколку проекти и програми за вработување и странските инвестиции.

    Скопје 2014 ми се допаѓа. Но не се, а најмалку ми се допаѓа колку пари се потрошија за тој проект.

    Екстерно, кембриџ програмата. Укинување на родови студии. Сметам дека беа избрзани одлуки. Можеа да се осмислат поинаку. Треба да има селекција за факултет, но не во стилот на екстерно.

    Бомбите. Ама не ми се допаѓа ниту фактот што СЈО никогаш не беше независно и неполитизирано. Во спротивно, ќе имаа моја поддршка. Иако истата ништо не им значи. :rofl: Во секој случај, кој си дробел, ако дробел, нека срка. Не знам дали истиве имаа голема улога во нивното опстојување на политичка сцена, ако тргнам од фактот дека пак победија на избори.

    Млади стручни кадри ја напуштаа државата и пред ВМРО.

    Знам дека ВМРО можеа и многу подобро.

    Е сега, како беше пред тие 11 години?!

    Лошо. Доволно е да ја споменам само територијалната поделба, со која Албанците станаа мнозинство, 100.000 државјанства, референцата, промена на знамето, илјадници, ИЛЈАДНИЦИ отпуштања од работа, затворени фабрики, никакви инвестиции, приватизација, некои прашања не заслужуваат одговор итн. Да не набројувам. Се што би кажала е негативно. Не е надвор од темата. Ами е ова едно од прашањата во воведниот дел.

    П.С. Ако нешто не можам да разберам, тоа е Законот за јазици од 2008 година. Иако е добро оправдан со Рамковниот. И Законот за јазици од 2011 година т.е измените во законот.

    Не можам преку Талат, кој со своите истомисленици ја инхибираше работата на Парламентот, а земајќи го како оправдување Рамковниот договор, кога беше предмет на расправа, Законот за бранители. Оти бил Законот спротивност на мултиетничка демократија. Жити се ТалатЕ Џафери. Каков циркус.

    Му направија супер кариера на истиов од погоре, крвникот од Вејце. Не можам никако да го сфатам како Министер за одбрана. Каква иронија.

    Во целата ситуација и ВМРО имаат вина. Многу погрешна одлука што потпишаа Пржински 1 и Пржински 2. Многу касно им текна на постулатите од прогласот.
     
    На kukla21, Rama, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Со ова најмногу се согласувам. Никогаш не сфатив зошто се носат странски, а буквално се уништуваат домашните.
     
    На Elen4e_sonce, Dust, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Ќе почнам од ,,реформите" кои во деведесеттите ги воведе СДСМ..

    Милионски загуби и фирми кои отидоа во стечај.
    Физикалци кои масовно и своеволно напуштаа работни места поради неисплатени плати.
    Млади интелектуалци кои во регресивниот цут на младата држава останаа без факултетско
    образование поради ниските примања и слабата можност за вработеност.
    Ужасно непринципиелен здравствен кадар кој врзуваше деца и стари изнемоштени и неподвижни пациенти на креветите во државна за да си овозможат пролонгирана пауза, (чиј сведок бев
    лично јас).
    Инкризација и прифаќање на митото и корупцијата како единствена можност за размена.
    Криминалот вон владеачките гарнитури беше многу пораспостранет од денес..

    Кулминацијата, или крајниот резултат од сето ова беше осиромашување на поголемиот дел од населението кое иронично продолжи со доаѓањето на ВМРО, со таа (единствена) разлика што се сузби криминалот надвор од Власта, по цена да профитот од илегалните активности да продолжи да оди исклучиво во џебот на новата владеачка гарнитура.

    Гледате разлика?
    Едните почнаа, другите дебело нѐ докрајчија.

    Но, ВМРО имаа прилика да направат реформи.
    Ако не во првите 3-4 години, во останатите седум имаа реално добри шанси да нѐ издигнат од пепелот, а тие наместо тоа што направија?
    Само молкум го продолжија јазот на бедата, стварајќи слоевита компетиција, доведувајќи нѐ до просјачки стап. Ама пазете, не сите.
    Па така, додека едни не можат да си платат возачки испит, други паркираат по два одлично опремени автомобила по најнова модел марка во гаражата.
    Додека едни прават компромис меѓу денешниот ручек и приборот за пишување на детето во училиште, други од аздис се луксузираат уплаќајќи некакви бесполезни спа третмани во детски/бебешки бањи.
    Додека едни магистрираат и партиски се трудат да најдат работа (зошто е тешко или не може на друг начин) кои на крај не ја ни добиваат, други со основно образование работат на шалтер или администрација.

    Најшокирачкиот момент е што после неколку месеци е сеуште така. СДСМ наместо да се позанимава со реалните проблеми на населението внатре во државата, тие се занимаваат со надворешна политика и историја на мртви луѓе од кои немаме апсолутна никаква корист, додека лебот и понатаму трпи..
     
    На CameliaMiller, Victorian, friendy и 4 други им се допаѓа ова.
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    8.444
    Ај кажи ми жити се кој домашен бренд и стопанственици ги имаме, а биле уништени или маргинализирани со странскиве инвестиции?
     
    На kukla21, Bitter-Sweet и carangigia им се допаѓа ова.
  8. hunter26

    hunter26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Машки
    Јас сум симпатизер на ВМРО и можеби пристрасно гледам на некои работи ама сакам што е можно по објективен коментар да дадам за нивното владеење.
    Точно е направија многу големи грешки и се имаат натоварено неколку поединци, но според мене нема власт тоа што не го прави.

    Друга многу важна работа е што луѓето заборавија како беше порано, неколку примери ќе наведам:

    Јас додека студирав на правен факултет приватната квота беше 800 евра, а пример на стоматолоши и фармацевски мислам беше 1200 евра еден период. Во време на ВМРО се намалија квотите и сега највисоката квота за приватно финансирање 400 евра, и тоа не е малку. Замислете колку семејства има што овозможиле за нивните деца да плаќаат по 400 евра годишно, а доколку останеле старите квоти немале да ги запишат децата на факултет. Ама тоа сега никој не го памти.

    Исто така додека учев средно моите одвојуваа секој месец по 1000 денари за средношколска карта во ЈСП, или годишно 9.000. Сега тоа е не се наплаќа и замислете сега колку семејства има со по двајца средношколци.

    Да не збориме за земјоделците, за пензионерите, за платите во администрацијата, за визната либерализација, за преведените книги (кој ги разгледал знае за што зборувам, феноменален проект ама соросоидите се фатиле за некоја погрешна преведена реченица од толку купишта книги), да не зборам какви беа улиците низ Скопје, автобусите, жичницата на водно чија идеја е стара околу 40 години, за проектот „Мој термин“ кој што точно е дека има некои фалетинки ама во глобала функционира. Тука е и покривање на инвитрото, изградба на на нови 74 училишта (инаку нема податок дека од независноста до 2006 година е изградено ново училиште),... и има уште многу голем број на позитивни работи.

    За иселувањето не ги обвинувам затоа што според мене сега мобилноста на луѓето е многу поголема него пред 20 години, и исто така јас имам неколку пријатели кои се иселија и интересна работа сите имаа добро платена работа, кој приватна кој државна, ама ниту еден од нив не се исели поради трпење за леб.

    Но се случи тоа што се случи, излегоа разговорите и сите слушнаа што се правело, што всушностго прават сите останати.

    А за сегашнава предавничка власт немам коментар, и верувам дека ВМРО имале огромни притисоци од сите соседи и од ЕУ и САД, кои сега си најдоа пулен што ќе им ги оствари нивните интереси, на сметка на нашава кревка држава. Во таа насока за деценија или две, ќе видиме кој постапувал правилно кој не, ама едно сум сигурен а тоа е дека историјата ги памти хероите и предавниците, а не криминалците.
     
    На Bitter-Sweet, Rama, Abeja и 4 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Не знам, еве за мојата област ќе зборам. Имаме голем број на домашни софтверски компании за кои владата не дала ни денар, а отвори врата на огромен број странски со промоција на евтина работна рака.
    Можеби да се стимулирале домашните компании би излегле и нови. Колку плата земаат и во какви услови работат вработените во производствени погони на новоотворените компании? Минималец со пелени затоа што не смеат ни во тоалет да отидат. Сите човекови права им се нарушени, а владата не смее да превземе ништо затоа што толку им дала гратис да овие можат без око да им трепне да се спакуваат и да си отидат во било кое време. Ослободени се од персоналножи даноци на вработените, пари во пензискиот фонд од нив не влегуваат, ама кога дојде ред овие да земаат пензии - битно некој друг ќе биде на власт.
    Како што реков, сите решенија им се краткорочни, изгледаат убаво на прв поглед ама никако не се разработени. На крај - повеќе штета отколку корист.
     
    На Dust, cresa-jagoda, +++ и 2 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Убаво што ме потсети.
    Сум имала "чест" да видам добар дел од книгите за мојата струка и поседувам неколку кои сум ги добила како награда од факултетот за одредени досригнувања. Во преводот не се вклучени експерти од соодветната област, преводот на стручните поими нема никаква врска. Ни една книга не ја искористив, секогаш си симнував електронска форма од книгата на англиски и учев на компјутер.
    И професорите, кои патем беа сите за ВМРО, секогаш ни препорачуваа да учиме на англиски, освен ако ептен не разбираме.
     
    На Mishela, cresa-jagoda, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Тоа што отвориле факсови во Ресен и Прибилци? Wow...
    Znaeneto e moc znaeneto e sila !

    Who the fuck cares за некојси војвода или комита во 2017.
    Се тоа фино што се борел и загинал или како и да завршил но низ вековите на отоманското владеење ако се собере вкупно тука имало десетици илјади комити и војводи. И што сега на сите треба споменици да им се градат?

    И така фино ќе го изградеа за 10,000 евра а ќе наплатеа од буџет 100.000.
    90.000 во џеб, комитата ќе си зеленее, рајата ќе се труе во најзагадените изговори за градови во Европа а на сендвичите ќе им се даде уште еден сендвич со растителен и посебна...
     
    На Elen4e_sonce, ЈеленаЏиш и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.355
    Пол:
    Машки
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    6.301
    Пол:
    Женски
    А во Ресен нема ли млади луѓе или треба сите да се селат во Скопје и тука да учат? Немаат сите финансиски можности да студираат во друг град или едноставно не сакаат. А, во селата не треба ли да се вложува за луѓе повторно да живеаат таму? Убав проект имаше ВМРО од град во село.


    If you don't care за НЕКОЈСИ војвода или комита I care. И има уште многу такви како мене. И јас би сакала за секој војвода да се изгради по еден споменик и не ми е важна цената. Пошто тие луѓе загинале верувајќи во своите идеали за слободна и независна Македонија. Не жалеле да го дадат својот живот за Македонија, а ти тоа би го направил ли? Сега ќе ти дадат боја пак да фрлаш врз тие споменици, а и провери дали ги намалиле цените на зајачко месо или бесплатно ќе ви ги даваат на протестите ;)


    Еве ти едно писмо на Христо Узунов кој и го напишал на својата мајка пред самата смрт. Можеби ќе увидиш некои работи, ама искрено не верувам

    Мила ми мајко,

    Јас сум прв твој син и мој долг е да бидам околу тебе, за да не чувствуваш потреба од ништо. За твојата беспределна љубов, за илјадите неволи и сраданија, за безбројните бессони и машителни ноќи, поминати некогаш над леглото над твојот мал, слабичок Луле, јас должам најголеми грижи и неизмерна синовска љубов. Но, можам ли, кога ги чувствуам болките на нашата измачена Татковина, да не се оддадам со љубов на најверен син на нејзиното свето дело?

    - Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас - без ни најмалку да те навредувам - се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила.

    Те молам - во името пак на моите свети чувства кон тебе - да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги”

    Христо Узунов
     
    Последна измена: 15 август 2017
    На Bitter-Sweet и Rama им се допаѓа ова.
  14. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Горе-доле сите ги наведија тие работи кои беа најмногу негативни од претходната власт, јас тука би ги додал исто така и извршителите кои безмилосно и немилосрдно ги дереа тие кои воопшто немаа. Јас лично од нивното владеење не осетив новчаникот да ми е подебел а верувам дека и останатите исто така. Ако има некои такви тогаш добро али повеќето не го осетија ова. А јас за напредок го сметам само кога ќе се зголеми стандардот наш зошто сепак на сите нас на прво место ни е стандардот отколку некакви си споменици и автобуси за лебарки преку кои се исперени милиони и милиони евра од нивна страна. Сите тие „добри“ работи што ги направија служеа само за да се засити со нешто гладниот стомак на просечната FYR-овца која за жал и понатаму е гладна.
     
    На Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Шо бидна со ВМРО до гроп?

    Искрено го искрадоа народот, испраа пари, ги избркаа младите, го унаказија Скопје, го разболеа народот.
    И новиве нема да се нишо поарно, само се надевам ќе имаат повеќе усул, исаф, мерка.
     
    На Mishela, cresa-jagoda, +++ и 2 други им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Немам потреба од многу филозофирање, значи вака во кратки црти...хм...

    Оставија зад себе покојната влада, едно безредие, беззаконие, општо лудило, разочарување, пропадната надеж, вишок споменици, вишок цркви, вишок бродови, вишок фонтани, вишок бетонски фигури, закржлавени палми....весели прошетани и провозени избањати пензионери...и то8-|8-|
     
    На Elen4e_sonce, ЈеленаЏиш, Sesil и 3 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    На cresa-jagoda, Sesil, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. anonimus-mk

    anonimus-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Машки
    конечно треба за НАРОДОТ и ИНТЕРЕСИТЕ на ДРЖАВАТА да се работи во вистинска смисла на зборот безразлика на власта .........а не да се изнаоѓаат маркетинг методи како ќе се ,,шминкаат работите,, да изгледаат како што некој наумил а се надвор од реалноста.,,најдобрата влада е онаа влада која владее 4години,, ....темелите конечно треба да се градат како што треба за потоа да се изгради економија која ќе се пофали вистински со факти реално дека тргнале работите на прав пат и тоа да биде континуирано . дипломатијата да работи во права смисла на зборот . ......келнер/ка од Малта со високо образование кога нејќе да се врати вика подобро ми е нема што да се коментира повеќе...:| ;)
     
    На TRANSPORTER086 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    133.051
    Пол:
    Женски
    Дел од поголемите ,,инвестиции,, во изминатите 11 години

    - Жални врби во Вардар за 250 000 ЕВРА

    - Споменик на Прометеј за 2,3 МИЛИОНИ ЕВРА, инаку грчки митолошки јунак, кој нема никаква поврзаност со нашата култура

    -Рингишпил од 160 000 евра

    - Потрошени вкупно 560 МИЛИОНИ евра до 2015та на проектот ,,СКопје 2014,,. За ова имаше и едно врло интересантно објаснение. Коа иделе туристи немало кај да се сликаат |(|(|( па ајде споменици изградија. На толку мал простор толку многу споменици едино на гробишта има.

    -Дом за слепи, кај што нема слепи


    Нашето здравство стана едно од ,,најдобрите,, во Европа и регионот и функционира вака

    - се затвараа одделнија

    - долги процедури со трагични исходи

    - ургентен центар како од хорор филм

    ,,Најдоброто,, здравство уз слики

    Screenshot_1.png
    Оддел за физикална терапија, Штип

    17506408_1435171673187323_627772717_n.jpg
    Клиника за очни болести, Скопје

    Screenshot_2.png
    ЈЗУ Струга


    Screenshot_3.png
    Интерно одделение, Битола

    Screenshot_4.png
    смртност на новороденчиња
     
    На Elen4e_sonce, galapce, Црна Ружа и 17 други им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.988
    Допаѓања:
    233.306
    На galapce, boomsleng, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.