1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

11 години владеење на ВМРО - Што оставија зад себе?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од referentka, 14 август 2017.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @kukla21 никој никогаш нема кажано колку пари им дала државата и колку вложиле. Имаше едно истражување дека приходот што за 2 години некои од тие фирми го направиле бил 10 пати поголем од трошоците. Евтина работна рака чуда прави.
     
    На Јаневски, mira.mira, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Хахахаха :)
    Се неписмен народ. Има Закон за Државна помош. Еден од сдсм или новинар да го земеа да го прочитаат, ќе знаеа точно со колкави износи се "помогнати" сите ФДИ. Ама полесно е да се шири пропаганда.

    ПС. Знам за кое истражувањр зборуваш. Паушално изведено. Можам за сите фди да пресметам кок колку добил мн.лесно.
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @kukla21 не реков дека знам во какви услови работат фирмите во зоните, знам дека едни вработени од една таква пред недела дена протестираа затоа што работеле по 24 часа во 2 дена. Ако веќе прават договори со влада, можат барем такви злоупотреби врз работниците да се контролираат.
     
    На Tanjamm, Sesil и Gosh им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Пријави во трудова имало ли? Гарант не. Секој се плаши и чека друг да му заврши работа.
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Сите се плашат да не останат без работа. Секаде.Кој гарантира дека трудова ќе си ја завршела работата? Инспекциите па едно што ни работат :?:
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Па ако така гледаш на работава, тогаш да ги затвориме сите инспекции, и само ако некој пријави, да се соберат двајца и да одат да проверат...

    Треба редовни инсепкции и казни, воопшто да нема причина некој да пријави нешто...

    А не да се префрла вината на некој кој едвај нашол работа да ја прехрани фамилијата, па ќе трпи за леб...

    Срамота.
     
    На Јаневски, cresa-jagoda, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  7. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Ништо не функционира во оваа посрана држава. Еве ти еден пример, имам тука еден комшија му беше личен возач на Тодоров додека беше министер за здравство и му работеше непријавен и неосигуран, го малтретираше како што ќе му текне така, а верувам дека тој не е единствениот случај. И ти што да очекуваш после од држава каде под државна капа не те пријавува и не те осигурува? Таа да те заштити од приватните сопственици? :)
     
    На Gosh, cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    А кога има најавени инспекции знаеш како функционираат фирмите? А знаеш како реагираат инспекторите по дојава? Сте биле во таква ситуација па само критикувате?

    Една ластовичка пролет не прави, ама 2000-3000 вработени на штрајк и те како прават. Работникот не е толку "јаден" колку што е "јаден" нашиот синдром - "јас ќе си ќутам" - жали се ти. Ако бидне нешто и јас ќе ќарам, ако не "јас ништо не знам".
     
    На Espadrila, theowndemon, Dadusicka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Знам. Затоа и не ми е јасна таа моронштина ,, НАЈАВЕНА ,, инспекција.

    Инаку кај нас нема многу фирми со по 2000 вработени. Ете они нека прават штрајк, и ќе се спасат. Нека штрајкуваат 100 души, одма ќе летаат од работа и нови ќе се вработат.

    Оти невработеноста е голема, а законот никој не го е*е. Првично оние кои треба да го спроведуваат. Али работниците се криви...(fingers)

    ЕДИТ: Кај инспекциите најбитно е буџетот да се пуни со пари, па и инспекторите да лапнат нешто. Работникот кој го врти.

    Затвараат дуќан на две недели и 2000 евра казна за 30 денари плус у каса, а на робовласнициве уште и да понудат безпари да им работиме.
     
    На Elen4e_sonce, JuLleE, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Збориме за странските инвеститори. Кај нас најголеми прпблеми се знае која странска инвестиција има со вработените. Е таму има 2000+ вработени.

    Платата на вработените по зоните не ја одредува владата, туку пазарот. Ако сите се спремни да работат за 9000 денари, тоа е пазарот. Ниту една влада не работи вистински да ја намали небработеноста и да ја живне економијата. Само со вистински мерки овие 9000 ќе станат 30.000.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нема пропаганда, има реалност.
    И колкав е износот, може да дознаеме конечно? Ама со бројка а не со реплика дека имало закон. Ајде конечно да видиме колку се потрошило :D
    А знаеш што е дискреционо право?

    http://24vesti.com.mk/dogovorite-so...drzhavna-tajna?quicktabs_popularna_sodrzina=2

    Тек допрва треба да се дознае што и како и кои се сумите.

    Значи висината на платите не зависи од власта но со мерки на власта ќе се зголемат платите. :x
    Alright then...:)
    Само што најголем работодавец е власта, регулатор на правилата на игра е власта, најголем играч на пазарот на труд е власта...

    http://trends.knack.be/economie/bed...kent-verlies-maken/article-normal-559225.html

    Кликни на транслејт, еве ти оргиналната изјава во белгиски магазин на газдата на Ван Хол дека добиле 17 милиони евра субвенција на старт од владата, па сеа види ти законот ова она...:devil:
     
    Последна измена: 23 август 2017
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
  13. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  14. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Ве поздрави Таравари од касапницата во Штип:
    http://www.24vesti.com.mk/taravari-spodeli-fotografii-od-uzhasnite-uslovi-vo-shtipskata-bolnica

    А верувам дека во многу градови низ Македонија има вакви касапници. Инаку зошто да градат болници во другите градови кога поголемиот дел од FYR-овците живеат во Скопје. Подобро тука да перат мозоци него ли надвор, тие што живеат надвор од Скопје се колатерална штета.
     
    На Tanjamm и Gosh им се допаѓа ова.
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ете излегоа и тие мистериозни цифри за странски инвестиции, директ 225 милиони од наш џеб, неплатени давачки од 69 милиони евра и најмалку 130 милиони за рекламирање.
    А тек каде се сите тие советници платени по 7000 евра месечно а пастирот ги имал десетици, сите тие промотори кои висеа по странство со години на кои им се плаќала кирија, трошоци и све...

    Секако сумата може да достигне половина милијарда евра на крај :devil:

    Значи е многу повеќе од процената од 25.000 евра по вработен.
    Ако се земе дека 9.000 биле нововработени а 11.000 веќе имале работа тогаш е уште потрагично.
    Истовремено, странските инвеститори употребиле само 1% од средствата за работа со овдешни фирми и добавувачи :D

    Значи нареден пат коа купувате лименка Кока-кола сметајте дека плаќате 25 наместо 20 денари за да со таа разлика меѓу другото се плаќаат странски профити и пропагандата на мвро како и нивната инцестоидна армија паразити.
     
    На Nausicaa, Someonespecial, Elen4e_sonce и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Џабе пишуваш, они им љубоморат на советниците шо земале 7000 евра и мислат дека им љубомориме на седење и земање плата.
     
    На Nausicaa, mira.mira, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    [​IMG]
    ...СЛИКАВА...ќе ја наречам ,,највеЧи другари,,:)
     
    На DAngel, Someonespecial, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    [​IMG]
    Ова е ветеното

    А ова стореното
    [​IMG]

    И колку што знам пак се кандидирал:lol::lol::lol:
    Ај...може ќе го направи АКО се најде некој да го гласа:D



    Да дополнам, ама во спојлер, на кој му се чита-нека повели, кој несака, само насловот е доволен
    Кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски потрошил вкупно 38 милиони евра за пропаганда и кампањи емитувани на електронски и печатени медиуми во Македонија.

    Ова го соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Станува збор за кампањите за трето дете, против абортус, Истражи ја Македонија, денови на идеи, на дрво, на храна…, но оваа обрјока не еконечна со оглед на тоа дека во засега утврдените 38 милиони евра не се земени в предвид годините 2006, 2007 и 2016 година.

    Според Бошњаковски, нејасни се критериумите како се префрлани парите и веројатно сумата е многу поголема со оглед дека не се пресметани парите за кампањите на одделни министерства, туку 38. милиони евра ја покриваат само медиумската индустрија на Кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски.
    – Најмногу, 23 милиони евра, се за реклами во електронски медиуми, 15 милиони евра се потрошени за кампањи на неколку маркетинг агенции и за огласи во неколку печатени медиуми, а двесте илјади евра отишле за истражување на јавното мислење, информира Бошњаковски, напоменувајќи дека граѓаните сами ја плаќале пропагандата која се вршела врз нив.


    Убила нас туЏа срамота:bandit:
     
    На DAngel и Nausicaa им се допаѓа ова.
  19. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Vmro ne se na vlast 11 god tuki 9 od koi dve sds imase ministri vo vladata zaedno so vmro
     
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Уште полошо....за помалку години успеале да упропастат и искрадат.
    Умешни се, нема што
     
    На boomsleng, theowndemon, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.