Ко што кажа Алиса, фискалната треба да е 30000 ден максимум, вкупниот збир на месечно ниво не е ограничен, но максимум што можеш да повратиш е 600ден месечно, односно 1800 ден на тромесечје/7200 ден годишно. Доколку се надмине лимитот од 600 ден месечно остатокот ќе ти се префрли во наредниот месец во рамките на едно тромесечје. Ако сметаш дека ќе направиш повеќе од 600ден направи друг акаунт на мт и продолжи таму да скенираш.
А што ако бар кодот на фискалната не се чита/односно ако не е испечатен како што треба, па неможе да се скенира? Дали има друг начин да се внеси фискалната сметка? За ова никаде не најдов одговор.
Пробувај повеќе пати, имав 2 такви фискални бледи и оштетени на почеток не ми ги примаше ама бев упорна по 2-3 дена и 30тина пати скенирање ми ги прими. Инаку еве во прилог фајл со одговори на најчесто поставуваните прашања има и за ова.
Почнивајќи со скенирање на сметките од 1ви јули со износ од околу 30.000 месечно и така секој нареден месец.Колку би дошло исплаќањето во декември?? Од сите месеци од јули наваму по 600 ден(во просек земено)? Тоа се 6 месеци по 600 ден =3600 ден исплата на трансакциската во декември?
Сè зависи од тоа што пазаруваш и колку ДДВ има на сметките. Ако тие 30000 ден се само храна која е со 5% ДДВ ќе добиеш само 225 ден повраток месечно.
ј анезам кај ги наогате тие со5 посто на секоја фискална имам прмер 5ден данок од 5посто а 100 ден од 18посто муабетото ми е дека со 5посто се малце производи
Не се баш малце производи со 5%. Доста добар дел од храната е со 5%, лекови/суплементи исто се со 5%. Пијалоци, цигари, хигиена се 18% Облека, техника, мебел, предмети за домаќинство се 18%. Е према тоа на што трошиш најмногу пари зависи и колку повраток ќе оствариш.
Како кај ги наоѓаме??? Цела храна е со 5%, гледај од страна на секој артикл дали е означен со А или со Б, А се со 18%, а Б се со 5%. Ако не купуваш храна тоа е друго.
И што демек ние сега ситни риби со минимална плата ако скенираме 20 000 месечно а земаме 12 ќе ни дојдат полицајци на врата и ќе не земат во станица и ќе не мачат дур не признаеме од кај ни е екстра приходот? Ако јас живеам со баба и дедо и стандард немаат тие смартфони и ми даваат мене сметки јас да си ги скенирам, или едно семејство на еден профил си скенира, или си земам фискални од каса пример еден куп на каса оставени и јас оп ги земам и си скенирам. Или странци роднини се што купуваат ми даваат фискални, или на работа ај најмала си земај ги сметките скенирај ги од секој ден сите што купуваме за јадење? Нема смисла, зар истраги ќе водат за секој еден дали е вистина за фискалните? Не верувам во ова воопшто. Финтата е да се даваат фискални и луѓето да не купуваат од оние места каде не даваат фискална.
Ааау сега ова на ујп го прочитав. Глупости не скенирам веќе, одма ја бришам апликацијава, за 300 денари да влезам во беља...
Како ке докаже некој дека не сум купила јас храна за дома туку туѓа е сметката ? Ке ми дојде дома да види во фрижидер дали имам патлиџани и кисела вода? Може на баба ми сум и пазарела...па јас сум си ја скенирала сметката Тоа се однесува на луѓе кои имаат допир со службени фискални сметки. На пример, работиш во сметководство.Полнат шофери гориво за службени коли а ти си ги скенираш.Притоа со секоја фискална сметка од Лукоил издаваат сметкопотврда за наточеното гориво. Е тоа е казниво. Или се купува 15 кг кафе, 5 кг шеќер...50 пакети тоалетна хартија (за службени потреби) а ти си ги скенираш како да си купила ти.
http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/povlasteni_danocni_stapki еве што се е со 5% данок На првиот линк има што се од прехранбените продукти е со 5% да, биди упорна ќе ти ја скенира
Без проблем. Не е до тоа што е КАМ, туку баш од тој КАМ кадешто пазариш, има расипан фискален апарат ако се оштетени бар кодовите
И кај нас во Кам се катастрофа фискалните апарати, ги оштетуваат баркодовите и тешко поминуваат на скенер. Биди упорна ќе ти ги прими и тие.
Никако не можам да се регистрирам на апликацијата. Досега немам поднесено за данок во УЈП а ми бара е- маил со кој сум се регистрирала таму. Со која адреса можам да се регистрирам?