Од пред 2 недели пишува дека реализацијата е во тек и на сметка уште нема . Додуша што да се очекува од ваква држава каде плати пензии и породилно не легнуваат навреме не па ова.
100 пати препроверив дали точно сум ја пишала трансакциската сметка. Се што ми стига на трансакциска со картичка повлекувам. Сега нема ништо
На 26.08 ми пишуваше "во тек е реализација на повратот", денес проверив ми имат пуштено, значи за 4 дена. Таму сеуште пишува "во тек е реализ..."
Така и на мајка ми и стоеше долго време и денес и пуштија. Кај мене и мм не стоеше ништо, а ни пуштија пред 2 недели скоро.
Јас почнав да скенирам сметки од јули. Не сум во тек како се врши исплатата. За кои месеци ви пуштаат поврат?
Јас почнав од мај, за тоа тромесечие (април, мај, јуни) требаше да пуштат сега во август. На некои и пуштија порано, на некои сеуште и немат пуштено.
Дали ако го надминам лимитот за едно тромесечие, сумата автоматски ми се префрла во другото тромесечие? Пример за 7-8-9 месец веќе имам надминато 1800 денари, дали да продолжам да скенирам?