Не! Највеќе до 1800 ден има поврат. (иако во нивната предизборна програма лани, ветуваа дека ќе го зголемат лимитот до 2500 ден )
Дали има некој на кој уште му немаат исплатено? И до кој датум треба да се чека пред да можам да им пишам на меил дека немам добиено исплата?
До 31ви мај трае, и кај мене нема. Би требало да продолжат, прв пат да не ми исплатат до крајот на месецот.
Ве молам за информација, сега на ППД видов дека имам внесено грешка трансакциска сметка, сега ја поправив, каде да пратам маил да ги известам ?
Феминки дали некоја си имала проблем при логирање после регистрација? Мене ми излегува "не е дозволена најава на неодобрен корисник". Ја добив барањето за регистрација и знам дека мора лично да се достави до ујп но при регистрирање немаше форма да се дополнува адреса на живеење и знам дека без пополнета адреса во барањето не ги примаат во ујп. На меил не враќаат.
На страната на ППД ми пишува „повратот е во фаза на подготовка.“ Што им значи ова? Па нели до 31ви им беше рокот. Не знам дали да им пишам мејл.
Нема многу врска тоа, кај мајка ми се уште стои така на ППД, а парите се пуштени на сметка, провери си најубаво на банкомат.
На страната на ППД може да провериш дали е во реализација или ти се пуштени, ама во многу случаи пишува дека е во реализација, а веќе се пратени парите на сметка. Зависи..