Ја заборавив лозинката од Мој ДДВ апликацијата, има ли опција да сменам лозинка? Барав, но не можам да најдам.
јас цело време тука проверувам никакви податоци немаше. Сега гледам ова ми излезе Дали тоа значи дека има исплата или е во тек? Петокот проверив немаше
Сега е во фаза на подготовка, после следува во тек е реализација на повратот и тогаш веќе треба да има пуштено. Мене кога ми пишувало дека е реализација често сум имала веќе пари на сметка, и после неколку дена се смене во реализиран поврат.
Јас си имам e banking, по практично од тоа нема. Си проверувам на него секогаш и ако има трк до банкомат.
Дали навистина не смее да имаш број на трансакциска сметка на некој друг, пример мојддв е со мое име а трансакциската е на брат ми? Не знам каде го читав оваа, дали некоја од вас имаше ист случај?
Не може профилот да гласи на твое име, а парите да ги пратат на трандакциска на твој близок. Така на профилот на мајка ми наместо нејзината трансакциска сме ја ставиле трансакциската на сестра ми, па додека не ја поправивме грешката не ги пратија парите. Во последен момент, на крајот на месецот кога ја сменивме трандакциската парите веднаш ги префрлија на сметка.
Епа ова не сум знаела, ја ставив трансакциската на брат ми за да знаеме кога ќе ги префрлат парите пошто тој има е-банк апликација. Дали ако не ми ги пуштат сега ќе ми ги пуштат во ноември заедно со парите на ова тромесечие или ќе ми бидат изгубени?
Мислам дека ќе ти ги пратат сега кога ќе ја смениш трансакциската. Така беше кај мајка ми за ден два од кога ја сменивмр и стасаа парите.