1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

11 години од масакрот во Вејце

Дискусија во 'Политика и настани' започната од esperanca, 28 април 2012.

  1. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Поминаа 11 години од масакрот во Вејце.
    Нека им е вечна слава на нашите херои, кои го дадоа својот живот за да денес ние живееме мирно. Но за жал некој тоа многу брзо го заборави.
    А голем срам за државата која денес не им оддаде почит на МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ, пред споменикот во Скопје.


    Инаку нашето гимназиско училиште во Каменица го носи името по нашиот херој Миле Јаневски-Џингар.
    Вчера го прославивме патрониот празник на училиштето, а истовремено му оддадовме голема почит на нашиот голем јунак Миле и положивме свежо цвеќе пред неговата биста во Каменица.
    Секоја година во негова чест во Каменица се одржува и меморијален турнир во фудбал.
    [​IMG]


    Вечна ви слава ХЕРОИ НАШИ, никогаш нема да ве заборавиме.

    http://mak-tifo.mk/index.php/novosti/70 ... odini.html
     
    На makedonkamak и inna89 им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.244
    Имате школо што носи име по загинат војник од 2001?Браво. Никогаш нема да ги заборавиме...
     
    На игор. и esperanca им се допаѓа ова.
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    ете вчера, веќе и 13 години поминаа од Масакрот во Вејце.

    Ретко кој се сети, ретко кој обележа и им се поклони.
    Се побудалеа по изборната треска и калкулации, а заборавија дека денес се тука затоашто многу млади деца веќе не се со нас.
    Се прашувам зошто! Имаше ли потреба да гинат луѓе, толку млади!
    Зошто? За кого? Вредеше ли? За кои идеали?

    НЕКА ПОЧИВААТ ВО МИР!
    СЛАВА ИМ!


    http://libertas.mk/%D0%BE%D0%B4%D0%B1%D ... %B5%D1%98/
     
    На игор. и okcenzi им се допаѓа ова.
  4. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Jaс исто така бев згрозена од фактот (уште сум) што Македонија никакво достоинство нема. Што не може на еден достоинствен начин да им искаже почит на овие македонски херои кој животот го дадоа за Македонија. Таа истата Македонија за која ја платија највисоката цена-нивниот живот, вчера славеше и немаше време ништо вредно и достоинствено да направи за името на овие млади лица. Се славеше за победата на оние лица кои денес им се умилкуваат на терористите т.е оние лица што го направија тој масакар. Жалосно Македонијо.
    Вчера цело пладене сум плачела како дете мало, гледајќи ги остатоците и грозоморните слики од нивните презивеани маки и изживувања. Овие херои имаат семејства, како тие и со која болка виделе што некој им направиле на нивните синови. Трагедија луѓе, голема. Гледав вчера и размислував до кој степен сме дојдени ние како држава. Вчера од прозор слушав и се нервирав, ДУИ со жива музика славеше вчера во мојата улица. Додека сите славеа вчера , Македонските бранители никој не ги ни спомна. Вмро и Дуи славеа, а некој плачеше и се сеќаваше на тој кобен ден. СРАМОТА ВРВНА! Ке ми замерите на коментарот, но ние Македонците не заслужуваме држава. Македончето исплука и им се измо*а на сите оние кои се заслужни да ние живееме слободно денес. Трагедија тоа е луѓе, а кој да ја види? Малку се тие што гледаат.
    Срам ми е да кажам дека живеам во земја каде не се почитуваат вистинските вредности.
    Имам видеа постирано во тема-сакам да кажам, погледнетеја вистината за тој кобен ден. Стравотна глетка, но за голема жал вистинита и реална.
     
    На игор., Psihologue, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    јас го прочитав насловот од темата : 11 години од макарско во веце :tmi: :tmi:

    Лесна им Земја Нека почиваат во мир :bow: :bow: :bow:
     
    На игор. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Ах сироти да знаат зошто и за кого загинаа
     
  7. игор.

    игор. Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2018
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    за сите нас загинаа.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zhukov

    Zhukov Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2022
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.229
    Пол:
    Машки
    28.04.2001 - 28.04.2022 за некого како вчера да беше меѓутоа за некого тоа е цела вечност. Слава им.
     
    На Ugly Duckling и Hotly им се допаѓа ова.
  9. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.490
    Допаѓања:
    41.856
    Пол:
    Женски
    21 година.
    Мала бев, но се сеќавам низ што поминавме сите тогаш.
    Никогаш да не се повтори. Вечна им слава.
     
    На Zhukov му/ѝ се допаѓа ова.