Кај мене нема поврат се уште. Имаше 2 мејла напишани во темава, на кој треба да се пише за оваа проблематика?
Па сега почнаа да ги пуштаат, има време до крај на месец, ќе пуштат, рано ти е да праќаш било какви мејлови. И јас немам, ама и минатиот пат меѓу последните земав.
Што ако сметката е свиткана и мастилото каде што е кодот е избледено? Не сака преку телефон, знам дека има некаков апарат кај ујп, ме интетересира дали некој бил до сега таму? Се работи за поголема сума над 3000 денари. Како пди отчитувањето?
Дали знаете кога ги исплаќаат вонредните? За месец април, мај и јуни имав внесено погрешна трансакција и ми ги закочија ептен. Кога и пишав ми рекоа во вонредна исплата. Сега скоро пак и пишав истото ми го велат и јас ги прашав дека и претходниот пат истото ми го рекле и да ми кажат каде да се обратам да се пожалам и еве ден денеска ги нема да ми вратат а исто и од парите абер нема. Дали да се откажам од нив или?
Што е постапката ако ни ги немаат исплатено уште? Кај мене нема за окт-дек , не верувам дека утре баш ќе стигнат . Немам скенирано претходно , од октомври почнав..
И кај мене нема уште, мислев денес ке ги префрлат бидејќи е последен работен ден од месецот ама ништо. Прв пат е вака, до сега меѓу првите ми префрлале. Пратив маил ми рекоа дека ке префрлат. А тебе ако ти е прв пат прашај да не има некаков проблем.
Ми вели на страната повратот е во фаза на подготовка. Кога би требало да очекувам? Им пишав завчера меил ама немам одговор уште.
Го претераа овој пат. И кај мене го пишува истото, но исплатата требаше да биде до крај на месец феб.